Мите Грозданов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 143: Ред 143:


{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Грозданов, Мите}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Грозданов, Мите}}
[[Категорија:Македонски глумци]]
[[Категорија:Македонски театарски глумци]]
[[Категорија:Македонски филмски глумци]]
[[Категорија:Македонски телевизиски глумци]]
[[Категорија:Југословенски глумци]]
[[Категорија:Глумци од Струмица]]
[[Категорија:Глумци од Струмица]]

Преработка од 12:51, 31 октомври 2019

Мите Грозданов
Роден 14 декември 1943
Струмица
Починал 25 ноември 2018
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Смилевскиот конгрес
Солунски патрдии
Занимање глумец

Мите Грозданов (роден на 14 декември 1943 во Струмица - починал на 25 ноември 2018) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Биографија

Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во ЈугославијаЗлатен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.

Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата "Стрниште затвор за жени", во која што главната улога ја игра актерката Николина Василевска а во неа се појавува и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска.

Филмографија

Филмографија на глумецот Мите Грозданов
Год. Назив Улога
1960.-те
1967. Да видам, да видам што да бидам ТВ мини серија /
1968. Планината на гневот /
1969. Републиката во пламен /
1969. Прозорци ТВ филм /
1969. Време без војна Страјкац (како М. Гроздев)
1969. Книга за Јов ТВ филм /
1970.-те
1971. Црно семе Марко
1972. Истрел /
1973. Залез зад езерската земја ТВ серија Несторица
1973. Сутјеска Член на врховниот штаб
1973. Колнати сме, Ирина /
1973. Смилевскиот конгрес ТВ филм Никола Карев
1975. Волшебното самарче ТВ серија /
1975. Светецот од Слатина ТВ филм /
1977. Итар Пејо ТВ серија Улавиот
1979. Курирот на Гоце ТВ серија Ефтим
1979. Наши години ТВ серија Кјуран
1979. Жена од малтер ТВ филм /
1980.-те
1980. Учителот ТВ филм /
1982. Едно лето ТВ серија /
1982. Илинден ТВ серија /
1984. Комедијанти ТВ серија Џандарот
1985. Ајде да се дружиме ТВ серија /
1986. Среќна нова ’49 Иследникот
1986. Солунски патрдии ТВ серија Јоргос
1986. Климент Охридски ТВ филм /
1984 1987. Случки од животот ТВ серија Васко
1988 1989. Македонски народни приказни ТВ серија /
1990.-те
1990. Трст виа Скопје ТВ серија Адам
1990. Северна грешка ТВ филм /
1991. Опстанок ТВ серија Доктор
1991. Елелига пепелига ТВ серија /
1991. Болва в’уво ТВ филм /
1989 1993. Еурека ТВ серија Стариот Михаил Шолохов
1999. Каца ТВ филм Ристе
2000.-те
2000. Погрешно време ТВ серија Пјер
2000. Македонски народни приказни 2 ТВ серија /
2000. Големи и мали ТВ серија Банката
2001. Глужд во времето ТВ филм /
2006. Мост ТВ филм Марко
2010.-те
2010. Народни приказни ТВ серија /
2016. -{Fighting for Death}- Краток филм Милојко

Награди

  • 1968 година „Златен Ловорев венец“ на Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле
  • Награда „Млад Борец“
  • Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“
  • Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“
  • 1984 година бил прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“

Надворешни врски