Еган Бернал: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
с ставена Категорија:Луѓе од Богота користејќи го HotCat
Ред 148: Ред 148:
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Колумбиски велосипедисти]]
[[Категорија:Колумбиски велосипедисти]]
[[Категорија:Луѓе од Богота]]

Преработка од 00:34, 31 јули 2019

Еган Бернал
Бернал на националното првенство 2018
Лични податоци
Цело имеЕган Арлеј Бернал Гомес
Роден13 јануари 1997(1997-01-13)(27 г.)
Богота,  Колумбија[1]
Висина1,75 м
Маса60 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Професионални клубови
2016–2017
2018-
Андрони Џокатоли-Сидермек
Тим Скај
Значајни победи
Етапни трки
Париз-Ница (2019)
Трка околу Калифорнија (2018)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2018)
Последна промена
7 април 2019

Еган Арлеј Бернал Гомес (шпански: Egan Arley Bernal Gómez; р. 13 јануари 1997) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[2]

Кариера

Рана кариера

По успешната 2017, освоил две етапи и крајниот пласман на Тур де л’Авенир, Бернал потпишал за Тим Скај за следната сезона.

2018

Бернал го имал својот прв настап за Тим Скај на Тур Даун Андер 2018 како предводник на екипата,[3] каде го освоил пласманот за млад возач и завршил на шестото место во генералниот пласман.

Во февруари 2018 година, Бернал го освоил националното хронометарско првенство. Потоа ја прославил првата победа со Тим Скај, освојувајќи го генералниот пласман на првото издание на Колумбија Оро и Паз, додека Наиро Кинтана завршил втор. Бернал ја обезбедил победата со напад на завршното искачување од 20 километри последниот ден пред да заврши втор, Бернал победи и покрај тоа што неговиот сонародник Серхио Енао бил првично означен како предводник на екипата.[4] За неговата победа, Бернал изјавил:

„Ова е важна победа од многу причини. Тоа е една од првите трки со екипата, тоа прва трка на која победив со екипата и бидејќи е во Колумбија. Тоа е прва трка 2.1 во Колумбија и јас победив, тоа навистина посебно“

По трката, спортскиот директор на Тим Скај, Николас Портал коментирал за неговиот развој, изјавувајќи:

„Ние имаме момци кои се во екипата да победат и некои кои сакаме да ги развиваме. Веројатно во другите екипи може да биде предводник на секоја трка, но ние сакаме да му дадеме можност да работи со најдобрите, да види што може да направи, потоа да биде голем, голем предводник кој ќе знае точно што да очекува“.

Следна трка на Бернал била Волта а Каталуња 2018. На четвртата етапа, планинска завршница на Ла Молина, Бернал и Пјер Латур (АГ2Р-Ла Мондијал) биле единствени возачи кои одговориле кога тројката од Мовистар Тим, Алехандро Валверде, Наиро Кинтана и Марк Солер започнале групирање во последните седум километри на етапата. Бернал се обидел да го нападне триото и на крајот се оддалечил од Солер, но Кинтана и Валверде работеле заедно и на крајот Валверде го претекнал Бернал за победа на етапата. Бернал паднал на трката додека бил на второто место во генералниот пласман и предводник на пласманот за млад возач, откако Хосе Хоакин Рохас паднал пред него на спуст.[5] Бернал се здобил со фрактури на падот.[6]

Бернал ја носи водечката маичка на Трката околу Калифорнија 2018

Следниот месец, Бернал настапил на Тур де Романди, повторно како предводник на екипата. Бернал ја освоил третата етапа на трката, која била поединечен хронометар, завршувајќи четири секунди пред крајниот победник на трката Примож Роглич.[7] Завршил втор на крајот на трката, освојувајќи го пласманот за млад возач. Во мај, Бернал ја освоил најголемата победа дотогаш, кога завршил прв на крајот на Трката околу Калифорнија, завршувајќи над минута пред второпласираниот возач Тиџеј ван Гардерен.[8] На втората етапа, Бернал нападнал на искачување два километри пред целта, што му овозможило да ја освои етапата со над дваесет секунди.[9] Исто така, го преземал водството на трката, но набрзо го изгубил од Ван Гардерен откако изгубил време на четвртата етапа, хронометар. На шестата етапа, кралската етапа, Бернал нападнал на завршното искачување, оддалечувајќи се од другите возачи. Ја освоил етапата со 1:28 разлика од Адам Јејтс.[10] Го освоил водството на трката по етапата и успешно го одбранил на последната етапа.

Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс.[11] Бернал возел како помошник за предводниците на екипата Крис Фрум и Герајнт Томас. Бил меѓу најмладите учесници на трката, но успеал да ги помине повеќето фаворити на планинските етапи.[12]

2019

Бернал ја започнал сезоната 2019 во Колумбија. Возел на националните првенства и домашната трка Колумбија 2.1. Бернал не ја одбранил титулата на Трката околу Колумбија, завршувајќи на четвртото место во генералниот пласман. Бернал патувал до Европа за да вози на Париз-Ница, каде импресионирал со накрсните ветрови, поединечниот хронометар и на планинските етапи. Ја освоил трката, со што станала негова најголема победа.[13]

Достигнувања

Планински велосипедизам

2014
2. Светско јуниорско крос-кантри првенство
3. Панамериканско јуниорско крос-кантри првенство
2015
1. Панамериканско јуниорско крос-кантри првенство
3. Светско јуниорско крос-кантри првенство

Друмски велосипедизам

2016
1. Краен пласман Трка Бихор
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 1
1. Пласман за млад возач Сетимана Интернационале Копи е Бартали
1. Пласман за млад возач Џиро ди Трентино
4. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Пласман за млад возач
4. Краен пласман Тур де л’Авенир
2017
1. Краен пласман Велосипедска трка Сибиу
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Краен пласман Тур де Савоја Монблан
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 4 (ITT)
1. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 7
1. Етапа 8
2. Џиро дел’Апенино
3. Меморијал Марко Пантани
4. Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
1. Пласман за млад возач
5. Краен пласман Џиро ди Тоскана
1. Пласман за млад возач
5. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
7. Краен пласман Тур де Лангкави
9. Краен пласман Трка на Алпите
1. Пласман за млад возач
9. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
1. Пласман за млад возач
2018
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 6
1. Краен пласман Колумбија Оро и Пас
1. Планински пласман
1. Пласман за млад возач
2. Тур де Романди
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 3 (ITT)
6. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Пласман за млад возач
10. Милано-Торино
2019
1. Краен пласман Париз-Ница
1. Пласман за млад возач
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Волта а Каталуња
4. Краен пласман Трка околу Колумбија

Наводи

  1. „Egan Bernal, un campeón desde antes de nacer“. ELESPECTADOR.COM ((шпански)). 2017-08-26. Посетено на 29 декември 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Egan Bernal signs for Team Sky“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 27 август 2017. Посетено на 3 јануари 2018.
  3. „Bernal to lead Team sky for the Tour down under“. Cyclingnews.com. 8 јануари 2018. Посетено на 8 јануари 2018.
  4. „Bernal and Sky pull off Oro y Paz heist to seal overall victory“. Cyclingnews.com. Посетено на 5 јули 2018.
  5. „Bernal crashes out of Volta a Catalunya“. Cyclingnews.com. Посетено на 5 јули 2018.
  6. „Bernal diagnosed with shoulder fractures after Catalunya crash“. Cyclingnews.com. Посетено на 5 јули 2018.
  7. Робертшо, Хенри (27 април 2018). „Team Sky's Egan Bernal blasts to victory ahead of Roglič and Porte in Tour de Romandie mountain time trial“. Cycling Weekly.com. Посетено на 26 јули 2018.
  8. „2018 Tour of California“. ProCyclingStats. Посетено на 26 јули 2018.
  9. „Tour of California 2018 Stage 2: Egan Bernal climbs to stage win and leader's jersey“. Cycling-Stage.com. Посетено на 26 јули 2018.
  10. „Egan Bernal wins Stage 6 of the Tour of California“. LA Times.com. Associated Press. 18 мај 2018. Посетено на 26 јули 2018.
  11. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.
  12. Бенсон, Даниел (4 август 2018). „Savio: Bernal had a wonderful Tour de France“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 6 август 2018.
  13. „Egan Bernal all results to date“. eganbernalnews.com. 30 март 2019. Посетено на 30 март 2019.

Надворешни врски