Дела на светите апостоли: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16: Ред 16:
== Опис ==
== Опис ==


Во Дела на апостолите најмногу се обрнува вниумание на [[Ширење на христијанството|ширењето на христијанството]], излегување на [[Светиот Дух]] во денот на [[Педесетица]] до пристигнувањето на [[апостол Павле]] во [[Рим]] по околу 30 години, и организирањето на првите ранохристијански црковни општини не само во [[Ерусалим]] и [[Палестина]], туку и пошироко во [[Мала Азија]], [[Македонија]] и [[Хелада]]. Овој период претставува важен дел од [[Историја на христијанството|историјата на христијанството]] главно поради тоа што истото пристигнало во скоро сите делови на тогашниот познат свет.
Во Дела на апостолите најмногу се обрнува вниумание на [[Ширење на христијанството|ширењето на христијанството]], излегување на [[Светиот Дух]] во денот на [[Педесетница]] до пристигнувањето на [[апостол Павле]] во [[Рим]] по околу 30 години, и организирањето на првите ранохристијански црковни општини не само во [[Ерусалим]] и [[Палестина]], туку и пошироко во [[Мала Азија]], [[Македонија]] и [[Грција]]. Овој период претставува важен дел од [[Историја на христијанството|историјата на христијанството]] главно поради тоа што истото пристигнало во скоро сите делови на тогашниот познат свет.


Главниот збор кој се употребува во книгата е сведок, кој збор е споменет повеќе од триесет пати. Еден од најглавните стихови е:
Главниот збор кој се употребува во книгата е сведок, кој збор е споменет повеќе од триесет пати. Еден од најглавните стихови е:

Преработка од 10:43, 16 март 2020

Дела на Апостолите е една од книгите која спаѓа во канонскиот Нов Завет, и кој се користи во сите православни и римокатолички, како е во останатите христијански деноминации како протестанти, јехови сведоци, адвентисти и.т.н.

Според научните истражувања, оваа книга се препишува на авторот на Евангелието по Лука, односно Апостол Лука. Како и според евангелието на Лука, така и Делата на Апостолите започнуваат со обраќање кон Теофил, кој според некои бил римски големец. Според некои тој бил римски судија на судот на кој требало да му биде судено на Апостол Павле.

Во целина, Апостолски дела немаат конкретен назив, бидејќи поголемиот дел од книгата се однесува на животот и делото на апостолите Павле и Петар. За разлика од нив, останатите апостоли се споменуваа само неколку пати. Според некои научници, адекватниот наслов на книгата бил Дела на Светиот Дух.

Автор и име

Денеска сѐ уште се дебатира околу тоа дали Лука бил авторот на оваа книга која се наоѓа во Новиот Завет. Отците на раната црква споменуваат дека Лука бил лекар, дека делувал во Антиохија и дека бил голем приврзаник на апостол Павле. Се смета дека авторот на евангелието по Лука е истиот кој ги напишал и делата на апостолите. Меѓутоа не постои консензус, па според Рејмонд Браун, сегашното мислење околу авторството на Лука е еднакво поделено меѓу истражувачите.

Името на насловот Дела на апостолите не бил оригинален. За прв пати ова име било употребено од страна на Иринеј Лионски во доцниот 2 век. Некои сугерираат дека насловот бил Делата на Исус или Делата на Светиот Дух, бидејќи во глава 1:1 се започнува со самиот Исус и продолжува околу она што Исус започнал и какво е неговото учење.

Најстариот досега познат примерок на „Делата“ е посведочен фрагментарно на папирус кој во науката е означен како П45 датиран околу 250 година, а пак, најстарата целосно сочувана верзија се наоѓа во т.н. Codex Vaticanus, датиран во околу 320 до 350 година. Делата на светите апостоли претставува единствениот новозаветен текст сочуван во два текстуални облици (верзии), западна (латинска) и александриска (страрогрчка). Притоа, науката, речиси едногласно, смета дека александриската верзија на „Делата“ е хронолошки постара и оттука единствено оригинална. Ваквото тврдење е прифатено и од страна на црквата.

Опис

Во Дела на апостолите најмногу се обрнува вниумание на ширењето на христијанството, излегување на Светиот Дух во денот на Педесетница до пристигнувањето на апостол Павле во Рим по околу 30 години, и организирањето на првите ранохристијански црковни општини не само во Ерусалим и Палестина, туку и пошироко во Мала Азија, Македонија и Грција. Овој период претставува важен дел од историјата на христијанството главно поради тоа што истото пристигнало во скоро сите делови на тогашниот познат свет.

Главниот збор кој се употребува во книгата е сведок, кој збор е споменет повеќе од триесет пати. Еден од најглавните стихови е:

...ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сè до крајот на земјата...

Според податоци на црквата, до крајот на т.н. апостолска ера, бројот на христијаните бил околу 500.000 верници.