Википедија:Почетен курс (Зачленување): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
сНема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 11:51, 22 јануари 2020

Почетен курс   Уредување   Форматирање   Викиврски   Википроекти   Надворешни врски   Разговорни страници   Не заборавајте   Зачленување   Заклучок    
Кратенки:
ВП:РЕГ

Зачленувањето со корисничко име не е задолжително, но е препорачано.

Секој може да придонесе на Википедија, без разлика дали избрале да се регистрираат или не. Сепак, мора да се има регистрирано корисничко име за да се создаваат нови статии.

Постојат три главни причини поради кои луѓето се охрабрувани да се регистрираат:

Поседувањето на сметка Ви овозможува многу предности, вклучувајќи повеќе уредувачки можности и кориснички нагодувања. Една корисна функција е листата на набљудувани страници, која Ви овозможува лесно да ги следите промените на страниците за кои сте заинтересирани. Друга е можноста за преместување (преименување) на статиите. (Не ги преместувајте статиите преку копи/пасте на текстот, бидејќи на тој начин не се зачувува историјата на уредувањата. Наместо тоа, прашајте на ВП:Порталот за помош од регистриран корисник.)

Нерегистрираниот корисник се распознава преку IP-адресата на неговата/нејзината машина, која е користена како јавна озака кога се прават придонеси (и при потписи на страници за разговор). IP адресата на Вашиот компјутер може да се искористи за да се најдат информации за Вас, затоа зачленувањето значително ја зголемува Вашата приватност со нејзиното криење. Исто така, бидејќи IP адресите често се менуваат, незачленетите корисници понекогаш ја имаат потешкотијата да добијат почит од другите уредувачи преку градење на солидна низа на уредувања. Исто така е и потешко да се водат комуникации на страниците за разговор со такви неачленети корисници, бидејќи им недостасува уникатна страница за разговор. Заради тие причини, многу википедијанци се зачленатт за да индицираат поголема подготвеност да застанат зад своите уредувања и коментари на страници за разговор. Ова значи дека на Вашите уредувања и коментари ќе им биде дадена поголема тежина.

Конечно, само зачленетите корисници можат да станат администратори (уште познати и како сисопи). Ако се зачлените, не заборавајте го Вашето корисничко име и јавка. Ако сте склони кон заборавање на овие, пратете си ги на Вашата е-поштенска адреса и потврдете ги кога ќе се пријавите за да Ви биде испратена нова јавка ако ја заборавите моменталната.



Како да се зачлените

За да се зачлените, кликнете горе, или кликнете на „Најавете се“ во горниот десен агол на било која страница. Нема да можете (лесно) да го промените корисничкото име откако еднаш го изберете, затоа внимателно размислете. Не користете вулгарни, непристојни или навредувачки имиња, или имиња кои создаваат збунетост или конфликтност.

Завршете го курсот со заклучок и повеќе инфо