Градец (Виничко): Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°50′12″N 22°30′58″E / 41.83667° СГШ; 22.51611° ИГД / 41.83667; 22.51611
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ред 141: Ред 141:
|'''1.245'''
|'''1.245'''
|}
|}

==Администрација и Политика==

Во селото постои изборното место бр. 0315,0315/1 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на основното училиште с.градец

На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 1.125 гласачи.


== Самоуправа и политика ==
== Самоуправа и политика ==

Преработка од 17:17, 8 август 2019

Градец

Поглед на селото Градец

Градец во рамките на Македонија
Градец
Местоположба на Градец во Македонија
Градец на карта

Карта

Координати 41°50′12″N 22°30′58″E / 41.83667° СГШ; 22.51611° ИГД / 41.83667; 22.51611
Регион Источен регион
Општина Општина Виница
Пошт. бр. 2310
Повик. бр. 033
Шифра на КО 05004
Надм. вис. 510 м
Градец на општинската карта

Атарот на Градец во рамките на општината
Градец на Ризницата

Градецсело во Општина Виница, кое се наоѓа во самото подножје на планината Плачковица, во околината на градот Виница.

Географијa и местоположба

Поглед на Градец

Селото се наоѓа на 4 километри јужно од градот Виница, на падините на планината Плачковица, на надморска висина од 510 метри. Атарот на селото е голем и зафаќа површина од 59 км2, во чии рамки доминираат шуми со површина од 4.141,2 ха, потоа следуваат пасишта со 1.264,1 ха и обработливо земјиште со 423,1 ха. Атарот се издига до сртот на Плачковица, каде што се граничи со териториите на општините Карбинци и Радовиш. Со оглед на тоа дека селото се наоѓа на оддалеченост од неколку километри од Виница, Градец припаѓа на рурбалната зона на ова централно место.[1] Низ селото тече Градечка Река, којашто е змачајна за наводнувањето на Виничко Поле, а претставува и извор за производство на електрична енергија.

Во април 2011 година е изготвен урбанистички план со кој е планирано изградба на нова населба Градец, којашто се предвидува да биде расположена на просторот меѓу Градец и Виница.[2]

Стопанство

Населението во селото главно се занимава со земјоделство и лов. Во поглед на земјоделството, селото има мешовита функција.[1]

Во непосредна близина на селото, во правец кон планината Плачковица, се наоѓа МХЕ „Градечка Река“, којашто има моќност од 0,7 MW. Акумулацијата на реката е изградена на околу 2 км од централата.

Население

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 700 жители, сите Турци.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало 1.245 жители[4], од кои 1.215 Македонци, 21 Ром и 9 Турци.

Разгледувајќи го бројот на населението во текот на ХХ век, за Градец може да се забележи дека тоа покажува стабилност и постојаност на бројот на своите жители, кој постојано е над 1.000 жители. Според пописот во 1948 година, во селото живееле 1.513 лица; додека најголем број на жители е забележан на пописот во 1953 година, кога во селото живееле 1.639 лица. По 1953 година е забележан пад на бројот на населението во селото, па така на пописот во 1971 тоа изнесувало 1.132 лица, што претставува најмал број на населението на некој од спроведение пописи. Бројот на населението на пописите по 1971 години се одржувал на нивото од околу 1.200 жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 700 / 1.513 1.639 1.312 1.132 1.244 1.184 1.175 1.245
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.513
1953 1 1 1.614 18 1 ... 4 1.639
1961 485 818 ... ... ... 9 1.312
1971 968 160 ... 1 ... 3 1.132
1981 1.141 98 2 ... 3 1.244
1991 1.159 23 2 1.184
1994 1.162 11 1 1 1.175
2002 1.215 9 21 1 1.245

Администрација и Политика

Во селото постои изборното место бр. 0315,0315/1 според Државната изборна комисија.које сместено во објектот на основното училиште с.градец

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 1.125 гласачи.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа во рамките на Општина Виница, во чијшто состав е според сите административни поделби од 1952 година. Во периодот од 1950 до 1952 година, истото претставувало посебна општина во рамки на Кочанската околија.

Општествени установи

Поглед на црквата Св. Илија во Градец

Во селото се наоѓа подрачно училиште на ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница. Покрај тоа, во селото има дрводелска, односно автомеханичарска и лимарска работилница, амбуланта, продавници и угостителски објекти.[1]

Културни и природни знаменитости

Цркви[10]
Археолошки наоѓалишта[11]

Во селото исто така може да се забележат остатоци од минаре, што укажува на тоа дека во минатото во него имало џамија.

Галерија

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 83.
  2. Пејчиновска-Андонова, Славјанка (март–април 2011). „Извештај за стратегиска оцена на плански документ врз животната средина: Урбанистички план за село „Нова населба Градец", Општина Виница, плански период 2010-2020“ (PDF). Скопје: Друштво за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ ДООЕЛ Скопје. стр. 46. Посетено на 7 јуни 2016.CS1-одржување: датумски формат (link)
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име попис.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  10. Предлошка:Цитирана книга
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Предлошка:Населени места во општина Виница