Христијан Тодоровски-Карпош: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 49: Ред 49:
==Литература==
==Литература==
* „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 375-379
* „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 375-379
* [https://kok.memoryoftheworld.org/Stanoje%20Filipovic/Hristijan%20Todorovski%20_%20zivotni%20put%20i%20revolucionarno%20delo%20(918)/Hristijan%20Todorovski%20_%20zivotni%20put%20i%20revol%20-%20Stanoje%20Filipovic.pdf Stanoje Filipović, "Hristijan Todorovski: Životni put i revolucionarno delo", 1978]


{{Народни херои на Македонија}}
{{Народни херои на Македонија}}

Преработка од 22:20, 12 февруари 2020

Христијан Тодоровски-Карпош
Роден 3 септември 1921
Куманово, Кралство СХС
(денес Македонија)
Починал 7 февруари 1944(1944-02-07) (возр. 22)
Билјача, Прешевско

Христијан Тодоровски - Карпош (Куманово, 3 септември 1921 - 7 февруари 1944, Билјача, Прешевско) — македонски комунист и истакнат македонски партизан од НОВ.[1] Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година,[2] како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски - Питу).

Биографија

Како ученик станал член на СКОЈ уште од 1939 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.

Учество во НОБ

Во 1941 година учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.

Се истакнал како организатор на Народноослободителната антифашистичка војска на Македонија (НОАВМ). Бил член на Козјачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово. Откако одредот бил разбиен, преминувал во Вториот јужноморавски одред и Кукавичкиот одред, наизменично (1942-43). На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред, кoj пoстeпeнo нараснувал и на 1 декември 1943 година бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“.[3]

Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 г. за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.

Во негова чест се испеани неколку партизански песни: „Битка се бие кумановско поле“, „Давај ме, мила мамо, давај ме“, „Горо ле, горо зелена“ и „Марш на Трета македонска бригада“.

Галерија

Биста на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош пред истоименото училиште во селото Драгоманце

Поврзано

Наводи

  1. „Македонска енциклопедија“, Скопје, 2009, книга II, стр. 1490.
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 379
  3. Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, книга II, стр 1490.

Литература