Мишел Мајор: Разлика помеѓу преработките
Создадена страница со: {{Нобеловец}} {{Infobox scientist |name = Мишел Мајор |image = Michel Mayor, 2012 (cropped).jpg |caption... |
(нема разлика)
|
Преработка од 23:55, 11 февруари 2020
Мишел Мајор | |
---|---|
Мајор во 2012 година | |
Роден(а) | Мишел Густав Едуард Мајор 12 јануари 1942 Лозана, Швајцарија |
Полиња | Астрофизика |
Установи | Женевски универзитет |
Теза | „Кинематичките својства на ѕвезди во близина на Сонцето: можна поврзаност со галактичката спирална структура.“ (1971) |
Докторанди | Дидје Кело |
Познат по | Откривањето на првата планета во орбита околу нормална ѕвезда, 51 Пегаз |
Поважни награди | Награда „Жул Жансен“ (1998) Шоова награда (2005) Волфова награда (2017) Нобелова награда за физика (2019) |
Мишел Мајор (француски изговор: [miʃɛl majɔʁ]; 12 јануари 1942)[1] — швајцарски астрофизичар и професор во пензија на Женевскиот универзитет на отсекот за астрономија.[2] Тој се пензионирал во 2007 година, но и понатаму е активен истражувач при Женевската опсерваторија. Тоје содобитник на Нобеловата награда за физика во 2019 година заедно со Џим Пиблс и Дидје Кело,[3] наградата Виктор Амбарцумјан во 2010 година,[4] и добитник е на наградата Кјото во 2015 година.
Заедно со Дидје Кело во 1995 година, ја откриле 51 Пегаз b, првата вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето, 51 Пегаз.[5] За ова нивно шпостигнување, тие се наградени со Нобеловата награда за физика во 2019 година „за откривањето на вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето“.[6] Надоврзувајќи се на откритието, Мајор укажува дека луѓето никогаш нема да се населат на овие вонсончеви планети бидејќи истите се „многу,многу далеку ... [и ќе бидат потребни] стотици милиони денови користејќи ги моменталните начини на транспорт кои се достапни денес“.[7] Сепак, поради откритијата на Мајор, потрагата за вонземјена комуникација од вонсончевите планети е попрактично од она што се мислелов во минатото.[8]
Мејор магистрирал физика на Лозанскиот универзитет (1966) а докторирал астрономија при Женевската опсерваторија (1971). Неговиот труд имал дел наречен „Есеј за кинематичките својства на ѕвездите во близина на Сонцето: можна поврзаност со галактичката спирална структура.“ Тој бил истражувач при Институтот за астрономија при кембричкиот универзитет во 1971 година. Подоцна, тој своите неработни семестри ги поминувал при Европската јужна опсерваторија (ЕЈО) во северот на Чиле и Институтот за астрономија при Хавајскиот универзитет.[9]
Кариера
Од 1971–84, Мејор работел како помошник истражувач при Женевската опсерваторија, која е домот на одделот за астрономија Женевскиот универзитет. Тој постанал асистент на универзитетот во 1984 година.[1] А во 1988 година, универзитетот го прогласува за професор, позиција која ја држел се до неговото пензионирање во 2007 година. Мејор бил директор на Женевската опсерваторија од 1998 до 2004 година.[1] He is a professor emeritus at the University of Geneva.[10]
Истражување
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Conference du 26 Septembre 2007“ (француски). Cercle des amities internationales, Geneve. September 2007. Архивирано од изворникот на 11 January 2015. Посетено на 9 October 2019.
- ↑ „125076 Michelmayor (2001 UD6)“. Minor Planet Center. Посетено на 12 August 2019.
- ↑ Chang, Kenneth; Specia, Megan (8 October 2019). „Nobel Prize in Physics Awarded for Cosmic Discoveries“. The New York Times. Архивирано од изворникот 8 October 2019. Посетено на 8 October 2019.
- ↑ „Viktor Ambartsumian International Prize“. Vaprize.sci.am. 18 July 2014. Посетено на 26 March 2017.
- ↑ Mayor, Michel; Queloz, Didier (November 1995). „A Jupiter-mass companion to a solar-type star“. Nature (journal). 378 (6555): 355–59. Bibcode:1995Natur.378..355M. doi:10.1038/378355a0.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 2019“. Nobel Media AB. Архивирано од изворникот 10 October 2019. Посетено на 8 October 2019.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеPHY-20191009
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеNBC-20191009
. - ↑ „Michel Mayor“. The Planetary Society. Архивирано од изворникот 8 August 2019. Посетено на 8 August 2019.
- ↑ „Michel Mayor“. The Planetary Society. Посетено на 9 October 2019.
<ref>
со име „MPC-Circulars-Archive“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..Надворешни врски
Сколија има профил за Q123975 (Мишел Мајор). |
- Michel Mayor's profile on University of Geneva website
|
|
|
- Родени во 1942 година
- Луѓе од Лозана
- Швајцарски астрономи
- Добитници на медалот „Алберт Ајнштајн“
- Астрономи од 20 век
- Добитници на наградата Кјото за основни науки
- Членови на Француската академија на науките
- Странски дописници на Националната академија на науките
- Откривачи на вонсончеви планети
- Предавачи на Женевскиот универзитет
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Швајцарски нобеловци