Мојанци (Кочанско): Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°51′36″N 22°23′04″E / 41.86000° СГШ; 22.38444° ИГД / 41.86000; 22.38444
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 77: Ред 77:
|556
|556
|}
|}

==Администрација и Политика==

Во селото постои изборното место бр. 0866 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на ресторант на задругата с.мојанци

На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 443 гласачи.


== Спорт ==
== Спорт ==

Преработка од 14:17, 8 август 2019

Мојанци
Мојанци во рамките на Македонија
Мојанци
Местоположба на Мојанци во Македонија
Мојанци на карта

Карта

Координати 41°51′36″N 22°23′04″E / 41.86000° СГШ; 22.38444° ИГД / 41.86000; 22.38444
Општина Кочани
Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13022
Надм. вис. 310 м
Мојанци на општинската карта

Атарот на Мојанци во рамките на општината
Мојанци на Ризницата

Мојанци е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Географиja и местоположба

Мојанци се наоѓа на десната страна од патот Штип-Кочани, оддалечено околу 3 километри пред Кочани.

Селото се наоѓа на дното од Кочанска Котлина на надморска височина од 312 метри. Опкружено со плодно поле со првокласна обработлива почва и прекрасни оризови полиња.

На југ, на оддалеченост од околу 6 километри почнуваат северните падини на планината Плачковица. На север на околу 6 километри почнуваат јужните падини на Осоговските Планини. На југ на околу 1.5 километри од Мојанци тече реката Брегалница.

Историja

Селото е основано помеѓу двете светски војни, во времето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во тој период Србија водела интензивна кампања за колонизација на Македонија како дел од стратегијата за посрбување. Бидејќи селото лежи во плодната Кочанска Kотлина на земјоделско земјиште од прва класа истото било колонизирано, а земјата доделена на српски фамилии. Македонското население било работна сила за обработка на земјата, ситуацијата наликувала многу на феудализам од средниот век.

По Втората светска војна на дел од жителите им биле доделени земјоделски површини.

Подоцна, кога настапила насила денационализацијата, дел од земјата пак им е одземена на земјоделците и формирани се т.н. задруги. По 1999 година одкако отпочна посериозен процес на денационализација во Република Македонија, дел од земјата повторно им се врати на поранешните сопственици.

По Втората Светска Војна, во селото се населиле семејства од Кривопаланечкиот крај, како и ромски православни семејства кои сега се околу 15% по бројност во ова село од околу 150 куќи.

Економија

Иако малку семејства поседуваат повеќе од 1 хектар обработливо земјиште, сепак земјоделството е клучна дејност, посебно одгледувањето на ориз, раноградинарски производи (пипер, домат итн.) Поголемиот дел од семејствата се занимаваат со земјоделство како споредна дејност додека се вработени во Кочани, Виница или Штип. Во периодот после 1990 година, селото се соочува со егзодус кој главно се должи на лошите социо-економски услови во Македонија. Најголемиот број на млади заминуваат на работа и остануваат да живеат во Италија. Во помал дел заминуваат и во други западно-европски и прекуокеански земји.

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мојанци живееле 125 жители, од кои 75 Македонци и 50 Роми.

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мојанци имало 96 Македонци, егзархисти и 48 Роми.[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 556 жители, од кои 554 Македонци и 2 останати.[2]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[3]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 125[4] 144[5] 228 369 507 574 585 606 578 556

Администрација и Политика

Во селото постои изборното место бр. 0866 според Државната изборна комисија.које сместено во објектот на ресторант на задругата с.мојанци

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 443 гласачи.

Спорт

Во селото најпопуларен е фудбалот и има турнири за големите празници во кои учествуваат голем број локални фудбалски клубови.

Предлошка:Села во Општина Кочани

  1. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122.
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.