Мостар: Разлика помеѓу преработките

Координати: 43°20′N 17°48′E / 43.333° СГШ; 17.800° ИГД / 43.333; 17.800
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 78.40.0.4) и ја поврати преработката 3774491 на Erikthau
→‎Римски период: ситна поправка
Ред 56: Ред 56:
=== Римски период===
=== Римски период===


Во времето на [[Римсково Царство]], територијата околу градот била населена со илирски племиња. Административно таа припаѓала на римската провинција Далмација. Базиликата од [[6 век]], денеска во близина на периферијата на градот, најверојатно била седиште на епископот од Сарсентерум.
Во времето на [[Римското Царство]], територијата околу градот била населена со илирски племиња. Административно таа припаѓала на римската провинција Далмација. Базиликата од [[6 век]], денеска во близина на периферијата на градот, најверојатно била седиште на епископот од Сарсентерум.


=== Средновековен период===
=== Средновековен период===

Преработка од 20:19, 15 јануари 2020

Мостар
Mostar
Град
Знаме на Мостар MostarГрб на Мостар Mostar
Карта на БиХ (Мостар)
Карта на БиХ (Мостар)
Координати: 43°20′N 17°48′E / 43.333° СГШ; 17.800° ИГД / 43.333; 17.800
Земја Босна и Херцеговина
ЦелинаФедерација Босна и Херцеговина
КантонХерцеговско-неретвански
Управа
 • ГрадоначалникЉубо Бешлиќ (ХДЗ)
Површина
 • Вкупна1.175 км2 (454 ми2)
Население
 • Вкупно128,448 (проц.) (2.007)
 • Густина89,8/км2 (2,330/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски бр.88000
Повик. бр.(+387) 36
Мреж. местоhttp://www.mostar.ba/

Мостар — град и општина во Босна и Херцеговина. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Мостар живеат 113.169 жители[1]. Мостар е најважниот град во регионот на Херцеговина, неговата културна престолнина, и центар на Херцеговско-неретванскиот кантон. Во градот поминува реката Неретва и е петти по големина град во земјата. Мостар своето име го добил по чуварите на мостот (mostari) кои во средниот век го чувале Стариот мост по текот на Неретва. Стариот мост, изграден од страна на Османлиите во 16 век, е еден од најпрепознатливите обележја на Босна и Херцеговина, и се смета за еден од најпознатите примери на исламската архитектура на Балканот[2][3][4][5].

Историја

Антички период

Стариот град
Мостар во 1900 година
Франц Фердинанд во Мостар
Ослободување на градот во Втората светска војна

Територијата околу Мостар била населена уште од праисторијата. Во близина на градот биле принајдени над 150 предмети од ​​периодот на неолитот, бронзеното и железното време. При ископувањата биле откриени бројни гробници, оружје, како и монети. Во железното време се развила трговија со соседните населби[6].

Римски период

Во времето на Римското Царство, територијата околу градот била населена со илирски племиња. Административно таа припаѓала на римската провинција Далмација. Базиликата од 6 век, денеска во близина на периферијата на градот, најверојатно била седиште на епископот од Сарсентерум.

Средновековен период

Во текот на 6 и 7 век територијата на денешна Босна и Херцеговина била населилена од словенските племиња. За кратко време, во времето на цар Самуил, од крајот на 10 век до 1019 година, територијата на Херцеговина била вклучена во Самоиловото Царство, но по распаѓањето на царството Византијците повторно ја освоиле.

Во текот на 12 век било формирано Босанското Кнежество кое од 14 век станало Кралство, вклучувајќи ја областа Херцеговина. Во 1463 година територијата на Босна паднала под власта на Отоманското Царство, а во 1482 година и територијата на Херцеговина[7].

Најстарите документи за градот Мостар датираат од првата половина на 15 век.

Отоманлиски период (1482-1878)

Во времето на османлиското владеење градот бил главен административен центар на Херцеговина. Во 1557 година започнала изградбата на Стариот мост од отоманскиот архитект Мимар Хајрудин и истиот бил завршен во 1566 година.[6][8]. Во текот на следните два века градот значително се проширил додека бројот на населението било околу 10.000 жители.

Мостар се развивал како типичен провинциски град во рамките на Отоманското Царство. Во градот имало изградено чаршија, кое покажува дека се развивала трговската дејност. Во 18 век бројот на населението се намалило и градот влегол во период на опаѓање. Во 1833 година станал седиште на новосоздадениот Херцеговински пашалак.

Австро-унгарски период (1878-1918)

По востанието во Херцеговина од 1875-1878 година, кое го опфатило и градот Мостар, Босна била окупирана од Австро-Унгарија, додека во 1908 година била анексирана. За време на окупацијата, во 1881 година градот станал седиште на епископијата Мостар-Дувно. Официјално Босна и Херцеговина била во составот на Австро-Унгарија до 1918 година, кога станала составен дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а од 1929 година - Кралство Југославија.

Исто како кај османлиското управување, и австро-унгарското владеење оставило трајни траги во историјата на Мостар. Во овој период биле изградени многу згради во европски стил, но биле задржени и старите османлиски објекти. Во овој период била изградена главната улица на градот, позната денес како ул. „Маршал Јосип Броз Тито“, првата гимназија, наречена „Средношколски Мостар“ и.т.н.

Југословенски период (1918-1991)

Од 1918 година градот Мостар бил вклучен во составот на Кралство Југославија. Во 1941 година Босна и Херцеговина била окупирана од германските војски и вклучена во составот на профашистката Независна Држава Хрватска. За време на ослободителните војни во 1941-1945 година, градот бил ослободен од партизаните на Јосип Броз Тито и во ноември 1945 година бил вклучен во составот на СФРЈ како федерална република.

По Втората светска војна во Мостар биле изградени фабрики за производство на вино и цигари. На реката Неретва биле изградени три брани: Грабовица, Салаковач и Мостар, како и неколку хидроцентрали. Пред распадот на Југославија во 1991 година градот бил меѓу главните индустриски, туристички, финансиски и културни центри на федералната република.

Босанска војна (1992)

По распадот на Југославија во периодот меѓу 1992 и 1993 година Мостар бил под деветмесечна воена опсада. Првото бомбардирање над градот било извршено од ЈНА на 3 април 1992 година и во следните недели поголемиот дел од градот паднал под контрола на ЈНА. Во одговор на окупацијата, Босанските Хрвати создале воена група, насочена против Југословенската армија, по кое дошло до крвави борби. Како одговор на хрватските напади, ЈНА ја разрушила католичката катедрала и епископската библиотека, каде што се чувале околу 50.000 книги. На 12 јуни 1992 година хрватските воени фракции успеале да ги одбијат силите на ЈНА надвор од границите на градот.

Во периодот од 1993 до 1994 година во Босна и Херцеговина беснеела граѓанска војна. За време на судирите загинале околу 200.000 луѓе, а бегалците биле над 2 милиони луѓе. На 9 мај 1993 година во Мостар Босанските Хрвати започнале операција против босанските муслимани, освојувајќи ја територијата од другата страна на реката Неретва.

Така западниот дел на градот бил под хрватски контрола. Хрватите започнале бомбардирања над источниот дел, предизвикувајќи голем број на човечки жртви. Многу културни и верски објекти во Мостар биле разрушени или оштетени. На 9 ноември 1993 година симболот на градот, Стариот Мост, бил разрушен од Босанските Хрвати. Тие го уништиле и српскиот православен манастир. На 25 февруари 1994 година огнот во градот бил прекинат. Во текот на војната загинале околу 2.000 луѓе во Мостар[9].

Босански период

Со Дејтонскиот договор од 21 ноември 1995 година бил ставен крај на граѓанската војна во Босна и Херцеговина. Во договорот било наведено дека земјата станува протекторат на меѓународната заедница, која се администрира од висок претставник избран од Европскиот парламент. Босна и Херцеговина била поделена на два ентитета - Република Српска, населена претежно со Срби, и Федерација Босна и Херцеговина, населена претежно со Хрвати и Бошњаци.

Градот Мостар бил вклучен во составот на Федерацијата на Босна и Херцеговина како седиште на Херцеговско-неретванскиот кантон. Во следниот период започнал процес на обнова на градот. Меѓународната заедница доделила 15 милиони долари за закрепнување на градот. Мостар е меѓу најпогодените градови од граѓанската војна.

Географиjа

Мостар се наоѓа на 17° 48' источна географска должина и 43° 20' северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 80m. Градското подрачје зафаќа површина од 1.100km². Низ градот тече реката Неретва. Мостар е близу до планината Динари.

Во летните месеци, повремени температури над 40°C не се невообичаени, со температен рекорд од 46,2°C. Најстуден месец е јануари, со просек од околу 5°C, а најтопол месец е јули, со просек од околу 26°C.

Климатски податоци за Мостар
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 18.2
(64.8)
25.0
(77)
27.6
(81.7)
31.5
(88.7)
35.6
(96.1)
41.2
(106.2)
43.0
(109.4)
43.1
(109.6)
38.8
(101.8)
32.5
(90.5)
25.5
(77.9)
19.4
(66.9)
43.1
(109.6)
Прос. висока °C (°F) 8.4
(47.1)
10.8
(51.4)
14.6
(58.3)
19.0
(66.2)
24.0
(75.2)
27.6
(81.7)
33
(91)
32
(90)
27
(81)
21.0
(69.8)
14.5
(58.1)
9.7
(49.5)
19.9
(67.8)
Сред. дневна °C (°F) 5.2
(41.4)
7.0
(44.6)
10.0
(50)
13.7
(56.7)
18.7
(65.7)
21.7
(71.1)
26
(79)
25.5
(77.9)
21.1
(70)
16.1
(61)
10.6
(51.1)
6.5
(43.7)
15.0
(59)
Прос. ниска °C (°F) 1.9
(35.4)
3.2
(37.8)
5.4
(41.7)
8.4
(47.1)
12.5
(54.5)
15.8
(60.4)
18.6
(65.5)
18.4
(65.1)
15.3
(59.5)
11.2
(52.2)
6.7
(44.1)
3.3
(37.9)
10.1
(50.2)
Најниска забележана °C (°F) −10.9
(12.4)
−9.6
(14.7)
−6.5
(20.3)
−1.2
(29.8)
3.3
(37.9)
8.0
(46.4)
8.4
(47.1)
9.6
(49.3)
6.4
(43.5)
−0.1
(31.8)
−4.8
(23.4)
−7.8
(18)
−10.9
(12.4)
Прос. врнежи мм (ин) 165
(6.5)
151
(5.94)
150
(5.91)
127
(5)
102
(4.02)
78
(3.07)
43
(1.69)
74
(2.91)
96
(3.78)
151
(5.94)
200
(7.87)
179
(7.05)
1.516
(59,68)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 13 12 12 13 12 12 7 8 8 11 13 13 134
Прос. релативна влажност (%) 67 63 62 62 64 61 53 53 60 68 69 68 63
Сред. бр. сончеви часови месечно 113 118 155 174 223 252 323 296 230 178 124 114 2.300
Извор бр. 1: World Meteorological Organisation (UN),[10] Meteorological Institute of Bosnia and Herzegovina (extremes)[11]
Извор бр. 2: Deutscher Wetterdienst (humidity, 1973–1992 and sun, 1961–1990)[12][13][note 1]

Население

Мостар е град со најголем број на Хрвати во федерацијата. Како и во многу други градови, неговиот демографски профил бил значително променет по војната во Босна. Последниот попис бил спроведен во 2013 година, според кој биле регистрирани 105.797 жители, поделени по етнички групи: Хрвати (48,4%), Бошњаци (44,1%) и Срби (4,1%)[14].

Население по години
Година 2013[15] 1991 1981 1971
Муслимани/
Бошњаци
46.752 (44,19%) 43.856 (34,63%) 34.247 (31,02%) 33.645 (37,55%)
Хрвати 51.216 (48,41%) 43.037 (33,98%) 36.927 (33,45%) 32.782 (36,59%)
Срби 4.421 (4,18%) 23.846 (18,83%) 20.271 (18,36%) 19.076 (21,29%)
Југословени 12.768 (10,08%) 16.509 (14,95%) 2.329 (2,59%)
Останати 3.408 (3,22%) 3.121 (2,46%) 2.423 (2,19%) 1.748 (1,95%)
Вкупно 105.797 126.628 110.377 89.580

Образование

Мостар има голем број на различни образовни институции. Во градот работи Универзитет Мостар, Универзитет „Џемал Биједиќ“, Колеџ на Обединетиот свет, како и деветнаесет гимназии и дваесет и четири основни училишта[16]. Гимназиите вклучуваат шеснаесет стручни училишта и три гимназии.[17].

Сите училишта во Мостар, основно и средно образование, се поделени со хрватска и федерална (неофицијално бошњачка) школска програма. Оваа етничка поделба на училиштата започнала во текот на првата година на војната во Босна. Денес, училишта во Мостар и во Босна и Херцеговина се место на меѓуетнички и меѓунационални конфликти[18] . Делумен исклучок за поделеното образование е Гимназијата Мостар (исто така позната како „Стара Гимназија“), каде има заедничка училишна администрација и некои заеднички студентски курсеви.

Универзитетот Мостар е вториот по големина универзитет во земјата и единствениот универзитет на хрватски јазик во Босна и Херцеговина.

Култура

Во Мостар се наоѓаат следниве културни локалитети:

  • Центар за култура „Мостар“
  • Културен дом „Херцог Стјепан Косача“
  • Младински културен центар „Абрашевиќ“
  • Музички дом „Павароти - Мостар“
  • Музеј „Херцеговина“
  • Градска библиотека „Херцог Стјепан Косача“
  • Градска библиотека „Лука“
  • Куќа “Алекс Шантича“
  • Галерија “Алуминиум“
  • Градски парк “Зрински“
  • Народен театар “Мостар“
  • Хрватски народен театар

Спорт

Фудбалот е еден од најпопуларните спортови во Мостар. Во градот се наоѓа и седиштето на фудбалските клубови ФК Вележ Мостар и ХШК Зрињски Мостар, кои настапуваат во Првата фудбалска лига на Босна и Херцеговина. ФК Вележ Мостар своите домашни натпревари ги игра на стадионот Врапчичи кој има капацитет од 5,294[19]. ФК Вележ Мостар бил основан во 1922 година и како најголеми успеси ги има постигнато во сезоната 2005/06 кога бил шампион како дел од Босанската фудбалска лига. ХШК Зрински Мостар своите домашни натпревари ги игра на стадионот Зрински кој има капацитет од 25.000 гледачи. ХШК Зрински Мостар бил основан во 1905 година и како најголеми успеси ги има постигнато во сезоните 2004–05, 2008–09, 2013–14, 2015–16 година кога бил шампион како дел од Босанската фудбалска лига.

Друг популарен спорт во градот е кошарката. КК Зрински Мостар своите домашни натпревари ги игра на Арената Бијели брег која има капацитет од 1,000 гледачи. КК Зрински Мостар бил основан во 1992 година и како најголеми успеси ги има постигнато во сезоната 2004, како дел од Босанската кошаркарска лига кога станал шампион.

Личности

Градот е родното место на Алекса Шантиќ, Химзо Половина и Сергеj Барбарез.

2008: 61% Хрвати, 36% Босанци, 2% Срби,

Поврзано

Наводи

  1. Census 2013th official data.
  2. Balić, Smail (1973). Kultura Bošnjaka: Muslimanska Komponenta. Vienna. стр. 32–34. Посетено на June 7, 2013. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
  3. Čišić, Husein. Razvitak i postanak grada Mostara. Štamparija Mostar. стр. 22. Посетено на June 7, 2013. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
  4. Stratton, Arthur (1972). Sinan. New York: Charles Scribner's Sons. ISBN 0-684-12582-X.
  5. Stover, Eric; Harvey M. Weinstein (2004). My Neighbor, My Enemy: Justice and Community in the Aftermath of Mass Atrocity. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 151. The bridge, built in 1566, was considered a masterpiece of Islamic architecture and a unique symbol of an undivided city.
  6. 6,0 6,1 UNESCO: Old Bridge Area of the Old City of Mostar
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Mujezinović, 1998, p. 144.
  8. Guardian Article: Mostar reclaims Ottoman heritage
  9. Yarwood и др. 1999, стр. 4.
  10. „World Weather Information Service – Mostar“. World Meteorological Organisation. May 2011. Посетено на 14 February 2016.
  11. „Mostar: Record mensili dal 1949“ (Italian). Meteorological Institute of Bosnia and Herzegovina. Посетено на 14 February 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „Klimatafel von Mostar / Bosnien und Herzegowina“ (PDF). Baseline climate means (1961-1990) from stations all over the world (German). Deutscher Wetterdienst. Посетено на 14 February 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. „Station 14648 Mostar“. Global station data 1961–1990—Sunshine Duration. Deutscher Wetterdienst. Посетено на 14 February 2016.
  14. „Nacionalnost“ (PDF). Посетено на 2013-03-26.
  15. Rezultati popisa 2013.
  16. [1] Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  17. asdf121 16.01.2012. (2012-01-16). „Srednje škole / Opće informacije / Mostar / INFO“ (хрватски). MOSTARinfo. Посетено на 2013-03-26.
  18. „UNICEF Bosnia and Herzegovina - Info centar - Podijeljene škole u BiH“. www.unicef.org. Посетено на 2016-03-08.
  19. http://stadiumdb.com/stadiums/bih/stadion_gradski_vrapcici

Надворешни врски



Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „note“, но нема соодветна ознака <references group="note"/>.