Кајмакчалан: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
се бара извор |
Одбиена последната промена (од Simin) и ја поврати преработката 3877466 на Bjankuloski06 |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Податотека:Sv. Petar na Kajmakčalan.jpg|thumb|Спомен капелата од [[Битка на Кајмакчалан|Битката на Кајмакчалан]] во 1916 година.]] |
[[Податотека:Sv. Petar na Kajmakčalan.jpg|thumb|Спомен капелата од [[Битка на Кајмакчалан|Битката на Кајмакчалан]] во 1916 година.]] |
||
'''Кајмакчалан''' или '''Мачник''' |
'''Кајмакчалан''' или '''Мачник''' — највисок врв на планината [[Ниџе]]. Се наоѓа на јужната граница од [[Македонија]], со висина од 2.521 м.<ref>{{наведена книга|title=Статистички годишник на СР Македонија|publisher=Републички завод за статистика|date=1978}}</ref> Кај [[Бугари|Бугарите]], врвот е познат како Борисов Град, а кај [[Срби|Србите]] како Порта на слободата и Праг на татковината. |
||
==Местоположба== |
==Местоположба== |
Преработка од 10:59, 18 декември 2019
Кајмакчалан или Мачник — највисок врв на планината Ниџе. Се наоѓа на јужната граница од Македонија, со висина од 2.521 м.[1] Кај Бугарите, врвот е познат како Борисов Град, а кај Србите како Порта на слободата и Праг на татковината.
Местоположба
Од врвот се гледаат Островското Езеро и Петерското Езеро во Егејска Македонија, како и областа Мариово во Р. Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир од македонска, како и селото Чеган и ски-центарот „Ниџе“ (Ворас) од грчка страна.[2]
Знаменитости
За време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт, познати како солунски. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби[3] на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на Македонци од месното население во Мариово и од цела Македонија. Во спомен на овој настан, на црквата „Св. Илија“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот Александар I Караѓорѓевиќ. До пред некое време, во црквата, во посебна урна, се наоѓало срцето на швајцарскиот форензичар, публицист и професор, Арчибалд Рајс.[4]
Наводи
- ↑ Статистички годишник на СР Македонија. Републички завод за статистика. 1978.
- ↑ Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92.
- ↑ Александар Стојчев, Македонија и Македонците во Прва светска војна, Воен музеј во состав на Министерство за одбрана на Република Македонија, Скопје, 2017, стр. 85 - 87.
- ↑ Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92-93.
Надворешни врски
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |