Горан Гоциќ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
слика
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Goran Gocic.jpg|мини]]
'''Горан Гоциќ''' — српски [[книжевник]], [[филм]]ски автор,[[преведувач]] и [[новинар]].
'''Горан Гоциќ''' — српски [[книжевник]], [[филм]]ски автор,[[преведувач]] и [[новинар]].



Преработка од 05:59, 12 декември 2019

Горан Гоциќ — српски книжевник, филмски автор,преведувач и новинар.

Биографија

Роден е во Ужице, 6 мај 1962 година. Дипломирал англиски јазик и книжевноста на Фололошкиот факултет во Белград (1962) година. Магистрирал во областа медија и комуникација на Лондонското училиште за економија и политички науки (The London School of Economics and Political Science). [1] Работел како новинар и уредник во триесет медиумски куќи (НИН, Дневен телеграф, Борба, Политика, РТС, Би-Би-Си, Ченел 4, Индипендент, Сајт енд саунд, итд).

Дела

Ги објавил студиите „Енди Ворхол и стратегиите на попот“ (1997/2012) и „Емир Кустурица: Култ на маргина“ (2001/2006). Автор е на долгометражните документарни филмови „Проклети странци“ (2000) и „Балканскиот дневник: Бугарија“ (2010). Објавил роман Таи, последна станица Британија и поетска книга Елен.

За „Таи“, неговиот роман првенец, добил НИН-ова награда за најдобриот роман во 2013. година и Награда Милош Црњански за делото од периодот 2011/2013.[2] Романот Таи е преведен на повеќе јазици. На македонски е преведен од страна на Фросина Стојковска, во издание на Слово љубве - Буквибукс.

Наводи

  1. Горан Гоциќ: Битно е да бидеш истраен, Вечерните новости, 17. 1. 2014. (Пристапено на: 25. новембар 2015)
  2. Зоран Главоњиќ: Горан Гоциќ НИН-ова награда за Таи, Слободната Европа 13. јануар 2014 година. (Пристапено: 25. новембар 2015)

Надворешни врски