Оризари (Кочанско): Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 85: Ред 85:
* Библиотека „Искра“
* Библиотека „Искра“
* Основно училиште „Крсте П. Мисирков“
* Основно училиште „Крсте П. Мисирков“

==Администрација и Политика==

Во селото постои изборното место бр. 0898,0899,0900,0901 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на основното училиште амбуланта и сала на дом на култура с.оризари

На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 3.120 гласачи.


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==

Преработка од 14:32, 8 август 2019

Оризари

Оризари и Оризарска Река

Оризари во рамките на Македонија
Оризари
Местоположба на Оризари во Македонија
Оризари на карта

Карта

Координати 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД / 41.92250; 22.44611
Општина Кочани
Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13029
Надм. вис. 361 м
Оризари на општинската карта

Атарот на Оризари во рамките на општината
Оризари на Ризницата
Грб на поранешната Општина Оризари.

Оризари е приградска населба на градот Кочани.

Географиja и местоположба

Оризари е ридско-рамничарска населба што се наоѓа на источната страна од Кочани, сместена на двете страни од Оризарска Река, или како што мештаните ја нарекуваат - Масалница. Должината на населбата изнесува 2,6 км во правецот север-југ, под текот на реката. Просечната надморска височина на која се наоѓа населбата изнесува 361 метар.

Со оглед на интензивната изградба на станбени и други објекти, Оризари веќе е приградска населба на Кочани.

Панорама на Оризари

Историja

Во четириесеттите години од XX век Оризари го сочинувале три посебни населби со две одделени маала, и тоа: селото Оризари со Коларско (Лештанско) маало, од левата страна на реката, потоа селото Устран Дол со маалото Дулевци, од десната страна на реката и селото Витоша од левата страна на реката, над селото Оризари, а спротивно од Устран Дол.

Во секое од селата имало посебни гробишта, кои се уште се во функција. Постоеле и турски гробишта, на локација што се наоѓала на јужната страна на Витоша. Имено, до 1912 година Витоша било населено исклучиво со Турци, кои по Првата балканска војна целосно се иселиле.

Училиштето, во тоа време четиригодишно, било заедничко за сите три села, а објектот се наоѓал во Оризари, јужно од црквата, на местото на постојниот ваковски дом (куќа). Бидејќи тоа не ги задоволувало нараснатите потреби од зголемениот број ученици, во учебната 1939/40 во употреба било предадена нова училишна зграда.

Легенда за името

Многу одамна, високо над селото, во реонот на Добра вода, во месностите Бела и Црна Црква, постоело населено место. Од него, во тогашното село се доселила една жена по име Јордана со своите два сина Вито и Тошо, според чиј акроним (Вито+Тошо=Витошо, Витоша) се смета дека селото подоцна и го добило името.[1]

Легенда за Оризари (2)

Оваа легенда се прераскажува низ генерациите овде. Имено некогаш во Оризари владеала “голема чума“ која го “косела“ населението. За да се спасат од чумата двајца браќа- близнаци од Оризари со помош на два вола, исто така близнаци, и со рало “самотворка“ го заорале Оризари. При орање велеле: “ори-заори“, и се така во една насока и во повторна насока. Според преданието така “болеста не можела да работи и да го уништува населението“ . Па според ова предание преку овие два збора “ори-заори“ Оризари го добило и своето име.

Легенда за Оризари (3)

Според некои кажувања легендата за името на Оризари датира од втората половина на 9 век во времето на Константин Брегалнички, кој како епископ владеал по течението на реката Брегалница во овие краеви. Овој епископ илам голем број на помошници-свештени лица а најпознат меѓу нив бил отец Арсо (Арсениј) . За својата преданост кон епископот,црквата и народот како заслужен свештеник Константин како награда на поп Арсо му одобрил средства да го посети гробот на Исус Христос во Ерусалим. Поп Арсо (отец Арсениј) со радост ја прифатил довербата и отпатувал за Ерусалим. По посетата на гробот на Исус Христос, имал време и услови да го разгледа и градот. На пазарот немало што нема.Во една вреќа видел семе-оризова арпа.Од продавачот побарал објаснување за тоа како се одгледува оваа култура,на каква почва расте и купил еден килограм од оризовата арпа. Но семиња преку граница тешко се пренесувале. Според едни кажувања поп Арсо купил бастун со внатрешна празнина и ја наполнил празнината со арпа, а според други пак купил гуска. Ја огладнел многу и на гуската и го дал семето да го исколва.Пред да дојде на граничната контрола ја заклал гуската и така ја пренел со оризовата арпа. На безбедно место од гушата го извадил семето, а гуската ја дал на анџијата, да му ја подготви за вечера. Когха го донел семето,уште истата пролет на подготвена почва го посеал на нива во близина на сегашно Оризари. Во октомври го собрал целото семе.Идната година од семето дал и на други и така секоја година по година семето успевало и се проширувале површините. Оризопроизводителството се стабилизирало и станало доходовна гранка во земјоделството во овој крај и меѓу жителите на оризари. Од тука семето се проширило и во другите населени места во Брегалничката Котлина, а поради оваа култура Оризари го добило и своето име.

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во селото Оризари заедно со маалата Устран Дол и Витоша имало 1.665 жители, од кои 900 Македонци, 610 Турци, 150 Роми и 5 Албанци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Оризари имало 576 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Оризари живеат 3.776 жители, од кои 3.768 Македонци, 2 Срби, 1 Влав и 4 останати.[4] На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.665[2] 576[3] 1.497 1.677 2.154 2.808 3.475 3.957 3.795 3.776

Општествени институции

  • Амбуланта
  • Библиотека „Искра“
  • Основно училиште „Крсте П. Мисирков“

Администрација и Политика

Во селото постои изборното место бр. 0898,0899,0900,0901 според Државната изборна комисија.које сместено во објектот на основното училиште амбуланта и сала на дом на култура с.оризари

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 3.120 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Култура и спорт

Во селото постои Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“.

Активен е и фудбалскиот клуб Младост кој една сезона има играно во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).

Извори

  1. Оризари во четвртата деценија на XX век, Љупчо Тодоров Симеонов, монографија, 1999 год.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Предлошка:Села во Општина Кочани