Знаме на Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Ред 17: Ред 17:


== Симболизам ==
== Симболизам ==
[[Податотека:MK Сонце во Св. Петка - Радибуш 06.JPG|thumb|мини|десно|Приказ на сонце сличен како на македонското знаме, издлабен на подот пред влезната врата во [[Црква „Св. Петка“ - Радибуш|црквата Света Петка]] во с.[[Радибуш]], Кривопаланечко (XIX век)]]
Македонското сонце претставува „ново сонце на слободата“, како што е и испеано во македонската [[национална химна]] ''[[Денес над Македонија]]'':
Македонското сонце претставува „ново сонце на слободата“, како што е и испеано во македонската [[национална химна]] ''[[Денес над Македонија]]'':



Преработка од 21:37, 25 октомври 2019


Знаме на Македонија
}}
Употреба државно, воено и пловно знаме вексиколошки опис Национален симбол на Македонија.
Сразмер 1:2
Усвоено 5 октомври 1995
Опис Стилизирано златно сонце со осум краци - модификација на Ѕвездата од Кутлеш
Творец Мирослав Грчев

Знамето на Македонија, службено наречено со контроверзното име „знаме на Северна Македонија“ — државно знаме на територијата на Републиката, усвоено на 5 октомври 1995 година кога се сменило етничкото македонско знаме по контроверзен политички пат. Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце, добиено од старото македонско знаме. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.

Симболизам

Приказ на сонце сличен како на македонското знаме, издлабен на подот пред влезната врата во црквата Света Петка во с.Радибуш, Кривопаланечко (XIX век)

Македонското сонце претставува „ново сонце на слободата“, како што е и испеано во македонската национална химна Денес над Македонија:

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата.
Македонците се борат,
за своите правдини!

Сонцето како народен симбол на Македонија и Македонците има долга историска традиција. Тоа било официјален симбол на древномакедонското царство и македонската кралска династија Аргеади на која припаѓале најпознатите македонски цареви Филип и Александар Македонски. Познатата Ѕвезда од Кутлеш која симболизира сонце со 16 зраци била пронајдена на ковчег на кралската гробница на Филип Македонски, а исто така сличен приказ со помал број на сончеви зраци се пронајдени и на бројни борбени штитови кај гробницата во Старо Бонче и други места ширум Македонија. Сонцето е присутно и во народното творештво односно во голем број умотворби како песни, приказни, потоа во градителството и уметноста на фасади и внатрешноста на куќите, цркви, фрески, икони, а било присутно како симбол и во национално-ослободителната борба и движење, особено видливо во знамето на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски. Грееењето на сонцето е исклучително важно за создавањето на неопходната светлина, топлина и температура за нормален живот на земјата, односно за нормално одвивање на сите природни и билошки процеси на луѓето, животните, растенијата и водата во природната средина без што е невозможен опстанок и живот на планетата[1]. Од друга страна, сонцето подеднакво без никакви поделби и дискриминации грее за сите луѓе и живи суштества на планетата[1]. Оттаму, симболиката на сонцето е многу космополитска, слободољубива, либерална, демократска, егалитаристичка, општочовечка — особини кои во голема мера се застапени и во традициите на Македонија, македонскиот народ и граѓани, кои од секогаш мирољубиво живееле без никому да наштетуваат под едно исто сонце[1].

Дизајн и опис

Шаблон за конструкција на знамето.

Официјалниот опис на знамето според Законот на Македонија е следен[2]:

Знамето на Република Македонија е црвено со златно- жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.

Сразмерот на знамето е 1:2 каде се искористени следните бои за да се добие дизајнот:

Систем Црвена Жолта
RGB 216-33-38 248-233-46
хексидецимален формат #D82126 #F8E92E

Создавање на знамето

Процесот на усвојување и промена на државното знаме на Македонија започнал во 1995 година. Летото, тогашната Влада на Македонија го задолжила Мирослав Грчев да подготви идејни решенија за ново знаме и нов грб на државата. Така, за еден месец, Грчев изготвил по 12 дизајни за знаме и грб на Македонија, каде знамињата се делеле на: знамиња со златен диск на црвена основа, знамиња со златен диск кој излегува од границите на знамето, знамиња со златни дискови и триаголни зраци и знамиња со златни дискови и со златни краци на целата основа. При изработка на знамето, Мирослав Грчев морал да внимава на двата критериума поставени од Владата на Македонија[3]:

  1. знамето да ги има истите бои како и претходните македонски знамиња, односно крвава црвена и златно жолта, и
  2. знамето да го има сонцето како единствена апликација.

По поднесувањето на сите 12 дизајна на знамиња и исто толку грбови, Собранието воопшто не расправало за грбот, иако тоа било во план, а како ново знаме се зел последниот предлог на Грчев, односно дизајнот каде сончевите зраци се на целата површина на знамето. Интересно е тоа што в0 оригиналниот дизајн немало одделување на зраците од дискот, туку тоа било отпосле сменето во Собранието. За таа промена, Мирослав Грчев вели дека не е во согласност со графичките, естетските и ликовните правила.[3]

Историски знамиња

Независна Македонија
Знаме на Македонија (1992-1995).

Во периодот од 1992 до 1995 година, како симбол за знамето се употребувала ѕвездата од Кутлеш, што довело до масовни протести во Грција, поради наводните „ексклузивни права“ на користење на симболот од грчка страна. Првиот предлог за знаме на Македонија, односно Ѕвездата од Кутлеш, била поднесена до собранието од Тодор Петров на 6 август 1992 година. Денес ова знаме е македонско национално знаме и го користат македонските заедници и организации во Македонија, соседните држави и странство. Официјалниот опис на првото знаме на Македонија гласел[4]:

Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на дијаметарот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.
СР Македонија
Знаме на СР Македонија од 1946 до 1990 година

Знамето на СР Македонија било државното знаме на оваа федерална единица на СФРЈ. Знамето било усвоено во 1946 година и со тоа било тргнато од употреба знамето на НР Македонија. Знамето на СР Македонија било составено од црвена позадина со златна, неисполнета, петокрака во прицврстениот дел од знамето. Боите се традиционалните македонски бои, а знамето е модификација на знамето на НР Македонија. За разлика од знамето на НР Македонија, знамето на СР Македонија имало потемна црвена боја.

НР Македонија
Знаме на НР Македонија од 1944 до 1946 година

Знамето на НР Македонија било државното знаме на оваа федерална единица на НФР Југославија. Знамето е најверојатно базирано на знамето на македонскиот баталјон „Гоце Делчев“. Знамето на НР Македонија било со црвена позадина и со голема неисполнета петокрака со заоблени краеви која била поставена во средината на знамето. За разлика од знамето на баталјонот, знамето на НР Македонија немала златни граници.

Крушевска Република

Знамето на Крушевската Република е всушност знамето на крушевската востаничка чета. Знамето се користело за време на борбите на крушевските револуционери и подоцна станало „државно“ знаме на оваа република. Знамето има две верзии. Првата верзија на знамето е составена од црвена позадина на која во средината има приказ од две златни поздравени раце кои држат златен факел со два пламена. Под рацете има златен венец, најверојатно дабов, а околу сето ова има златни натписи „смрт или слобода“ („смърт или свобода“) и „знаме на крушовската чета“. Другата верзија на знамето е упростена верзија од првата и е составена од чисто црвена позадина.

Разловечко востание

Знамето на Разловечкото востание од 1876 година, по барање на водачот на востанието Димитар Поп-Георгиев Беровски, било изработено од страна на двете учителки од Солун, баба Недела и Станислава Караиванова. Знамето било изработено на жолта подлога со разјарен црвен лав, и на него пишувало: Македонија и Станете да ве освобода. Тоа го содржи вековниот македонски симбол и земски грб - лавот со натпис Македонија, што е сведоштво за свеста и поврзаноста на македонскиот народ со името Македонија како свое национално име.

Етнички знамиња

Како етнички македонски знамиња се сметаат знамето со Ѕвездата од Кутлеш и знамето со македонскиот златен лав.

Изведени знамиња

Следниве знамиња се знамиња кои се целосно или делумно базирани на старото или новото македонско знаме:

Занимливости

Во 2002, уредниците на World Almanac ги избрале десетте најдобри знамиња на државите од целиот свет. Македонското знаме завршило на второто место. На прво место завршило знамето на Бутан, а на трето место знамето на Кирибати. Останатите позиции до десетто место ги добиле Бразил, Канада, Јапонија, Швајцарија, Сејшелите и Франција.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Шаревски, Марио (01 април 2013). „Под исто сонце“. Скопје: Дневник. Посетено на 24 јануари 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Закон за знамето на Република Македонија
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Предлошка:Цитирана мрежна страница
  4. Закон за знаме на Македонија (1992)

Поврзано

Надворешни врски