ФК Беласица: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 101: Ред 101:
;Европски натпревари
;Европски натпревари
{| {{prettytable}}
{| {{prettytable}}
! Сезона
!Сезона
!Натпревар
! Куп
! Коло
!Коло
! Држава
!Држава
!Противник
! Клуб
!Резултати
! Резултат
|-
|-
|2002/03
|2002/03
Ред 112: Ред 112:
|1 коло кв.
|1 коло кв.
|{{ПОР}}
|{{ПОР}}
|[[ФК Леишоинс|Леишоинс]]
|[[ФК Лешоеш|Лешоеш]]
|2-2, 1-2
|1:2, 2:2
|-
|-
|2003/04
|2003/04
Ред 119: Ред 119:
|1 коло кв.
|1 коло кв.
|{{СЛО}}
|{{СЛО}}
|[[НК Цеље|Цеље]]
|[[НК Цеље|Нов Публикум]]
|2-7, 0-5
|0:5, 2:7
|-
|}
|}



Преработка од 00:47, 25 ноември 2019

Беласица
Основан13 август 1922; пред 101 година (1922-08-13)
СтадионСтадион „Благој Истатов“
ПретседателСлавчо Васков - Пинда
ТренерВане Милков
ЛигаВтора македонска фудбалска лига - Исток
2019/201-ви
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Тековна сезона

ФК Беласица е македонски фудбалски клуб од градот Струмица. Клубот е создаден во 1922 година. Беласица во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига - Исток. Своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Историја

Беласица заедно со Тиверија се првите фудбалски клубови од Струмица. Според историски извори фудбалот овде доаѓа од англиските војници, стационирани во градот по пробивот на Солунскиот фронт, кои им ја покажале играта на струмичани.[1] Фудбалот добил своја популарност во градот и се играл неколку години пред да се формира првиот клуб.

Основањето на фудбалскиот клуб Беласица се случило на 13 август 1922 година. Основачкото собрание се одржало во една од градските кафани. На собранието дошле педесетина струмичани кои застанале зад оваа идеја. Тие за прв претседател го избрале Ѓорѓи Москов, а клубот го крстиле по планината Беласица.

Играчи

Моментален состав
Обновено на 10 октомври 2019
Бр. Позиција Играч
1 Македонија ГМ Димитар Ѓоргиев
3 Македонија ОД Александар Милушев
5 Македонија ОД Никола Спасов
7 Македонија НП Дарко Размоски
8 Македонија ОД Стефан Сулев
9 Македонија НП Благој Истатов
10 Македонија НП Мартин Мирчевски
14 Македонија ОД Зоран Митевски
Бр. Позиција Играч
15 Македонија ОД Игор Паноски
16 Македонија СР Давид Калпачки
17 Македонија СР Благој Стојанов
18 Македонија НП Даниел Радојчиќ
19 Македонија ОД Зоран Ивановски
21 Македонија ОД Јордe Серафимовски
28 Македонија СР Ѓорги Марков

Успеси

Беласица игра важна улога во македонскиот фудбал и често е претставувана како „фудбалски расадник на таленти“. Школата на ФК Беласица важи за една од најдобрите во Македонија.[2] Таа дала низа играчи за националната репрезентација меѓу кои се вбројуваат Горан Пандев, Ацо Стојков, Игор Ѓузелов, браќата Роберт и Горан Попов, Зоран Балдовалиев, Данчо Масев и ред други.

Во периодот на СФР Југославија, највисокото натпреварување во кое настапувала Беласица била Втората сојузна лига.[3] Во независна Македонија клубот учествува во формирањето на Првата лига. Во 2002 и 2003 година е вице-шампион на Македонија и за првпат игра во УЕФА Купот.

Најпознатиот фудбалер кој некогаш играл во Беласица е македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој моментално настапува во италијанската Серија А за Џенова. Овде исто така се вбројува и легендата на клубот, голманот Благој Истатов, по кој пред извесен период ФК Беласица го крсти својот стадион.[4]

Европски натпревари
Сезона Натпревар Коло Држава Противник Резултати
2002/03 УЕФА Куп 1 коло кв.  Португалија Лешоеш 1:2, 2:2
2003/04 УЕФА Куп 1 коло кв.  Словенија Нов Публикум 0:5, 2:7

Стадион

Прволигашки натпревар на „Младост“ меѓу Беласица и Академија Пандев

Домашниот терен на Беласица е стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Тој е изграден во 1950 година. Има капацитет за повеќе од 7 ипол илјади гледачи. Поголеми реконструкции претрпува во 2005 и во 2017 година. До 2019 година стадионот го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.

„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА исполнува услови за квалитетни натпревари од висок ранг, единствен таков во државата заедно со Националната арена.[5] Македонската репрезентација во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.

Наводи

  1. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  2. „Истражување во „лига петка": Беласица е најдобрата македонска фудбалска школа“. МКД.мк. 15 декември 2012. Посетено на 12 октомври 2019.
  3. All-Time Table of First and Second Yugoslav Leagues. bihsoccer.com
  4. „Стадионот во Струмица ќе се вика „Благој Истатов". sport1.mk преку web.archive.org. 15 септември 2019. Посетено на 22 септември 2019.
  5. „Што доби Македонија со реконструкцијата на „Младост": Нов репрезентативен објект за европски натпревари“. ekipa.mk. 15 септември 2017. Посетено на 7 ноември 2019.

Надворешни врски