Видовиште: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД / 41.85417; 22.44417
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 135: Ред 135:
* Ромски род: Караци (2 к.) православни се, и зборуваат на македонски, доселени се од селото [[Радибуш]].
* Ромски род: Караци (2 к.) православни се, и зборуваат на македонски, доселени се од селото [[Радибуш]].
* Македонско муслимански род: Велиовци (1 к.) доселени се во 1958 година од селото [[Стар Истевник]], кај Делчево.<ref>{{Наведена книга|title=Кочанска Котлина|last=Трифуноски|first=Јован|publisher=|year=1970|isbn=|location=Скопје|pages=124-125-126-127}}</ref>
* Македонско муслимански род: Велиовци (1 к.) доселени се во 1958 година од селото [[Стар Истевник]], кај Делчево.<ref>{{Наведена книга|title=Кочанска Котлина|last=Трифуноски|first=Јован|publisher=|year=1970|isbn=|location=Скопје|pages=124-125-126-127}}</ref>

==Администрација и Политика==

Во селото постои изборното место бр. 0888 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на месна заедница с.видовиште

На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 357 гласачи.


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==

Преработка од 16:32, 8 август 2019

Видовиште
Видовиште во рамките на Македонија
Видовиште
Местоположба на Видовиште во Македонија
Видовиште на карта

Карта

Координати 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД / 41.85417; 22.44417
Регион Кочанско Поле
Општина Општина Зрновци
Шифра на КО 13005
Надм. вис. 482 м. м
Видовиште на општинската карта

Атарот на Видовиште во рамките на општината
Видовиште на Ризницата

Видовиште — село во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани. Според пописот од 2002 година, селото имало 494 жители.

Географиja и местоположба

Населбата се наоѓа во јужниот дел на Кочанско Поле, меѓу левата страна на реката Брегалница и северозападните огранки на Плачковица. Селото е ридско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Кочани населбата е оддалечена 12 километри. Атарот зафаќа површина од 8,3 км2. [1]

Историja

Селото во 19 век било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 520 жители, од кои 500 Турци и 20 Роми.[2] Сепак, бугарскиот публицист Димитар Мишев во 1905 година забележал дека селото имало и 64 христијани (Македонци).[3]

Економија

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Демографија

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 494 жители, од кои 481 Македонец и 13 Власи.

На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години: [4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 515
1953 469 82 32 39 1 623
1961 618 ... 49 667
1971 681 681
1981 629 14 585
1991 529 22 551
1994 518 23 541
2002 481 13 494

Родови

Видовиште е македонско-влашко село, а во минатото во селото имало и турски и ромски родови.

  • Турски родови биле: Мустафовци (1 к.), Али Агини (1 к.) и Али Даутовци (1 к.), а до крајот на турското владеење имало многу повеќе турски родови, кои во селото се населиле во 18ти век.
  • Влашки родови: Атанас (1 к.), Ѓорге (1 к.), Косто (1 к.), Санто (1 к.) и Ташко (1 к.) населени се 1925 година на земја и куќи кои ги купиле од иселените Турци.
  • Македонски родови: Анѓеловци (5 к.), Пешовци (3 к.), Младеновци (2 к.) и Арсовци (1 к.) доселени се од селото Конопница, кривопаланечко; Миладиновци (5 к.), Станковци (2 к.), Радојковци (2 к.), Павлевци (1 к.) и Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Добровница, кривопаланечко; Јаќимовци (1 к.) и Анѓеловци (1 к.) доселени се од селото Осиче, кривопаланечко; Димитровци (1 к.) доселени се од селото Подржи коњ, кривопаланечко; Вучковци (1 к.) доселени се од селото Кркља, кривопаланечко; Анѓеловци (4 к.), Митковци (1 к.), Јаќимовци (1 к.), Шунда (1 к.), Смилковци (1 к.), Станојковци (1 к.) и Бошковци (1 к.) доселени се од селото Црцорија, кривопаланечко; Јордановци (3 к.) доселени се од селото Мождивњак, кривопаланечко; Пауновци (2 к.), Диле (1 к.), Ристевци (1 к.), и Серафимовци (1 к.) доселени се од селото Дурачка Река, кривопаланечко; Станојевци (2 к.) и Божиловци (1 к.) доселени се од селото Крстов Дол, кривопаланечко; Анчевци (1 к.) и Китановци (1 к.) доселени се од селото Дренак, кривопаланечко; Митевци (2 к.) доселени се од селото Киселица, кривопаланечко; Ивановци (1 к.) доселени се од селото Длабочица, кривопаланечко; Стојанчевци (1 к.) доселени се од селото Узем, кривопаланечко; Стојменовци (2 к.) доселени се од селото Железница; Ивановци (1 к.) доселени се од селото Крива Јаболка; Стојиловци (3 к.) доселени се од селото Ново Село, радовишко; Димитријевци (2 к.), Петровци (2 к.) и Николовци (1 к.) доселени се од селото Костин Дол; Стојан Говедар (1 к.), Арсовци (1 к.) и Темелковци (1 к.) доселени се од селото Главовица; Доневци (3 к.) доселени се од селото Саса, кај Македонска Каменица; Крстевци (2 к.) и Спасевци (2 к.) доселени се од селото Цера, кај Македонска Каменица; Даневци (1 к.) доселени се од селото Длаги Дол; Постоловци (1 к.) доселени се од селото Небојани. Македонски родови се доселени почнувајќи од 1926 година па до крајот на 50тите.
  • Ромски род: Караци (2 к.) православни се, и зборуваат на македонски, доселени се од селото Радибуш.
  • Македонско муслимански род: Велиовци (1 к.) доселени се во 1958 година од селото Стар Истевник, кај Делчево.[5]

Администрација и Политика

Во селото постои изборното место бр. 0888 според Државната изборна комисија.које сместено во објектот на месна заедница с.видовиште

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 357 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви[6]

Наводи

  1. Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр.44.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје. стр. 124-125–126-127.
  6. Предлошка:Цитирана книга

Поврзано

Надворешни врски