Лазар Личеноски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 7: Ред 7:
| caption = Авопортрет од 1947 г.
| caption = Авопортрет од 1947 г.
| birthname =
| birthname =
| birthdate = 26 март 1901
| birth_date = 26 март 1901
| location = {{роден во|Галичник|Отоманска империја}} (денес [[Македонија]])
| birth_place = {{роден во|Галичник|Отоманска империја}} (денес [[Македонија]])
| deathdate = {{починал на и возраст|df=yes|1964|04|10|1901|03|26}}
| death_date = {{починал на и возраст|df=yes|1964|04|10|1901|03|26}}
| deathplace = {{починал во|Скопје|Македонија}}
| death_place = {{починал во|Скопје|Македонија}}
| nationality = [[Македонец]]
| nationality = [[Македонец]]
| field =
| field =

Преработка од 14:00, 13 декември 2019

Лазар Личеноски
Авопортрет од 1947 г.
Роден(а)26 март 1901
Галичник, Отоманска империја (денес Македонија)
Починал(а)10 април 1964(1964-04-10) (возр. 63)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец

Лазар Личеноски (Галичник, 26 март 1901 - Скопје, 10 април 1964) — македонски експресионистички сликар и еден од најавтентичните сликари на македонскиот предел, во кои внесувал и фолклорни елементи. Сликал и мртва природа, портрети и мозаици.[1][2]

Образование

Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Високата школа за уметности и занаети (École nationale supérieure d'arts et métiers), ги посетувал ателјето на Андре Лот и академијата „Гран Шомје“ (Académie de la Grande Chaumière) од 1927 до 1929 г.

Кариера

Живеел во Белград, а потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група „Облик“.

Самостојно изложувал пред и по војната (за прв пат во 1927) во Скопје, Белград, Загреб, а учествувал (од 1927) на групни изложби во Скопје, Париз, Белград, Лондон, Ливерпул, Манчестер, Солун, Прага, Софија, Рим, Букурешт, Братфорд, Канада, Тунис и други места.

Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн. Добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година.

Во февруари 2015 година, куќата на Личеноски, која се наоѓа во подножјето на Скопското кале, станала државна сопственост. Притоа, било предвидено куќата да биде претворена во Музеј на Личеноски, раководен од Националната галерија на Македонија.[3] [4]

Позначајни дела

Меѓу позначајните дела на Личеноски се вбројуваат: „Бачила“, „Долап“, „Афионски полиња“, „Охридски рибари“ и многу други.

Поврзано

Наводи

  1. Блаже Конески, Димитар Башевски (1990). Ликови и теми. Култура.
  2. Бошковска, Надица (2000). Библиографија на македонската ликовна уметност (2. изд.). НУБ „Климент Охридски“.
  3. „Куќата на доајенот Личеноски подготвена да стане музеј“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 20.
  4. Катерина Богоева, „Музејот на Лазар Личеноски треба да биде отворен во 2016 година“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 15.

Надворешни врски