Глигор Поповски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
Ред 5: Ред 5:


== Литературно творештво ==
== Литературно творештво ==
Својата прва [[книга]] „Сказна за Вилен“ Поповски ја објавил во [[1953]] година. Потоа, Поповски напишал над 30 книги за деца, неколку сликовници, две [[Телевизија|телевизиски]] серии за деца, неколку телевизиски игри за деца и повеќе радио-[[Драма|драми]] за деца. Исто така, има преведено десетина книги за деца од [[Руски јазик|руски]] и [[српски јазик]], а неговите дела се преведени на [[Албански јазик|албански]], [[Турски јазик|турски]], српски, [[Хрватски јазик|хрватски]] и [[словенечки јазик]].<ref>„Белешка за авторот“, во: Глигор Поповски, ''Бојан''. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 257.</ref>
Својата прва [[книга]] „Сказна за Вилен“ Поповски ја објавил во [[1953]] година. Потоа, Поповски напишал над 30 книги за деца, неколку сликовници, две [[Телевизија|телевизиски]] серии за деца, неколку телевизиски игри за деца и повеќе радио-[[Драма|драми]] за деца. Исто така, има преведено десетина книги за деца од [[Руски јазик|руски]] и [[српски јазик]], а неговите дела се преведени на [[Албански јазик|албански]], [[Турски јазик|турски]], српски, [[Хрватски јазик|хрватски]], [[словенечки јазик|словенечки]]<ref>„Белешка за авторот“, во: Глигор Поповски, ''Бојан''. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 257.</ref> и [[украински јазик]].
<br />
<br />
Позначајни дела на Поповски се:<ref>„Белешка за авторот“, во: Глигор Поповски, ''Бојан''. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 258.</ref>
Позначајни дела на Поповски се:<ref>„Белешка за авторот“, во: Глигор Поповски, ''Бојан''. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 258.</ref>

Преработка од 07:39, 9 октомври 2019

Глигор Поповски (Будинарци, Беровско, 1 април 1928 - Скопје, 14 мај, 2007) - македонски писател за деца, поет, раскажувач, романописец и преведувач.[1]

Биографија

Глигор Поповски е роден на 1 април 1928 година, во малешевското село Будинарци. Се школувал во родното село, во Берово и во Струмица, а во Скопје завршил учителска школа. Во 1949 година се вработил во редакцијата на „Пионерски весник“, најпрвин како илустратор, а потоа како соработник. До пензионирањето во 1988 година работел во „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“ како уредник на неколку детски списанија („Титов пионер“, „Развигор“, „Другарче“ и „Росица“), а потоа неколку години бил главен уредник на издавачката дејност.[2]

Литературно творештво

Својата прва книга „Сказна за Вилен“ Поповски ја објавил во 1953 година. Потоа, Поповски напишал над 30 книги за деца, неколку сликовници, две телевизиски серии за деца, неколку телевизиски игри за деца и повеќе радио-драми за деца. Исто така, има преведено десетина книги за деца од руски и српски јазик, а неговите дела се преведени на албански, турски, српски, хрватски, словенечки[3] и украински јазик.
Позначајни дела на Поповски се:[4]

  • Сказна за детето Вилен (1952)
  • Цвет (поезија за деца, 1953)
  • Дрварче (раскази за деца, 1954)
  • Росица (поезија за деца, 1956)
  • Далечен свет (раскази за деца, 1957)
  • Со тротинет по цел свет (поезија за деца, 1958)
  • Било едно дете (раскази за деца, 1959)
  • Мостот (роман за деца, 1959)
  • Црвената рака (роман за деца, 1961)
  • Парада за цвеќињата (поезија за деца, 1964)
  • Чудо во гората (поезија и раскази за деца, 1965)
  • Сказни за Возовија (1967)
  • Сказна за најјунакот (поезија за деца, 1969)
  • Што има зад тополите (раскази за деца, 1969)
  • Морнарот Неп (сказни за деца, 1971)
  • Билјана (раскази за деца, 1972)
  • Испит (роман за деца (1972)
  • Бојан (роман за деца, 1973)
  • Кога тато вози (1977)
  • За поубав свет (поезија за деца, 1978)
  • Планино, убавино (роман за деца, 1979)
  • Разговори за сообраќајот (раскази за деца, 1980)
  • Најтемната ноќ (повест, 1981)
  • Човек со човек (поезија за деца, 1982)
  • Добри мои, добар ден (песни и раскази за деца, 1983)
  • Учителката (роман за деца, 1984)
  • Елен Камен (сказни, 1988)
  • Другата страна (роман за деца, 1991)
  • Шеп, шеп, шеп (гатанки, 1991)

Награди

Поповски е добитник на повеќе награди: „Младо покољење“ (за книгата „Билјана“); „Партизански курир“ (за своето целокупно творештво на тема на НОБ); „13 Ноември“ (за книгата „Најтемната ноќ“); статуетата „Курирче“ (за севкупната дејност); како и две награди на „РТВ-Скопје“ и СВП за најдобра книга за деца („Што има зад тополите“ и „Испит“).[5]

Наводи

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 214 - 215.
  2. „Белешка за авторот“, во: Глигор Поповски, Бојан. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 257.
  3. „Белешка за авторот“, во: Глигор Поповски, Бојан. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 257.
  4. „Белешка за авторот“, во: Глигор Поповски, Бојан. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 258.
  5. „Белешка за авторот“, во: Глигор Поповски, Бојан. Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 258.