Европска страчка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
Ред 17: Ред 17:
}}
}}


'''Европската страчка''' ({{науч|Pica pica}}) е вид [[птица]] со долга, сјајна зеленкаста опашка и сјајни силни [[крила]].
'''Европска страчка''' ({{науч|Pica pica}}) {{--}} вид [[птица]] со долга, сјајна зеленкаста опашка и сјајни силни [[крила]].


== Карактеристики ==
== Карактеристики ==

Преработка од 10:44, 16 септември 2019

Европска страчка (науч. Pica pica) — вид птица со долга, сјајна зеленкаста опашка и сјајни силни крила.

Карактеристики

Европската страчка живее во мали јата, со тоа што на преноќувалиштата и на зимските одморалишта можат да сее соберат повеќе од 100 птици. Во поголеми групи се здружуваат и на пролет, во текот на додворувањето. Мажјаците им се додворуваат на женките така што ги креваат и спуштаат пердувите на главата и брзо ја шират и собираат опашката. Притоа и се огласуваат на посебен начин. Големите гнезда ги градат високо на дрвјата, тие се со куполеста форма, и се изградени од гранчиња. Во април женките во гнездата снесуваат 5-10 мали јајца. Се хранат претежно со животинска храна - јајца, мали птици, цицачи и бубачки, но јадат и семки од растенија. Воглавно не избегнуваат населени подрачја и често доаѓаат во близина на луѓе. Мошне се интелегентни и познато е дека крадат сјајни предмети. Од забава, во пар задеваат домашни миленичиња, особено мачки, но и луѓе во паркови и на голф-турнири.[1]

Наводи

  1. Животинско Царство. стр. 50-100