Боровичене: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 30: Ред 30:
== Редовни настани ==
== Редовни настани ==
Редовно на христијанскиот празник Илинден луѓето од село Боровичене одржуваат годишни празници во текот на три дена.
Редовно на христијанскиот празник Илинден луѓето од село Боровичене одржуваат годишни празници во текот на три дена.

== Наводи ==
{{наводи}}


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==

Преработка од 12:01, 3 февруари 2020

Боровичене
ЗемјаБугарија
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Боровичене или Боровичени — село кое се наоѓа во Општина Петрич, Благоевградска област, Бугарија.

Географиja и местоположба

Селото се наоѓа во планински реон, на 20 километри западно од градот Петрич и на 42 километри југоисточно од градот Свети Врач. Атарот на селото зафаќа простор од 622 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 388 метри.

Историja

Османлиско царство

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Боровичани, Во истата година, во селото живееле 73 христијански и 3 муслимански семејства[1].

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Боровица (Borovitza) се состоело од 33 куќи, и 102 Македонци[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 жители, сите Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 136 македонски егзархисти[5].

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1947 година Боровичене било мала на поранешното село Игуменец.

Редовни настани

Редовно на христијанскиот празник Илинден луѓето од село Боровичене одржуваат годишни празници во текот на три дена.

Наводи

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.598-600.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.

Надворешни врски

Предлошка:Населени места во Општина Петрич