Кузман Јосифоски-Питу: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 10: Ред 10:
}}
}}
[[Податотека:Споменик на Кузман Јосифовски Питу во Прилеп (3).JPG|мини|Споменик на Кузман Јосифовски Питу во родниот Прилеп]]
[[Податотека:Споменик на Кузман Јосифовски Питу во Прилеп (3).JPG|мини|Споменик на Кузман Јосифовски Питу во родниот Прилеп]]
'''Кузман Јосифоски - Питу''' ([[Прилеп]], [[23 јуни]] [[1915]] - [[Скопје]], [[25 февруари]] [[1944]]) — македонски [[комунист]], еден од главните организатори на [[Антифашизам|антифашистичкото]] движење ([[1938]]-[[1941]]) и на [[НОБ]] во [[Македонија]] ([[1941]]-[[1944]]).<ref name="NH">Народни хероји Југославије, „Младост“, Београд, 1975.</ref><ref name="ME">Блаже Ристески (уредник), Македонска енциклопедија (том I), МАНУ, 2009, Скопје.</ref><ref name="NHM">Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, стр. 157-161</ref><ref name="VZD">Кузман Јосифовски-Питу, Време–Живот–Дело (1915–1944), Зборник на прилози од научниот собир одржан во Прилеп, Скопје, 1995.</ref> Бил прогласен за [[народен херој на Југославија]] на [[2 август]] [[1945]] година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со [[Стеван Наумов - Стив]], [[Орце Николов]], [[Страшо Пинџур]], [[Христијан Тодоровски - Карпош]] и [[Мирче Ацев]]). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат ''Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев)''.
'''Кузман Јосифоски - Питу''' ([[Прилеп]], [[23 јуни]] [[1915]] - [[Скопје]], [[25 февруари]] [[1944]]) — македонски [[комунист]], еден од главните организатори на [[Антифашизам|антифашистичкото]] движење ([[1938]]-[[1941]]) и на [[НОБ]] во [[Македонија]] ([[1941]]-[[1944]]).<ref name="NH">Народни хероји Југославије, „Младост“, Београд, 1975.</ref><ref name="ME">Блаже Ристески (уредник), Македонска енциклопедија (том I), МАНУ, 2009, Скопје.</ref><ref name="NHM">Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, стр. 157-161</ref><ref name="VZD">Кузман Јосифовски-Питу, Време–Живот–Дело (1915–1944), Зборник на прилози од научниот собир одржан во Прилеп, Скопје, 1995.</ref> Бил прогласен за [[народен херој на Југославија]] на [[2 август]] [[1945]] година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со [[Стеван Наумов - Стив]], [[Орце Николов]], [[Страшо Пинџур]], [[Христијан Тодоровски - Карпош]] и [[Мирче Ацев]]). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат ''Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев)''{{факт}}.


== Биографија ==
== Биографија ==
Ред 32: Ред 32:
== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
{{CommonsCat|Kuzman Josifovski}}
{{CommonsCat|Kuzman Josifovski}}
* [https://kok.memoryoftheworld.org/Milorad%20Madic/Kuzman%20Josifovski%20Pitu%20_%20Putevima%20Pitu%20Gulija%20(883)/Kuzman%20Josifovski%20Pitu%20_%20Putevima%20Pitu%20Gul%20-%20Milorad%20Madic.pdf Milorad Madić, “Kuzman Josifovski Pitu”], Gornji Milanovac, 1974
* [http://www.cybermacedonia.com/bkjpitu.html Биографија на англиски јазик]
* [http://www.cybermacedonia.com/bkjpitu.html Биографија на англиски јазик]



Преработка од 22:27, 12 февруари 2020

Кузман Јосифоски - Питу
Роден 23 јуни 1915
Прилеп, Македонија
Починал 25 февруари 1944(1944-02-25) (возр. 28)
Скопје, Македонија
Споменик на Кузман Јосифовски Питу во родниот Прилеп

Кузман Јосифоски - Питу (Прилеп, 23 јуни 1915 - Скопје, 25 февруари 1944) — македонски комунист, еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944).[1][2][3][4] Бил прогласен за народен херој на Југославија на 2 август 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски - Карпош и Мирче Ацев). Поради својата неуморна народно-ослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ (Вториот Гоце Делчев)[се бара извор].

Биографија

Родната куќа на Кузман Јосифоски во Прилеп

Студирал на Универзитетот во Белград каде бил еден од предводниците на напредната студентска младина. Станал член на КПЈ во 1938 година. Бил еден од организаторите на студентско друштво „Вардар“ и на македонското национално движење МАНАПО. Oд 1939 година бил испратен на партиска работа во Прилеп каде бил поставен за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Бил организатор и учесник на повеќе национални манифестации и демонстрации за подигање на национално-револуционерната свест за продолжување на ослободителната борба против окупаторскиот режим. Поради несогласување со политиката на Методија Шаторов - Шарло бил исклучен од Партијата. Бил говорник на Илинденската демонстрација (1940), на која била барана промена на режимот, национално-политички права, ослободување на Македонија и др. Од 1940 година член бил на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

Учество во НОБ

По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје да раководи со борбата на македонскиот народ, во заднината на фашистичкиот окупатор. Упорен борец за создавање на самостојна македонска држава, во својата илегална работа патувал често пати во западните делови на Македонија, тогаш окупирани од Италија. Во текот на бугарската окупација на Македонија живеел илегално во населбата Буњаковец.[5]

Смрт

Спомен-плочата на Кузман Јосифовски во Козле

Во февруари му било кажано дека бугарската полиција дознала за неговата активност и тој морал да замине во партизани. Но, при обидот да го напушти Скопје, во Козле во близина на некогашната фабрика „Алумина“ бил убиен од бугарски војник.[1][2][6][3][4] Таму денес постои спомен-плоча.

Како што откриваат историчарите денес, постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ – Темпо до Тито во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување одржано на 2 август 1943 година, каде Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка борба со Македонците од Вардарска Македонија, за целосно ослободување и обединување на Македонија.[се бара извор]

Во центарот на неговиот роден град Прилеп веднаш до Музејот на 11 октомври (поранешниот бугарски участок), постои негов споменик од мермер, а во Скопје постои споменик во студентскиот дом кој го носи неговото име, а има уште една спомен-плоча на Кузман Јосифовски-Питу, во дворот на бугарската амбасада.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Народни хероји Југославије, „Младост“, Београд, 1975.
  2. 2,0 2,1 Блаже Ристески (уредник), Македонска енциклопедија (том I), МАНУ, 2009, Скопје.
  3. 3,0 3,1 Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, стр. 157-161
  4. 4,0 4,1 Кузман Јосифовски-Питу, Време–Живот–Дело (1915–1944), Зборник на прилози од научниот собир одржан во Прилеп, Скопје, 1995.
  5. Киро Глигоров, „Македонија е сè што имаме“, Издавачки центар Три, Скопје, 2000.
  6. Коце Солунски, Кузман Јосифовски-Питу: (живот, дело, време), Нова Македонија, Скопје, 1973.

Надворешни врски