Коби Брајант: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Kobe Bryant Washington.jpg|thumb|right|Коби Брајант]]
[[Податотека:Kobe Bryant Washington.jpg|thumb|right|Коби Брајант]]


'''Коби Брајант''' ([[Филаделфија]], [[23 август]] [[1978]] - [[26 јануари]] [[2020]] [[Калифорнија]]) — американски професионален [[кошаркар]], кој играл во [[Национална Кошаркарска Асоцијација|НБА лига]]та за екипата на „[[Лос Анџелес Лејкерс]]“ и е син на поранешен НБА играч '''Џо Брајант'''. Бил висок 198 [[Сантиметар|см]], тежок 95 [[Килограм|кг]] и играл на позицијата бек. Коби имал одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата.
'''Коби Брајант''' ([[Филаделфија]], [[23 август]] [[1978]] - [[26 јануари]] [[2020]] [[Калабасас]], [[Калифорнија]]) — американски професионален [[кошаркар]], кој играл во [[Национална Кошаркарска Асоцијација|НБА лига]]та за екипата на „[[Лос Анџелес Лејкерс]]“ и е син на поранешен НБА играч '''Џо Брајант'''. Бил висок 198 [[Сантиметар|см]], тежок 95 [[Килограм|кг]] и играл на позицијата бек. Коби имал одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата.


==Почетоците на кариерата==
==Почетоците на кариерата==
Ред 20: Ред 20:


== Смрт ==
== Смрт ==
На 26 јануари 2020 година, Брајант, заедно со четири други лица загина во хеликоптерска несреќа над Калабасас, Калифорнија. <ref name="guardian">https://www.theguardian.com/sport/2020/jan/26/kobe-bryant-helicopter-crash-death-nba-los-angeles-lakers</ref>
На 26 јануари 2020 година, Брајант, заедно со четири други лица загина во хеликоптерска несреќа над Калабасас, Калифорнија. <ref name="guardian">[https://www.theguardian.com/sport/2020/jan/26/kobe-bryant-helicopter-crash-death-nba-los-angeles-lakers НБА легендата Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 41 година] {{en}}</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 23:05, 26 јануари 2020

Коби Брајант

Коби Брајант (Филаделфија, 23 август 1978 - 26 јануари 2020 Калабасас, Калифорнија) — американски професионален кошаркар, кој играл во НБА лигата за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“ и е син на поранешен НБА играч Џо Брајант. Бил висок 198 см, тежок 95 кг и играл на позицијата бек. Коби имал одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата.

Почетоците на кариерата

НБА Драфт 1996

Коби Брајант бил избран на НБА драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“

Подемот и славата

Уште на почетокот на својата кариера, Брајант се истакнал како одличен играч и столб на тимот и, заедно со Шекил О'Нил, бил најзаслужен за трите последователни шампионски прстени, освоени во периодот (2000-2002).

На 5 март 2003 година, Брајант постанал најмладиот играч во историјата на НБА со постигнати 10 000 поени, со 24 години и 193 дена), а подоцна, постанал и најмладиот играч со постигнати 25 000 поени. На почетокот на декември 2012 година, Брајант се запишал во историјата на кошарката на тој начин што влегол во кругот на кошаркарите од НБА кои во кариерата постигнале над 30 000 поени. Имено, на натпреварот против "Њу Орлеанс Хорнетс", Брајант постигнал 29 поени,со што станал дел од клубот "30 000", во друштвото на големите имиња од НБА, како: Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун, Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен. Притоа, на возраст од 34 години, Брајант постанал најмладиот кошаркар кој во својата кариера успеал да постигне толку поени.[1] Во декември 2014 година, на мечот против „Минесота“, Брајант го преминал Мајкл Џордан и постанал трет најдобар стрелец во историјата на НБА, со вкупно постигнати 32.310 поени.[2]

На 22 јануари 2006 година, во мечот против „Торонто Рапторс“, Брајант постигнал 81 поен, постанувајќи втор најдобар стрелец на еден натпревар во историјата на НБА, по Вилт Чемберлен, кој постигнал 100 поени.

Во 1997 година, Брајант победил на натпреварот во забивање во рамките на ревијалниот натпревар „Ол стар“. исто така, тој има освоено една награда за најдобар играч во НБА (MVP) во сезоната 2007-2008 и има пет шампионски прстени, односно бил пет пати шампион на НБА, од кои, двапати бил прогласен за најдобар играч (MVP) во финалето.

Во февруари 2016 година, на 65. издание на „Ол стар“, Брајант го одиграл последниот натпревар на овој настан при што постигнал 10 поени.[3] Подоцна, во април, Брајант го одиграл последниот настап во НБА. Притоа, во натпреварот против „Јута џез“, одигран на домашен терен, во „Стејплс центарот“ во Лос Ангелес, Брајант постигнал 60 поени. Така, тој станал петтиот играч во историјата на НБА кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите нив ги одиграл во едне клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 поени, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар“ натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на САД освоил два олимписки медали. Најпосле, тој е вториот играч во историјата на НБА со најмногу постигнати поени на еден натпревар (во 2006 година, во натпреварот против „Торонто репторс“ постигнал 81 поен).[4]

Смрт

На 26 јануари 2020 година, Брајант, заедно со четири други лица загина во хеликоптерска несреќа над Калабасас, Калифорнија. [5]

Наводи

  1. „Лејкерс победи, Брајант во клубот 30.000“, Дневник, година XVI, број 5034, петок, 7 декември 2012, стр. 33.
  2. „Брајант стана трет стрелец во НБА“, Дневник, година XVIII, број 5643, вторник, 16 декември 2012, стр. 22.
  3. „Историја надополнета со постигнат рекорден број кошеви“, Дневник, година XX, број 5990, вторник, 16 февруари 2016, стр. 23.
  4. „Коби Брајант постигна 60 поени на свјот последен натпревар во НБА“, Дневник, година XX, број 6041, петок, 15 април 2016, стр. 26.
  5. НБА легендата Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 41 година (англиски)