Јовица Михајловски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 136: Ред 136:
{{DEFAULTSORT:Михајловски, Јовица}}
{{DEFAULTSORT:Михајловски, Јовица}}
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Македонски глумци]]
[[Категорија:Македонски театарски глумци]]
[[Категорија:Македонски филмски глумци]]
[[Категорија:Македонски телевизиски глумци]]

Преработка од 12:04, 15 ноември 2019

Јовица Михајловски
Роден 12 јуни 1955
Битола
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Соба со пијано
Јас сум од Титов Велес
Самоуништување
Занимање глумец

Јовица Михајловски (роден на 12 јуни 1955 во Битола) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Живот и дело

Jовица Михајловски е роден во 1955 година во Битола. Веднаш по завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1981 г.) се вработил во Драмскиот Театар (1983 г.), учествувајќи во проекти на Детската и Малата сцена, како и во претстави реализирани на т.н. Голема сцена.

Михајловски настапувал во претставите: Сомнително лице од Б.Нушиќ (Ѓока), Дупло дно од Горан Стефановски (Јаков II), Солунски патрдии од М.Попоски (Кире и Баже), Крвави свадби од Лорка (Младичот), Долго патување во ноќта од О’Нил (Џејмс Тајрон), Грев или шприцер од С.Насев (Јоцо), Харем од С.Насев (Топуз Паша) и многу други. Освен тоа има настапувано и во поголем број сценски реализации за најмладите, во радиотелевизиски драми, серии и слично.

Филмографија

Филмографија на глумецот Јовица Михајловски
Год. Назив Улога
1950.-те
1955. Волчја ноќ /
1980.-те
1982. Илинден ТВ серија Гино
1984. Опасни траг /
1984. Белото циганче ТВ серија /
1985. На наш начин ТВ серија /
1985. Трговецот од Солун ТВ филм Лука
1985. Дупло дно ТВ филм Јаков Ии
1985. Бушава азбука ТВ серија Ќелавиот
1986. Среќна Нова ’49. /
1986. Солунски патрдии ТВ серија Цире
1987. Трето доба ТВ серија /
1987. Ѕвездите на 42-та ТВ филм Спанецот
1987. Театарче Лево Ќоше ТВ серија /
1988. Викенд на мртовци Ноне
1986 1989. Македонски народни приказни ТВ серија /
1989 1993. Еурека ТВ серија Бечеролд
1990.-те
1990. Викенд на мртовци ТВ серија Ноне
1991. Тетовирање Боле Змија
1992. Време, живот Клапер
1992. Хераклеа по вторпат ТВ филм /
1993. Светло сиво Цветко (сегмент "Вондерфул Ворлд")
1993. Грев или шприцер ТВ филм Бугар
1995. Ангели на отпад Милиционерот
1996. Самоуништување Кумплунг
1997. Интихарин ел китаби /
2000.-те
2005. Обични луѓе ТВ серија Мандра
2005. Остани исправен Краток филм /
2006. Стрмоглави ТВ филм Јане
2006. Американецот ТВ филм /
2007. Превртено Шефот
2007. Јас сум од Титов Велес Доктор
2010.-те
2010. Шесто чуло ТВ серија Професор Тодоров
2010 2011. Од денес за утре ТВ серија Ал Капоне
2011. Панкот не е мртов Гуру
2012. Скопје ремиx /
2013. Соба со клавир Манагер
2014. До балчак Непознатиот
2017. Фамилијата Марковски ТВ серија Драган
2016-2019. Преспав ТВ серија Археолог Славе/Историчарот
2019. Вера /
2019. Ефектот на среќа Таткото

Награди, признанија и дела

За неговото 22 годишно работно искуство има една награда од ревијата Екрани и наградата која ја добил на меѓународниот фестивал на мали сцени во Риека, Хрватска, за најдобро актерско остварување, односно за најдобра машка улога во претставата Другата страна.

Литература

  • Книгата Досие на Драмски Театар-Биографија за Михајловски Јовица

Надворешни врски