Брз трамвај: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
YiFeiBot (разговор | придонеси)
с Робот: Преместване на 37 междуезикови препратки към Уикиданни, в d:q1268865.
YiFeiBot (разговор | придонеси)
с Робот: Преместване на 1 междуезикови препратки към Уикиданни, в d:q1268865.
Ред 62: Ред 62:
[[ko:경전철]]
[[ko:경전철]]
[[it:Metropolitana leggera]]
[[it:Metropolitana leggera]]
[[nl:Lightrail]]
[[sh:Laka gradska željeznicasimp]]
[[sh:Laka gradska željeznicasimp]]

Преработка од 07:24, 14 декември 2019

Брз трамвај во прашката населба Барандов
Подземната станица Политехничка на брзиот трамвај во Краков
Брз трамвај во Портланд, САД

Брз трамвај (англиски: fast tram, италијански: tranvia veloce или metrotranvia, полски: Szybki tramwaj, холандски: Sneltram, руски: Скоростной трамвай, украински: Швидкісний трамвай) — разновидност на системите за лесен шински превоз, при што може да се движи наземно, или во комбинација наземно и подземно и е еден од најраспространетите модерни форми на градски јавен градски транспорт во светот денес.

Карактеристики

Главната предност на брзите трамваи лежи во нивната траса. Од обичниот (класичен) трамвај го разграничуваат следните карактеристики: целосна или делумна одвоеност на линијата од коловозите за автомобилскиот сообраќај и пешачките токови, употреба на раскрсници за преминување на повеќе од едно ниво со цел бесконфликтно движење на трамвајските возила независно од автомобилскиот и пешачкиот сообраќај, станични перони и трамвајски возила подолги од 28 метри. Станичните платформи можат да се изведат на најразлични начини, меѓу кои се подигнати платформи на висина од 900мм кои се еднакво високи како и подовите на трамвајските возила, што го прават влегувањето и излегувањето во возилото поедноставно, подостапно и побрзо. Брзиот трамвај се напојува преку кабли поставени над самите возила, за разлика од метрото кое добива електрична енергија преку трета шина. Изисканата инфраструктура за брзиот трамвај е далеку поедноставна и поевтина за изградба и одржување од онаа на метрото, но во голема мера посложна и поскапа од онаа потребна за воспоставување на класичен трамвајски систем.

Благодарение на потполната или делумна независност на шинската траса од автомобилскиот сообраќај, експлоатацијата на брзиот трамвај не зависи од автомобилските гужви, што го прави многу ефикасен особено во време на шпицовите. Брзиот трамвај во може да се смета како надградба и осовременување на застарениот концепт на класичен трамвај карактеристичен за крајот на 19 и почетокот на 20 век. Оваа надоградба цели да ги задоволи потребите на големиот и модерен град во 21 век преку побрзо, покомфортно и поефикасно патување. Концепцијата на брзиот трамвај овозможува поголем превозен капацитет на патници на дадена линија пред се заради поголемиот капацитет на самите шински возила, но и преку независноста на своите траси, кои овозможуваат поголеми брзини помеѓу станиците и превоз независен од автомобилските гужвите по улиците. Заради поголемата брзина, бројот на возила неопходни за одржување на една линија се намалува споредбено со класичниот трамвај, кој заради неавтономноста на своите траси често може да биде жртва на сообраќајниот метеж и со тоа да предизвика севкупен застој во одвивањето на сообраќајот во даден град. Сето ова овозможува концепцијата на брзиот трамвај да биде право и долгорочно решение за сообраќајните метежи во градовите со население над 500 000 жители. Брзиот трамвај е редевен, чест и надежен шински транспорт, чии позитивни ефекти не се одразуваат само во пократкото време потребно за патување во даден град и економските бенефити кои од тоа следуваат, туку целосно ја трансформираат градската средина, го подобруваат квалитетот на живот, ја подобруваат еколошката слика на градот преку намалување на испуштените штетни гасови во воздухот и значително ги намалуваат нивата на бука во урбаните средини.

Предности и слабости

Брзиот трамвај е комбинација помеѓу класичниот трамвај и метрото, при што ги искористува предностите на двата система за јавен градски транспорт.

Предности

Предности користени од класичниот трамвај:

  • лесна, брза и релативно евтина изградба на линијата
  • едноставна и евтина експлоатација и одржување на возниот парк
  • едноставна и евтина експлоатација и одржување на инфраструктурата: шини и трамвајски траси, контактна мрежа и кабли.

Предности искористени од метрото:

  • висока брзина
  • повисока степен на безбедност, комфорт и надежност
  • речиси комплетно отсуство на вмешување од страна на другите форми на сообраќај заради независноста на шинските траси

Недостатоци

  • изградбата на брзите трамваи најчесто се изведува на површината на земјата, при што во процесот на изградба може да настанат поголеми и долготрајни пореметувања на сообраќајот во даден град: затворање на улици, преместување на автобуски или трамвајски линии, ограничен достап за локалните жители итн.

Споредба со класичен трамвај и метро

Брзиот трамвај во споредба со класичниот трамвај ги има следните карактеристики и предности:

  • поголем превозен капацитет на патници како на самите возила, така и на шинската траса
  • поголеми експлоатациони брзини, што од своја страна доведува до поголем превозен капацитет на целиот систем
  • потешки, подолги и пошироки возила
  • за разлика од класичниот трамвај, брзиот трамвај има своја сопствена и независна траса на движење, непречена од останатиот вид на сообраќај
  • поголемо просечно растојание помеѓу станиците
  • допушта воведување на различен тарифен систем на патувањата, преку поделба во зони или според должината на индивидуалното патување

Брзиот трамвај во споредба со меторо ги има следните карактеристики и недостатоци:

  • помал капацитет
  • пониска експлоатациона брзина на системот
  • полесни, пократки и потесни возила
  • помало просечно растојание помеѓу станиците

Брзите трамваи низ светот

Трамвај Бомбардие во полски Краков
Чешкото трамвајско возило Tatra RT8D5 во улогата на брз трамвај во Манила, Филипините

Концепцијата на брзите трамваи и предностите кои произлегуваат од истата одамна е оценета од страна на брјони градови ширум светот, но во последната деценија овој тренд е дополнително засилен заради поголемата еколошка освестеност на граѓаните и побрзата динамика на живот која ја налага денешното секојдневие. Брзите трамваи се масовно распространети низ градовите во САД, каде системот се нарекува light rail. Лос Анџелес, Бостон, Портланд, Сан Диего и Хјустон се само дел од градовите во кои брзите трамваи се главниот столб на јавниот градски транспорт. Множество градови во Азија исто така го имаат воведено овој систем, при што пионери во областа се Манила и голем број руски градови. Во Европа ваквите системи се применуваат во десетици градови ширум континентот, особено во Западна и Централна Европа. Познати и значајни примери се оние во Германија, Британија (Лондон, Манчестер, Бирмингем), Шпанија (Севиља, Малага, Билбао, Барселона), Полска (Краков и Познан), и Чешка (Прага и Брно), Словачка (Братислава и Кошице). Во нашиот поширок регион брзите трамваи стануваат се почест начин за јавен градски превоз. Така главниот град на Романија веќе има целосно независна линија на брз трамвај (линија 41),редица градови во Турција (Газиантеп, Кајзери, Самсун, Коња, Ескишехир и Анталија), како и во Атина. Изградба на првата линија на брз трамвај во Софија започнува во 2013 година, а за воведување на ваквиот еколошки систем за јавен градски транспорт размислуваат и во Пловдив и Варна.

Брзиот трамвај во Скопје

Според најавата на Град Скопје, во 2013 година во Скопје е планирано да започне изградбата на класичен трамвајски систем. Многубројни се критиките од стручната и пошироката јавност дека овој концепт за јавен транспорт е крајно недоволен за град од големината на нашата престолнина, како и за адекватно задоволување на транспортните потреби на градот. Дел од критиките се насочени кон начинот со кој се води проектот, нетранспарентноста на самиот процес, сомнителната стручност на анализата направена од страна на унгарската компанија Виалто консалтинг и др. Поголемит дел од несогласувањето доаѓа заради фактот што според концепцијата на Градот, Скопје ќе добие трамвајски шински систем на третата (жолта) лента на градските булевари, кој нема да биде независен и нема да има предност на крстосниците, при што цело време ќе ја дели трасата со автомобилите, кои во Скопје се често непрописно паркирани. Недостигот на возачка и пешачка култура создава претпоставки за голем број на несреќи, со што трамвајскит систем ќе стане бавен, нередовен и со тоа само ќе ги превземе проблемите на постоечкиот автобуски транспорт, наместо да ги реши. Клучен сегмент во проектот наречен брз трамвај во Скопје е планираниот тунел под плоштадот Македонија, кој ефективно ги премостува и избегнува гужвите во центарот на градот од Соборниот храм се до комплексот банки. За жал во концепцијата и тендерот на Градот Скопје, неговата изградба не е планирана, со што трамвајскиот превоз во Скопје комплетно се обесмислува.