Откровение на Јован: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 8: Ред 8:
{{никулец}}
{{никулец}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Книги од Новиот Завет]]
[[Категорија:Книги од Новиот завет]]
[[Категорија:Чуда од Новиот Завет]]
[[Категорија:Чуда од Новиот Завет]]
[[Категорија:Христијанска есхатологија]]
[[Категорија:Христијанска есхатологија]]

Преработка од 20:56, 16 септември 2019

Откровението на Јован или Апокалипса е името на последната книга од Новиот Завет. Во текот на средниот век, таа била разделена на 22 глави.

Според името на текстот, авторот себеси се нарекува Јован, и во првата глава од текстот нагласува дека е слуга на Исус Христос и дека е во затворот во Патмос. Во раното христијанство исклучително се сметало дека автор на овој текст е апостол Јован. Денеска, околу ова прашање постојат мислења дека можеби не се работи за апостол Јован. Откровението било напишано во периодот околу 90 до 100 година.

Откровението е предмет на дискусии и различно толкување на голем број истражувачи и теолози. Самото послание зборува за второто доаѓање на Исус Христос и исполнувањето на божјиот план за победата над злото. Откровението било наменето за христијаните кои биле постојано прогонувани во империјата.