Јордан Савески: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
основноподредување
Ред 21: Ред 21:
{{наводи}}
{{наводи}}


{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Савески, Јордан}}
[[Категорија:Македонски универзитетски професори]]
[[Категорија:Македонски универзитетски професори]]
[[Категорија:Македонски лекари]]
[[Категорија:Македонски лекари]]

Преработка од 19:54, 1 февруари 2020

Јордан Савески
Роден 18 октомври 1945
Рамна, Македонија Македонија
Занимање универзитетски професор, хирург

Јордан Савески (18 октомври 1945, Рамна, Битола) — хирург трауматолог, универзитетски професор директор на Клиниката за трауматологија и на Ургентниот хируршки центар во Скопје.[1]

Биографија

Основно и средно образование завршил во родниот град, а Медицински факултет во Скопје, каде дипломирал во 1969 година. По дипломирањето, работел на Хируршката клиника во Скопје. Во 1976 година бил избран за помлад асистент по предметот „Хирургија“.[1] Една година работел и како општ хирург во болница во Либија, а во 1981 година бил на усовршување во Америка.

Во 1989 година бил избран за претседател на Здружението на хирурзите на Македонија, и избран за шеф на Трауматолошката клиника во Скопје. Бил директор на Клиниката за трауматологија, а во 1995 година бил назначен за шеф на Ургентниот хируршки центар во Скопје. Со звањето редовен професор по општа хирургија се стекнал во 1996 година. Од 1999 година до 2004 година бил декан на медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Добитник е на Орден на трудот со сребрен венец, а во 2004 година ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​105-109