Кутлеш: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 73: Ред 73:


[[Категорија:Бер]]
[[Категорија:Бер]]
[[Категорија:Населени места во Егејска Македонија]]
[[Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија]]
[[Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија]]
[[Категорија:Градови во Кралството Македонија]]
[[Категорија:Градови во Кралството Македонија]]

Преработка од 08:45, 26 октомври 2019

Кутлеш
Βεργίνα
Поглед на селото Кутлеш
Поглед на селото Кутлеш
Кутлеш is located in Грција
Кутлеш
Кутлеш
Координати: 40°29′N 22°19′E / 40.483° СГШ; 22.317° ИГД / 40.483; 22.317Координати: 40°29′N 22°19′E / 40.483° СГШ; 22.317° ИГД / 40.483; 22.317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Население (2001)[1]
 • Општ. един.2.478
Заедница
 • Население1246
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Рег. таб.ΗΜ

Кутлеш (грчки: Βεργίνα, Вергина) — гратче во Егејска Македонија, по долното течение на река Бистрица, околу 80 км југозападно од Солун, во областа Централна Македонија, Грција. Денес местото има 1.246 жители и е изградено на подрачјето на древномакедонската престолнина Ајга. Денешниот грчки назив за „Вергина“ е воведен по 1922 година на предлог на митрополитот од Бер според легендарна кралица од античка Вероја. По Лозанскиот договор, кога се извршило масовно населување со бегалци од Мала Азија и соседните области, наречени од локалното население Маџири. Тогаш од поранешните две мали села - Кутлеш и Барбеш кои дотогаш биле беговски имот со само 25 семејства, властите оформиле една населба во која сместиле 131 семејство со потекло од Бугарија и Мала Азија. Ова било практика во цела Егејска Македонија каде за сметка на месното делумно протерано македонско православно и целосно прогонетото муслиманско, како и турско и друго население.[2].

Ајга

Ајга бил еден од позначјните и поголеми градови во времето на Македонското Кралство. Долг период овој град бил и престолнина на кралството поточно од времето на кралот Пердика I (729 - 678 година п.н.е) од аргеадската династија па до кралот Архелај кој ја интензивирал трговијата со соседните земји и поради малку поголемата оддалеченост од морето на Ајга престолнината ја преселил во градот Пела кој подоцна ќе стане главна престолнина на македонските кралеви.

Ѕвездата од Кутлеш

Во 1977 година, по археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос беше откриен гроб за кој се претпоставува дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски, а гробницата денес е прогласена за светско наследство на УНЕСКО. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како „македонско сонце“ или „ѕвезда од Кутлеш“. Овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде кадешто живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница.

Ѕвездата ставена на сина подлога го претставува знамето на Грците од Северна Грција, кои во скоро време за себе го усвоија терминот „Грчки Македонци“ (во однос на спорот со името со Македонија) и на Егејска Македонија во Грција. Според замислата на Грците ова шестнаесетзрачно сонце или ѕвезда е симбол на дванаесетте грчки богови како и океаните (водата), оганот, земјата и небото (воздухот).

Галерија

Обележја

Наводи

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. makedonija.name

Поврзано