Пантелеј: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°57′57″N 22°19′00″E / 41.96583° СГШ; 22.31667° ИГД / 41.96583; 22.31667
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 88: Ред 88:


Една друга легенда вели дека порано селото било над изворот „Трештена вода“, но после ударот од гром во самиот извор, селаните го напуштиле местото и се населиле на местото каде што се наоѓа сега селото Пантелеј.
Една друга легенда вели дека порано селото било над изворот „Трештена вода“, но после ударот од гром во самиот извор, селаните го напуштиле местото и се населиле на местото каде што се наоѓа сега селото Пантелеј.

==Администрација и Политика==

Во селото постои изборното место бр. 0871 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на село с.пантелеј

На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 41 гласачи.


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==

Преработка од 14:35, 8 август 2019

Пантелеј е рурална населба во Општина Кочани.

Пантелеј

Пантелеј

Пантелеј во рамките на Македонија
Пантелеј
Местоположба на Пантелеј во Македонија
Пантелеј на карта

Карта

Координати 41°57′57″N 22°19′00″E / 41.96583° СГШ; 22.31667° ИГД / 41.96583; 22.31667
Општина Кочани
Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13030
Надм. вис. 766 м м
Пантелеј на општинската карта

Атарот на Пантелеј во рамките на општината
Пантелеј на Ризницата

Географиja и местоположба

Пантелеј се наоѓа 12 km северозападно од Кочани, на 766 m надморска височина. Населбата се наоѓа на спојот помеѓу ридскиот и планинскиот југозападен дел на Осоговските планини.

Местото е богато со природни извори. Познати природни извори, кои од локалното население се третираат како лековити се „Трештена вода“, која извира од карпа во местото викано Трештеник, потоа споменатата „Црна вода“ и исто така споменатата вода во манастирот Св. Пантелејмон.[1]

Демографија

Населението во Пантелеј е етнички чисто и е 100% македонско.

Родови

Пантелеј е македонско село.

Родови во селото се: Динчини (7 к.), Дедо-Дамјановци (6 к.), Дедо-Стојилковци (4 к.), Величковци (3 к.), Цековци (2 к.), Карафиловци (2 к.) и Пепелари (1 к.) потекнуваат од предци кои се доселени, но не знаат од каде, најстари родови се во селото; Рогуши или Дедо-Вучковци (4 к.) доселени се од селото Длаги Дол, ја знаат следната генеологија Јордан (жив на 80 год. крајот на 50тите) Стојко-Анѓел-Вучко, кој се доселил во селото; Дедо-Димовци (5 к.) доселени се од селото Саса кај Македонска Каменица; Дедо-Марковци (7 к.), Дедо-Трајчевци (1 к.) и Постоловци (2 к.) доселени се однекаде.[2]

Културни и природни знаменитости

Манастирот „Св. Пантелејмон“
  • Манастир “Св. Пантелејмон“
  • Црква “Св. Богородица“
  • Извор „Трештена вода“

Традиција

Пантелеј има своја вековна традиција, која делумно се негува и до ден денес. Најпознат празник што се чествува е Св. Пантелејмон на 9 август, а „селската слава“ е на Илинден.

Покрај празниците Пантелеј има и некои други традиционални обележја, како што е ловењето на пчели во т.н. бритви, кои всушност се ископани отвори во карпи, премачкани со маточина и затворени со штици, во кои во мај и јуни се вселуваат пчелни семејства, кои потоа локалното население ги вади и ги пренесува во своите пчеларници.

Историја

Манастирот „Св. Пантелејмон“ и селото Пантелеј постоеле уште во времето на владеење на српскиот жупан Стефан Немања (1166-1196), но со поинаква местоположба од денешната. Старата населба Пантелеј (Нантеген) веројатно се наоѓала северозападно од денешната местоположба, во месноста Трештеник каде постојат ѕидини, остатоци од некогашните куќи. Во тој временски период во близина на населбата постоела црква, посветена на големиот лекар и великомаченик Св. Пантелејмон. Населбата и црквата опстанале доста време. Преживеале голем дел од Османлиското владеење, па дури и периодот на владеење на султанот Селим I(1512-1520), кој пред крајот на своето владеење издал заповед, сите христијански храмови изградени од камен да се претворат во џамии, а на христијанското население да му биде дозволено правење на исклучиво храмови од дрвен материјал. Но, овој закон не бил спроведен од страна на отоманските власти, поради стравот од бунт на мнозинското христијанско население.

Во 1519 година, населбата имала вкупно 11 семејства. Во 1570, населбата веќе имала 32 семејства, со некаде околу 160-180 жители.

Населението било доста приврзано за црквата св. Пантелејмон, каде што секоја година се организирал собир, но со уривањето на црквата од страна на властите на султанот Мехмед IV(1648-1687), народот со годините ја губел желбата повторно да се собира на местото на урнатата црква, поради тешката економска состојба.

Преселбата од месноста Трештеник на денешната локација на Пантелеј започнала околу 1780-90 година, од претпоставка дека кај изворот Трештеник удрил гром, по што населението го сфатило како лош знак и затоа се иселило.

Како и секоја населба, така и Пантелеј имало одреден христијански празник, кој населбата го празнувала на 2 Август, ден Илинден. Прославата населението ја организирало на местото Побиен Камен.

Текот на настаните го сменил Ѓулханскиот хатишериф(Ѓулхан-дворец хатишериф-наредба од Султанот), кој бил донесен на 3 Ноември 1839 година. Во него се прокламирала целосна рамноправност помеѓу населението пред законот, без разлика на неговата етничка или верска припадност. И покрај тешкото спроведување, ова било значаен чекор во модернизацијата на Отоманската Империја, која значително заостанувала позади своите тогашни ривали, Австро-Унгарија и Русија. Ова било потврдено на 18 Февруари 1859 година, со што султанот им ветувал на странските земји дека во неговата империја населението е рамноправно. Така, населението сега можело повторно да ги изгради своите храмови, кои што и покрај отпорот на муслиманското население биле изградени. Во 1872, во Пантелеј била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“, а во 1885 и познатиот манастир св. Пантелејмон.

Во времето на Отоманското владеење во селото постоел турски чифлик. Сопственикот на чифликот живеел во селото Теранци, сместено на северниот дел од подножјето на планината Плачковица. Бидејќи стравувал дека може да го загуби чифликот, поради тоа што бил блиску до пошумениот дел на Осоговијата и со тоа постоела опасност да биде нападнат од комити, одлучил да го продаде. За чифликот не биле заинтересирани други Турци, туку само тројца браќа, христијани, со нивните семејства, со прекар Рогуши од селото Длги дел, кое се наоѓало длабоко во планината на југозападниот дел од Царев Врв (Султан тепе). Овие браќа Ангел, Митко и Каро, кои пред населувањето во Длги дел биле прогонети од Паланечкиот регион заради убиство на тројца Турци, сакале да го купат целиот имот со злато кое, според нив, го пронашле во планината. На тоа реагирале локалните Отомански власти, бидејќи според нив не било логично продавање на имот на поробеното население. Тогаш сопственикот на чифликот се договорил со локалниот кадија со помош на мито да дозволи чифликот да се продаде. Така, подоцна со соработка со турските власти, Каро стекнал огромно богатство за тогашниот просечен Македонец. Подоцна дел од тој чифлик од истата фамилија е подарен на црквата за изградба на црквата Св. Богородица и манастирот Св. Пантелејмон. Во времето на Кралството СХС, и подоцна Кралство Југославија, низ селото минувал воен пат (калдрма) што го поврзувал Кочани со воените објекти на Кралската војска на Пониква.

Легенди

На Нејтана Дамева, млада девојка од ова село, која била родена слепа, на сон ѝ се прикажало место во близината, да појде таму, да копа и дека ќе најде извор, од чија вода ќе си ги измие очите и ќе прогледа. Утредента го прашала својот татко дали е тоа височинката каде што слушнала дека има sидови од разрушена црква и откако тој и потврдил, таа со помош на дрвен стап стигнала до сонуваното место. Веднаш почнала да копа со рацете, но извор немало. Минувачите, гледајќи ја како се мачи и не разбирајќи ја, и викале да престане да копа. Криејќи ја причината зошто си ги крвави рацете по урнатините, Нејтана упорно продолжила да копа. Но, извор и вода не пронашла.

Очајна и преморена легнала тешко болна. На претсмртниот час, слепата девојка на селаните им кажала за својот сон, за лековитата вода што ја сонила и за желбата да прогледа. Малку после нејзината смрт бил пронајден изворот на Нејтана, кој брзо се расчул по својата лековитост. Таму почнале да се собираат луѓе што барале здравје за разни болести, раскажуваат најстарите пантелејци, она што го запаметиле од своите татковци и дедовци за тоа како и зошто почнал да се подига манастирот “Свети Пантелејмон”.

Според запишаните преданија, во шеесеттите години на 19 век двајца калуѓери од манастирот во Лесново, Кирил и Харалампија (нивните имиња, напишани на старословенски јазик, се наоѓаат на записот над влезната порта на помалата манастирска црква “Св. Богородица”), сониле ист сон за лековитиот извор, го нашле и решиле да останат да живеат крај водата што лекува и тука да изградат црква. Но османлиската власт ова не го дозволувала сè додека некој богат Турчин од Кочани не се излекувал од лековитиот извор и со своето влијание помогнал при обезбедувањето ферман за изградба на црква. Најпрвин, во 1872 година била подигната помалата црква “Св. Богородица” и неколку години подоцна и поголемата “Св. Пантелејмон”.

Изворот што го сонила слепата Нејтана се наоѓа во поголемата црква, веднаш до олтарот. Непосредно под манастирот се наоѓа уште еден извор, за кој се вели дека е “единствен таков во Македонија”. Се нарекува “црна вода”, бидејќи истекува од длабнатина (дупка) од светиот црн цер (црн бор), се црпи со мало лажиче и има мирис и вкус сличен на кока - кола. “Црната вода” помага при лекување болки во коските и зглобовите.

Селаните раскажуваат за настан од пред многу години. Во Пантелеј дошле три момчиња од кои едното било парализирано. Свештениците ги одвеле кај “црната вода”. Потоа момчињата си заминале и приквечер се вратиле во манастирот со бовчалак, објаснувајќи дека нивниот другар почнал да ја движи ногата откако се напил од водичката од светиот цер и од онаа во црквата.

Во манастирскиот комплекс “Св. Пантелејмон” најживо е на секој 9 август, кога е денот на Свети Пантелејмон. Во дворот и опкружувањето на овој храм на христијанството тогаш има по десетици илјади верници и граѓани. Црковниот врв држи света литургија, а луѓето влегуваат во црквата да се помолат, се мијат со водата од изворот и ја пијат, сметајќи дека им носи здравје.

Една друга легенда вели дека порано селото било над изворот „Трештена вода“, но после ударот од гром во самиот извор, селаните го напуштиле местото и се населиле на местото каде што се наоѓа сега селото Пантелеј.

Администрација и Политика

Во селото постои изборното место бр. 0871 според Државната изборна комисија.које сместено во објектот на село с.пантелеј

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 41 гласачи.

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Пантелеј

Извори

  1. Пантелеј
  2. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.

Предлошка:Села во Општина Кочани