Мајден: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
с Wikimk ја премести страницата Мајден на Мајдан: Погрешен назив
(нема разлика)

Преработка од 20:20, 25 октомври 2019

Мајден

Улица во селото

Мајден во рамките на Македонија
Мајден
Местоположба на Мајден во Македонија
Мајден на карта

Карта

Координати 41°9′13″N 21°56′36″E / 41.15361° СГШ; 21.94333° ИГД / 41.15361; 21.94333Координати: 41°9′13″N 21°56′36″E / 41.15361° СГШ; 21.94333° ИГД / 41.15361; 21.94333
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Кавадарци
Област Мариово
Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО
Надм. вис. 780 м
Мајден на општинската карта

Атарот на Мајден во рамките на општината
Мајден на Ризницата

Мајден — раселено село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба

Влез во рудникот за експлоатација на доломит
Селската чешма во селото

Селото се наоѓа во областа Тиквешко Мариово, јужно од Кавадарци, во крајниот југозападен дел на денешната Општина Кавадарци. Атарот се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[1] Селото е планинско, на надморска височина од 780 метри.[1]

За селото не била водена посебна катастарска евиденција.[1]

Историja

Најголемиот подем рудникот го имал во XV и XVI век и во тој период овој регион се развил како рударски и бил познат не само на Балканот, туку и пошироко. Рударската населба Мајдан почнала да се формира од 1877 година. Во тој период рудникот бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун.

Во XIX век, Majden било дел од нахија Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Во рамките на атарот на селото се наоѓа познатиот рудник Алшар.

Во близината на рудникот селото се наоѓа и рудник (површински коп) за експлоатација на доломит. Концесија на користењето на овој рудник формата МАКФЕРТ ДОО. Фирмата има концесија за експлоатација на доломитот од 30 години. Според проценките во рудникот има околу 6.000.000 тони рудна резерва.[2] Со оваа фирма управуваат: Маџаров Јордан, Маџаров Димче, Стамаџиев Ристо.

Население

Селото се наоѓа во фаза на наполно раселување. Тоа во 1961 година броело 306 жители, а во 1994 година само четири жители.[1]

Според пописот од 2002 година, во селото Мајден имало 8 жители, сите Македонци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 105 [4] [4] 39 12 5 4 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место

Селото е опфатено во изборно место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, ’Ржаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 45 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 43 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Реки[12]
Ендемски видови

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 187. Посетено на 12 декември 2017.
  2. url='http://www.makfert.mk/_papki/4_Nie%20+%20kontakt/01_za%20nas.html'%7Cname='Макферт ДОО'
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име попис.
  4. 4,0 4,1 Податоците од населените места Мајден и ’Ржаново, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Рожден.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 12 декември 2017.
  10. „Локални избори 2017“. Посетено на 12 декември 2017.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 мај 2019.
  12. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 13. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски