Сирија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 146: Ред 146:
===Класичен антички период===
===Класичен антички период===
[[File:Palmyra 03.jpg|thumb|left|Античкиот град [[Палмира]] пред војната]]
[[File:Palmyra 03.jpg|thumb|left|Античкиот град [[Палмира]] пред војната]]
[[File:Zenobia obversee.png|thumb|left|[[Зенобија]], кралица на Палмира]]
[[File:Zenobia obversee.png|thumb|десно|[[Зенобија]], кралица на Палмира]]
[[File:Bosra_pano_Syria.jpg|thumb|left|Римски театар во Босра]]
[[File:The Jupiter temple in Damascus.jpg|thumb|[[Храм на Јупитер (Дамаск)|Храмот на Јупитер]] во Дамаск]]
[[File:Julia-domna.jpg|thumb|[[Јулија Домна]], римска принцеза]]


[[Ахеменидско Царство|Ахеменидското Царство]], основано од [[Кир Велики]], ја присоединило Сирија заедно со [[Вавилонија]] во својата империја во 539 п.н.е. [[Персијци|Персијците]] го задржале староарамејскиот јазик како еден од дипломатските јазици на [[Ахеменидско Царство|Ахеменидското Царство]] (539 п.н.е. - 330 п.н.е.).
[[Ахеменидско Царство|Ахеменидското Царство]], основано од [[Кир Велики]], ја присоединило Сирија заедно со [[Вавилонија]] во својата империја во 539 п.н.е. [[Персијци|Персијците]] го задржале староарамејскиот јазик како еден од дипломатските јазици на [[Ахеменидско Царство|Ахеменидското Царство]] (539 п.н.е. - 330 п.н.е.).
Ред 155: Ред 158:


Сирија кратко време била под контрола на Ерменија од 83 п.н.е., со освојувањата на ерменскиот крал [[Тигран Велики]], кој бил прифатен како спасител од Селевкидите и Римјаните од страна на сирискиот народ. Меѓутоа, [[Помпеј Велики]], генерал на [[Римското Царство]] го зазел главниот град Антиохија и ја претворил Сирија во римска провинција во 64 п.н.е., со што ја прекинал ерменската контрола над регионот која траела две децении. Сирија просперирала под римско владеење, стратешки се наоѓала на Патот на свилата што и давало огромно богатство и значење, што ја направило бојно поле за римските и персијските ривали.
Сирија кратко време била под контрола на Ерменија од 83 п.н.е., со освојувањата на ерменскиот крал [[Тигран Велики]], кој бил прифатен како спасител од Селевкидите и Римјаните од страна на сирискиот народ. Меѓутоа, [[Помпеј Велики]], генерал на [[Римското Царство]] го зазел главниот град Антиохија и ја претворил Сирија во римска провинција во 64 п.н.е., со што ја прекинал ерменската контрола над регионот која траела две децении. Сирија просперирала под римско владеење, стратешки се наоѓала на Патот на свилата што и давало огромно богатство и значење, што ја направило бојно поле за римските и персијските ривали.

[[File:Bosra_pano_Syria.jpg|thumb|Римски театар во Босра]]
[[File:The Jupiter temple in Damascus.jpg|thumb|[[Храм на Јупитер (Дамаск)|Храмот на Јупитер]] во Дамаск]]


[[Палмира]], богато, а понекогаш и моќно арамејско говорно царство, се појавило во северна Сирија во 2 век; Палмира воспоставила трговска мрежа што го направил градот еден од најбогатите во [[Римското Царство]]. На крајот на третиот век од н.е., кралот [[Луциј Септимиј Оденат]] го поразил персискиот цар Шапур I и го контролирал целиот римски исток, додека неговиот наследник и вдовица [[Зенобија]] го основала [[Палмирско Царство|Палмирското Царство]], кое на кратко владело со Египет, Сирија, Палестина, поголемиот дел од Мала Азија, Јудеја и Либан, пред да биде конечно ставено под римска контрола во 273 година.
[[Палмира]], богато, а понекогаш и моќно арамејско говорно царство, се појавило во северна Сирија во 2 век; Палмира воспоставила трговска мрежа што го направил градот еден од најбогатите во [[Римското Царство]]. На крајот на третиот век од н.е., кралот [[Луциј Септимиј Оденат]] го поразил персискиот цар Шапур I и го контролирал целиот римски исток, додека неговиот наследник и вдовица [[Зенобија]] го основала [[Палмирско Царство|Палмирското Царство]], кое на кратко владело со Египет, Сирија, Палестина, поголемиот дел од Мала Азија, Јудеја и Либан, пред да биде конечно ставено под римска контрола во 273 година.


Контролата на Сирија на крајот премина од Римјаните на Византијците, со падот на [[Римското Царство]]<ref name="LibraryofCongress"/>. Во голема мера арамејското население во Сирија за време на најславните времиња на [[Византија]], најверојатно, не било надминато дури во 19 век. Пред арапското освојување во 7 век од н.е., најголем дел од населението било Арамејско, но Сирија исто така била дом на грчките и римските владејачки класи, Асирците сѐ уште живееле на северо-исток, Феникијците долж бреговите, и еврејските и ерменските заедници исто така постоеле во поголемите градови. [[Сириско христијанство|Сириското христијанство]] се сметало за главна религија, иако помеѓу населението имало верници и на јудаизмот, митраизмот, манихејството, грчко-римската религија, ханаанската религија и месопотамиската религија. Сириското големо и просперитетно население ја направило Сирија една од најважните од римските и византиските провинции, особено во текот на 2 и 3 век.<ref name="Cavendish Corporation 2006 183">{{cite book | last = Cavendish Corporation | first = Marshall | title = World and Its Peoples | publisher = [[Marshall Cavendish]] | year = 2006 | isbn = 978-0-7614-7571-2 | page = 183}}</ref>
Контролата на Сирија на крајот премина од Римјаните на Византијците, со падот на [[Римското Царство]]<ref name="LibraryofCongress"/>. Во голема мера арамејското население во Сирија за време на најславните времиња на [[Византија]], најверојатно, не било надминато дури во 19 век. Пред арапското освојување во 7 век од н.е., најголем дел од населението било Арамејско, но Сирија исто така била дом на грчките и римските владејачки класи, Асирците сѐ уште живееле на северо-исток, Феникијците долж бреговите, и еврејските и ерменските заедници исто така постоеле во поголемите градови. [[Сириско христијанство|Сириското христијанство]] се сметало за главна религија, иако помеѓу населението имало верници и на јудаизмот, митраизмот, манихејството, грчко-римската религија, ханаанската религија и месопотамиската религија. Сириското големо и просперитетно население ја направило Сирија една од најважните од римските и византиските провинции, особено во текот на 2 и 3 век.<ref name="Cavendish Corporation 2006 183">{{cite book | last = Cavendish Corporation | first = Marshall | title = World and Its Peoples | publisher = [[Marshall Cavendish]] | year = 2006 | isbn = 978-0-7614-7571-2 | page = 183}}</ref>
[[File:Julia-domna.jpg|thumb|[[Јулија Домна]], римска принцеза]]


Сиријците имале значителни количини на моќ за време на династијата Север. Сопруга на римскиот цар [[Септимиј Север]] била [[Јулија Домна]], по потекло од градот Емеса (денешен Хомс), чие семејство имало наследни права на свештенството на богот Ел-Габал. Нејзините големи внуци, исто така, станале римски цареви. Уште еден римски цар, кој бил од Сирија, бил [[Филип Арапски]] кој бил роден во [[Римска Арабија]]. Тој бил цар од 244 до 249, <ref name="Cavendish Corporation 2006 183"/>. За време на неговото владеење, тој се фокусирал на својот роден град Филипополис (денешен Шахба) и започнал многу градежни проекти за подобрување на градот, од кои повеќето биле прекинати по неговата смрт.
Сиријците имале значителни количини на моќ за време на династијата Север. Сопруга на римскиот цар [[Септимиј Север]] била [[Јулија Домна]], по потекло од градот Емеса (денешен Хомс), чие семејство имало наследни права на свештенството на богот Ел-Габал. Нејзините големи внуци, исто така, станале римски цареви. Уште еден римски цар, кој бил од Сирија, бил [[Филип Арапски]] кој бил роден во [[Римска Арабија]]. Тој бил цар од 244 до 249, <ref name="Cavendish Corporation 2006 183"/>. За време на неговото владеење, тој се фокусирал на својот роден град Филипополис (денешен Шахба) и започнал многу градежни проекти за подобрување на градот, од кои повеќето биле прекинати по неговата смрт.

Преработка од 00:03, 21 јули 2019

Сириска Арапска Република
الجمهورية العربية السورية (арапски)
al-Jumhūrīyah al-ʻArabīyah as-Sūrīyah
Знаме Грб
Химна"حماة الديار" (арапски)
"Humat ad-Diyar"
(англиски: "Guardians of the Homeland")

Местоположба на Сирија
Местоположбата на Сирија
Главен град
(и најголем)
Дамаск
Службен јазик арапски
Народности 
Демоним сириец
Уредување унитарна полу-претседателска република[1]
 •  Претседател Башар ел-Асад
 •  Премиер Имад Камис
 •  Заменик-Претседател
 •  Претседател на Народниот Совет Хамуда Сабаг
Законодавство Народен Совет
Основана
 •  Прогласување на Арапско Кралство Сирија 8 март 1920 
 •  Држава Сирија под Француски мандат 1 декември 1924 
 •  Сириска Република 1930 
 •  Независност де јуре (крај на францускиот мандат) 24 октомври 1945 
 •  Сириска Република (1946–1963)
(заминување на француските сили)
17 април 1946 
 •  Отцепување од
Обединета Арапска Република
28 септември 1961 
 •  Баас
ја презема контролата над држаата
8 март 1963 
 •  Моментален устав 27 февруари 2012 
Површина
 •  Вкупна 185.180[2] км2 (87-ма)
 •  Вода (%) 1.1
Население
 •  проценка за 2019 г. 18,507,587 (63-та)
 •  Попис 2010 21,018,834 
 •  Густина 118.3 жит/км2 (70-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2015 г.
 •  Вкупен $50.28 billion[3] 
 •  По жител $2,900[3] 
БДП (номинален) проценка за 2014 г.
 •  Вкупно $24.6 billion[3] 
 •  По жител $1,400[3] 
Џиниев коеф. (2014)55.8[4]
висок
ИЧР (2018) 0.536[5]
низок · 155th
Валута Сириска фунта (SYP)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .sy
سوريا.
Повик. бр. +963

Сирија (арапски: سورية) или официјално Сириска Арапска Република (арапски: الجمهورية العربية السورية) — држава во Југозападна Азија која граничи со Либан на југозапад , Средоземното Море на запад, Турција на север, Ирак на исток, Јордан на југ, и Израел на југозапад. Земјата имаплодни рамнини, високи планини и пустини и е дом на различни етнички и религиозни групи, вклучувајќи ги и Сириските Арапи, Грци, Ерменци, Асирци, Курди, Черкези, Мандејци и Туркемени. Религиозни групи вклучуваат сунити, христијани, алавити, друзи, исмаили, манданци, шиити, евреи. Сунитите ја сочинуваат најголемата религиозна група во Сирија.

Сирија е унитарна република составена од 14 гувернери и е единствената земја која политички го поддржува Баасизмот. Таа е членка Обединетите Нации, Движењето на неврзаните и е суспендирана од Арапската лига во ноември 2011 година[6] и Организацијата за исламска соработка[7], и од Медитеранската Унија[8].

Терминот „Сирија“ порано се однесувал за целиот регион Левант, но денес оваа држава се наоѓа на територијата на неколку стари кралства и империи кои порано опстојувале и биле дел од старата Сирија. Дамаск, денешниот главен град на државата, бил главен град и на стариот Омејадски Калифат, како и седиште на Мамлучкиот Султанат. Дамаск се смета за еден од најстарите градови со постојана населеност во светот.[9][10]

Денешната држава Сирија е создадена, првично, како француски протекторат, но во април 1946 година Сирија ја прогласила својата независност и станала независна парламентарна република. Пост-воениот период бил исто така исполнет со поголем број воени дејствија и бунтови кои се одвивале во периодот од 1949 до 1970 година. Уште од 1962 година, светските организации за човекови права ја сместуваат Сирија во групата на земји со недемократско владеење.[11]

Сирија е владеена од партијата „Бат“ уште од 1963 година, иако всушност со државата владее мала група воени и политички челници. Моментален претседател на Сирија е Башар ел-Асад, кој е на таа позиција по втор пат. Башар ал-Асад е син на Хафиз ал-Асад[12], претседател на Сирија од 1970 до 2000 година.[13][14] Државата имала важна улога во регионалната политика, особено во конфликтите на Израел со арапските држави.

Од март 2011 година, Сирија е вовлечена во вооружен конфликт, при што голем број земји во регионот и пошироко се вклучени воено или на друг начин. Како резултат на тоа, голем број на самопрогласени политички ентитети се појавиле на сириска територија, вклучувајќи ја и Сириската опозиција, Рохава, Тахрир ел-Шам и Исламската држава Ирак и Левант. Сирија е рангирана како последна на Глобалниот индекс на мирот, поради што стана најнасилна земја во светот поради војната. Војната убила повеќе од 570.000 лица[15], предизвикала 7,6 милиони внатрешно раселени лица (проценка на УНХЦР од 2015 година) и повеќе од 5 милиони бегалци (во јули 2017 година регистрирани од УНХЦР)[16].

Главен град на Сирија е Дамаск, но најголем град во државата е Алеп. Вкупната површина на Сирија изнесува 185.180 км2 каде живеат околу 22.198.110 жители. Околу 80% од населението на Сирија се Арапи, додека остатокот вбројува Курди, Ерменци и Туркмени.[14] Официјален јазик во државата е арапскиот, додека најголема религија е исламот.

Етимологија

Името „Сирија“ доаѓа од старогрчкиот збор за СиријцитеΣύριοι(Syrioi), термин кои старите Грци го користеле и за Асирците.[17][18] Некои научници веруваат дека старогрчкиот збор за Сиријците потекнува од зборот „Ἀσσυρία“, (Асирија), кој пак доаѓа од акадискиот збор Aššur.[19] Според други, терминот „Сирија“ доаѓа од називот „Сирион“, име кое го користеле Сидонците за планината Хермон.[20]

Историја

Антички период

Женска фигура, околу 5000 п.н.е.

Од околу 10.000 п.н.е., Сирија била една од центрите на неолитската култура (позната како Предкерамична неолитска култура А), каде што земјоделството и сточарството се појавиле за прв пат во светот. Следниот неолитски период (Предкерамична неолитска култура Б) е претставен со правоаголни куќи преку Мурејбетската култура. Во времето на пред-керамичкиот неолит, луѓето користеле садови направени од камен, гипс и вар (Vaisselle blanche). Наодите на обсидијанските алатки од Анадолија се докази за рани трговски односи. Градовите на Хамоукар и Емар играле важна улога во доцното неолитско и бронзено време. Археолозите докажале дека цивилизацијата во Сирија е една од најстарите на Земјата, на која можеби му претходат само оние на Месопотамија.

Ебланци и Аморити

Најраната регистрирана домородна цивилизација во регионот била Кралството Ебла во близина на денешен Идлиб[21], северна Сирија. Се смета дека Ебла била основана околу 3500 п.н.е.[22][23][24][25][26], и постепено го изградила своето богатство преку трговијата со месопотамиските држави Сумер, Асирија и Акад, како и со народите од Мала Азија[27]. Подароци од фараоните, откриени при ископувањата, го потврдуваат контактот на Ебла со Египет.

Кралска палата Ебла в. 2400 п.н.е.

Едни од најраните пишани текстови од Сирија е договор за трговија меѓу везирот Ибриум на Ебла и нејасно царство наречено Абарсал од околу 2300 п.н.е.[28][29] Научниците веруваат дека ебланскиот јазик е еден од најстарите познати пишани семитски јазици по Акадскиот јазик. Неодамнешните класификации на јазикот покажале дека тоа е источен семитски јазик, тесно поврзан со акадскиот јазик[30].

Ебла била ослабена од долгата војна со Мари, и целата Сирија станала дел од месопотамиското Акадско Царство откако Саргон од Акад и неговите внуки на Нарам-Син ја завршиле доминацијата на Ебла над Сирија во првата половина на 23 век п.н.е.[31][32]

До 21 век п.н.е., Хуритите ги населиле северните делови на Сирија, додека во остатокот од регионот доминирале Аморитите, а Сирија била наречена Амурска земја од нивните асиро-вавилонски соседи. Северозападниот семитски јазик на Аморитите е најстариот од Хананските јазици. Мари се проширила во текот на овој период. Угарит, исто така, се појавил во ова време, околу 1800 п.н.е., блиску до модерната Латакија. Угаритскиот бил семитски јазик, лабаво поврзан со Хананските јазици, и ја развил угаритската азбука[33], која се смета за најраната позната азбука на светот. Царството на Угаритите преживеало се до неговото уништување од страна на индоевропски Морски народи во 12 век п.н.е.

Античкиот град Палмира

Јахад (модерниот Алеп) доминирал во северна Сирија два век[34]а, иако Источна Сирија била окупирана во XIX и XVIII век п.н.е. од страна на Старото Асирско Царство управувано од династијата Аморит и од Вавилонската империја која била основана од Аморитите. Јахад бил опишан како најмоќната држава на Блискиот Исток и имал повеќе вазали. Градот го наметнал својот авторитет над Алалах[35] Катна,[36], и долината на Еуфрат до границите со Вавилон[37].

Од тоа време Сирија станала битка за различни странски царства, како оние на Хетите, Египет, Асирија и Вавилон. Египет првично окупирал голем дел од јужниот дел на земјата, додека Хетите и Митаните, поголемиот дел од северот. Сепак, Асирија на крајот ја добила земјата.

Арамејци и Фенекијци

Амрит

Во околу 14 век п.н.е., во областа се појавиле различни семитски народи, како Сутенци, кои дошле по неуспешниот конфликт со Вавилон на исток, како и Арамејците. Во следниот период продолжила битката за контрола на територијата на денешна Сирија. Египет војувал со Хетите за контрола врз западна Сирија; борбите го достигнале својот зенит во 1274 п.н.е. со битката кај Кадеш[38][39]. Западот останал дел од територијата на Хетитите до нејзиното уништување во 1200 п.н.е.[40], додека источната Сирија во голема мера станала дел од Средното Асирско Царство[41], кое исто така анексирало голем дел од запад за време на владеењето на Тиглат-Пилесер I (1114-1076 п.н.е.)

Со уништувањето на Хетитите и падот на Асирија кон крајот на 11 век п.н.е., племињата на Арамејците се здобиле со контрола над голем дел од внатрешноста, државите-градови како Бит Бахијани, Арам-Дамаск, Хама, Арам-Рехоб, Арам-Нахараим, и Лухут. Од овој момент, регионот станал познат како Арамеја или Арам. Исто така, постоеше и синтеза меѓу семитските Арамејци и остатоците од индоевропските Хетити, со основањето на голем број држави со седиште во северниот дел на централниот дел на Арам (Сирија) и јужната централна Азија (современа Турција.

Остатоците од Тел Халаф датираат од царството на Бит Бахијани

Хананската група позната како Феникијци доминирала на бреговите на Сирија, (исто така и со Либан и северна Палестина) од 13 век п.н.е., основајќи градови-држави како Амит, Симира, Арвад, Палтос, Рамита и Шукси. Од овие крајбрежни региони, тие на крајот го прошириле своето влијание низ Средоземното Море, вклучувајќи ги и градењето на колониите во Малта, Сицилија, Иберискиот полуостров (модерна Шпанија и Португалија) и крајбрежните области на Северна Африка и најзначајната Картагина во денешен Тунис во 9 век п.н.е., што подоцна станала центар на една голема империја, која била освоена од Римското Царство.

Сирија и западната половина на Блискиот Исток биле вклучени во составот на Новото Асирско Царство (911 п.н.е. - 605 п.н.е.). Асирците го вовеле староарамејскиот јазик како лингва франка од нивната империја. Овој јазик останал доминантен во Сирија и целиот Блиски Исток до освојувањето на арапските муслимани во VII и VI век од н.е. Асирците основале свои колонии на Сирија и Либан. Асирската доминација завршила откако земјата била зафатена од серија брутални внатрешни граѓански војни, проследени со напади од; Медијците, Вавилонците, Халдејците, Персијците, Скитите и Кимеријците. За време на падот на Асирија, Скитите разурнале и ограбиле голем дел од Сирија.

Асирското Царство било проследено со Новото Вавилонско Царство (605 п.н.е. - 539 п.н.е.). Во овој период, Сирија станала место за судири меѓу Вавилон и друга поранешна асирска колонија, онаа на Египет. Вавилонците, како и нивните асирски односи, победиле над Египет.

Класичен антички период

Античкиот град Палмира пред војната
Зенобија, кралица на Палмира
Римски театар во Босра
Храмот на Јупитер во Дамаск
Јулија Домна, римска принцеза

Ахеменидското Царство, основано од Кир Велики, ја присоединило Сирија заедно со Вавилонија во својата империја во 539 п.н.е. Персијците го задржале староарамејскиот јазик како еден од дипломатските јазици на Ахеменидското Царство (539 п.н.е. - 330 п.н.е.).

Сирија била освоена од Македонското Царство, под раководство на Александар Велики околу 330 п.н.е., и потоа станала провинција Коилесирија на Селевкидското Царство (323 п.н.е. - 64 п.н.е.), при што кралоотсе претставувал себе си како крал на Сирија и градот Антиохија бил главен град почнувајќи од 240 година.

Така, во овој период било воведено името „Сирија“. Првично името Асирија во северна Месопотамија било користено за да ја опише не само Асирија, туку и земјите на запад кои со векови биле под асирска власт[42]. Така, во грчко-римскиот свет, и Сирија и Асирците на Месопотамија на исток биле нарекувани Сиријци, и покрај тоа што се различни народи сами по себе, конфузија која ќе продолжи во модерниот свет. На крајот, делови од јужната Селевкидска Сирија ги презеле Хасмонејците.

Сирија кратко време била под контрола на Ерменија од 83 п.н.е., со освојувањата на ерменскиот крал Тигран Велики, кој бил прифатен како спасител од Селевкидите и Римјаните од страна на сирискиот народ. Меѓутоа, Помпеј Велики, генерал на Римското Царство го зазел главниот град Антиохија и ја претворил Сирија во римска провинција во 64 п.н.е., со што ја прекинал ерменската контрола над регионот која траела две децении. Сирија просперирала под римско владеење, стратешки се наоѓала на Патот на свилата што и давало огромно богатство и значење, што ја направило бојно поле за римските и персијските ривали.

Палмира, богато, а понекогаш и моќно арамејско говорно царство, се појавило во северна Сирија во 2 век; Палмира воспоставила трговска мрежа што го направил градот еден од најбогатите во Римското Царство. На крајот на третиот век од н.е., кралот Луциј Септимиј Оденат го поразил персискиот цар Шапур I и го контролирал целиот римски исток, додека неговиот наследник и вдовица Зенобија го основала Палмирското Царство, кое на кратко владело со Египет, Сирија, Палестина, поголемиот дел од Мала Азија, Јудеја и Либан, пред да биде конечно ставено под римска контрола во 273 година.

Контролата на Сирија на крајот премина од Римјаните на Византијците, со падот на Римското Царство[27]. Во голема мера арамејското население во Сирија за време на најславните времиња на Византија, најверојатно, не било надминато дури во 19 век. Пред арапското освојување во 7 век од н.е., најголем дел од населението било Арамејско, но Сирија исто така била дом на грчките и римските владејачки класи, Асирците сѐ уште живееле на северо-исток, Феникијците долж бреговите, и еврејските и ерменските заедници исто така постоеле во поголемите градови. Сириското христијанство се сметало за главна религија, иако помеѓу населението имало верници и на јудаизмот, митраизмот, манихејството, грчко-римската религија, ханаанската религија и месопотамиската религија. Сириското големо и просперитетно население ја направило Сирија една од најважните од римските и византиските провинции, особено во текот на 2 и 3 век.[43]

Сиријците имале значителни количини на моќ за време на династијата Север. Сопруга на римскиот цар Септимиј Север била Јулија Домна, по потекло од градот Емеса (денешен Хомс), чие семејство имало наследни права на свештенството на богот Ел-Габал. Нејзините големи внуци, исто така, станале римски цареви. Уште еден римски цар, кој бил од Сирија, бил Филип Арапски кој бил роден во Римска Арабија. Тој бил цар од 244 до 249, [43]. За време на неговото владеење, тој се фокусирал на својот роден град Филипополис (денешен Шахба) и започнал многу градежни проекти за подобрување на градот, од кои повеќето биле прекинати по неговата смрт.

Сирија е значајна во историјата на христијанството; Павле од Тарсус, попознат како апостол Павле, бил преобратен на патот кон Дамаск и се појавил како значајна фигура во христијанската црква во Антиохија во древна Сирија, од која тој останал на многу мисионерски патувања. (Дела 9: 1-43)

Средновековен период

Географија и клима

Политички систем

Административна поделба

Сирија е поделена на 14 области („мухафази“). Тие се делат на вкупно 60 окрузи („минтаки“), кои пак понатаму се делат на подокрузи („нахии“). Нахиите се состојат од села, кои се најмалата административна единица во земјата.

На чело на секоја област стои управник предложен од надлежниот министер и назначен со одобрение од кабинетот. Со окрузите и подокрузите управуваат функционери назначени од управникот, заедно со избран совет. Функционерите треба да имаат одобрение од надлежниот министер.


Име арапски Население Админ. центар
Дамаск (град) دمشق 4.500.000 Дамаск
Дамаск (област) ریف دمشق 2.235.000 Дамаск
Дејр ез-Зор دير الزور 1.040.000 Дејр ез-Зор
Дера درعا 858.000 Дера
Идлиб ادلب 1.288.000 Идлиб
Латакија اللاذقية 891.000 Латакија
Рака الرقة 811.000 Рака
Тартус طرطوس 720.000 Тартус
Алеп حلب 4.120.000 Алеп
Хама حماه 1.416.000 Хама
Хасеке الحسكة 1.225.926 Хасеке
Хомс حمص 1.561.000 Хомс
Кунејтра القنيطرة 69.000 Кунејтра
Сувејда السويداء 304.000 Сувејда

Економија

Население, јазик и религија

Поголем дел од сириското население живее во долината на реката Еуфрат и покрај сириското крајбрежје. Вкупното население на Сирија изнесува 22.198.110 жители со густина на население од 99 жители на метар квадратен. Според светските анализи за бегалци во светот, Сирија е дом на околу 1.852.300 бегалци. Голем дел од овие бегалци се од Ирак, но има и бегалци од Палестина и Сомалија.[44]

Образованието во Сирија е бесплатно од 6 до 11 година. Образовниот систем е составен од 6 години основно образование, проследено до тригодишно средно образование и тригодишно високо образование. Писменоста на Сирија е 86% за мажите и 73.6% за жените.

Јазици

Официјален јазик во Сирија е стандардниот арапски јазик, но најмногу зборувана варијанта е сирискиот арапски дијалект. Покрај арапскиот, во Сирија се зборува и курдски јазик, јазик кој го зборуваат Курдите. Од останатите малцински јазици може да се сретнат и ерменскиот, турскиот и туркменскиот јазик. Пред појавувањето на исламот во државата, во регионот лингва франка бил арамејскиот јазик. Како христијански литургиски јазик може да се забележи и сирискиот јазик.

Религија

Верници во Сирија
Муслимани
  
85 %
Христијани
  
10 %
Други
  
3 %

Култура

Наводи

  1. „Constitution of Syria 2012“. Scribd. 15 February 2012. Посетено на 25 January 2013.
  2. „Syrian ministry of foreign affairs“. Архивирано од изворникот на 2012-05-11. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Syria“. International Monetary Fund. Посетено на 22 April 2012.
  4. „World Bank GINI index“. World Bank. Посетено на 22 January 2013.
  5. „2018 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2017. Посетено на 15 December 2015.
  6. MacFarquhar, Neil (12 November 2011). „Arab League Votes to Suspend Syria“. The New York Times. Посетено на 12 November 2011.
  7. „Regional group votes to suspend Syria; rebels claim downing of jet“. CNN. 14 August 2012. Посетено на 14 August 2012.
  8. „Syria suspends its membership in Mediterranean union“. Xinhua News Agency. 1 December 2012.
  9. Neolithic Tell Ramad in the Damascus Basin of Syria. Retrieved 2010-02-01.
  10. „Neolithic Tell Ramad in the Damascus Basin of Syria“. Archive. Архивирано од изворникот на 11 November 2006. Посетено на 25 January 2013.
  11. Freedom on the world report. Retrieved 2010-02-01.
  12. Michael Bröning (7 March 2011). „The Sturdy House That Assad Built“. The Foreign Affairs.
  13. Baath Party The Columbia Encyclopedia Sixth Edition 2001–05. Retrieved 2007-06-13.
  14. 14,0 14,1 „Syria (05/07)“. State.gov. Посетено на 2008-10-25.
  15. http://www.syriahr.com/en/?p=120851
  16. (UNHCR), United Nations High Commissioner for Refugees. „UNHCR Syria Regional Refugee Response“.
  17. Herodotus, The Histories, VII.63, s:History of Herodotus/Book 7.
  18. Joseph, John (2008). „Assyria and Syria: Synonyms?“ (PDF).
  19. First proposed by Theodor Nöldeke in 1881; cf. Harper, Douglas (2001). „Syria“. Online Etymology Dictionary. Посетено на 2007-06-13. Занемарен непознатиот параметар |month= (help).
  20. Pipes, Daniel (1992). Greater Syria: The History of an Ambition. Middle East Forum. стр. 13. ISBN 0195060229. Посетено на 2010-02-01.
  21. Pettinato, Giovanni. The Archives of Ebla; Gelb, I. J. "Thoughts about Ibla: A Preliminary Evaluation" in Monographic Journals of the Near East, Syro-Mesopotamian Studies 1/1 (May 1977) pp. 3–30.
  22. William J. Hamblin (2006). Warfare in the Ancient Near East to 1600 BC: Holy Warriors at the Dawn of History. Routledge. стр. 239. ISBN 978-1-134-52062-6.
  23. Ian Shaw; Robert Jameson (2008). A Dictionary of Archaeology. John Wiley & Sons. стр. 211. ISBN 978-0-470-75196-1.
  24. Ross Burns (2009). Monuments of Syria: A Guide. I.B.Tauris. стр. 155. ISBN 978-0-85771-489-3.
  25. Paolo Matthiae; Nicoló Marchetti (31 May 2013). Ebla and its Landscape: Early State Formation in the Ancient Near East. Left Coast Press. стр. 35. ISBN 978-1-61132-228-6.
  26. Victor Harold Matthews; Don C. Benjamin (1997). Old Testament Parallels: Laws and Stories from the Ancient Near East. Paulist Press. стр. 241. ISBN 978-0-8091-3731-2.
  27. 27,0 27,1 „Syria: A country Study – Ancient Syria“. Library of Congress. Посетено на 5 September 2007.
  28. Kenneth Anderson Kitchen (2003). On the Reliability of the Old Testament. Wm. B. Eerdmans Publishing. стр. 285. ISBN 978-0-8028-4960-1.
  29. Stephen C. Neff (2014). Justice among Nations. Harvard University Press. стр. 14. ISBN 978-0-674-72654-3.
  30. „The Aramaic Language and Its Classification“ (PDF). Journal of Assyrian Academic Studies. 14 (1).
  31. Trevor Bryce (2014). Ancient Syria: A Three Thousand Year History. OUP Oxford. стр. 16. ISBN 978-0-19-100292-2.
  32. Cyrus Herzl Gordon; Gary Rendsburg; Nathan H. Winter (1990). Eblaitica: Essays on the Ebla Archives and Eblaite Language, Volume 4. стр. 68. ISBN 978-1-57506-060-6.
  33. John F. Healey (1990). The Early Alphabet. University of California Press. стр. 22. ISBN 978-0-520-07309-8.
  34. Stephanie Dalley (2002). Mari and Karana: Two Old Babylonian Cities. стр. 44. ISBN 9781931956024.
  35. Nadav Naʼaman (2005). Canaan in the Second Millennium B.C.E. Eisenbrauns. стр. 285. ISBN 978-1-57506-113-9.
  36. Iorwerth Eiddon Stephen Edwards (1973). The Cambridge Ancient History. Cambridge University Press. стр. 32. ISBN 978-0-521-08230-3.
  37. William J. Hamblin (2006). Warfare in the Ancient Near East to 1600 BC. Routledge. стр. 259. ISBN 978-1-134-52062-6.
  38. John Lange (2006). The Philosophy of Historiography. Open Road Integrated Media, Incorporated. стр. 475. ISBN 978-1-61756-132-0.
  39. Immanuel Velikovsky (2010). Ramses II and His Time. стр. 23. ISBN 9781906833749.
  40. Douglas Frayne (1981). Ugarit in Retrospect. стр. 23,24,25. ISBN 9780931464072.
  41. Georges Roux, Ancient Iraq, 3rd ed., Penguin Books, London, 1991, p.381
  42. Rollinger, Robert (2006). „The terms "Assyria" and "Syria" again"“. Journal of Near Eastern Studies. 65 (4): 284–287. doi:10.1086/511103.
  43. 43,0 43,1 Cavendish Corporation, Marshall (2006). World and Its Peoples. Marshall Cavendish. стр. 183. ISBN 978-0-7614-7571-2.
  44. „World Refugee Survey 2008“. U.S. Committee for Refugees and Immigrants. 2008-06-19.

Користена литература

Поврзано

Надворешни врски


|}|}|}|}