Црна Гора: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 184: Ред 184:


===Независност===
===Независност===
[[Податотека:Independent montenegro.jpg|десно|мини|250п|прослава по прогласувањето на независност.]]

Процесот на отцепување бил регулиран со Уставната повелба на Србија и Црна Гора, усвоена на [[4 февруари]] [[2003]] година од страна на двата совети на Сојузното собрание на Сојузна Република Југославија, во согласност со Белградскиот договор од 2002 година меѓу владите на двете конститутивни републики на потоа Сојузна Република Југославија, Црна Гора и Србија. Исто така, се наведува дека земјата-членка која се оддели, ќе ги загуби правата за политички и правен континуитет на федерацијата. Ова значи дека отцепената држава (во овој случај Република Црна Гора) морала да аплицира за членство во сите главни меѓународни институции, како што се [[Обединетите нации]] и да биде признаена од страна на меѓународната заедница, и дека [[Република Србија]] станува целосен наследник на државната заедница. Ниту една држава не се спротивставила на признавањето на новоформираната држава пред референдумот. Ако Србија прогласила независност наместо Црна Гора, Црна Гора би била правоследничка држава. [[Референдум за независност на Црна Гора (2006) |Референдумот]] го задолжил Парламентот, да го почитува неговиот исход и дека мора да ги објави официјалните резултати во рок од 15 дена по денот на гласањето и да постапува по нив во рок од 60 дена. Според резултатите, 55,5% од населението се определило за независнот<ref>{{cite news |url=http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/5007364.stm |title=Montenegro vote result confirmed |work=BBC News |date=23 May 2006 |accessdate=11 September 2010}}</ref>.
Процесот на отцепување бил регулиран со Уставната повелба на Србија и Црна Гора, усвоена на [[4 февруари]] [[2003]] година од страна на двата совети на Сојузното собрание на Сојузна Република Југославија, во согласност со Белградскиот договор од 2002 година меѓу владите на двете конститутивни републики на потоа Сојузна Република Југославија, Црна Гора и Србија. Исто така, се наведува дека земјата-членка која се оддели, ќе ги загуби правата за политички и правен континуитет на федерацијата. Ова значи дека отцепената држава (во овој случај Република Црна Гора) морала да аплицира за членство во сите главни меѓународни институции, како што се [[Обединетите нации]] и да биде признаена од страна на меѓународната заедница, и дека [[Република Србија]] станува целосен наследник на државната заедница. Ниту една држава не се спротивставила на признавањето на новоформираната држава пред референдумот. Ако Србија прогласила независност наместо Црна Гора, Црна Гора би била правоследничка држава. [[Референдум за независност на Црна Гора (2006) |Референдумот]] го задолжил Парламентот, да го почитува неговиот исход и дека мора да ги објави официјалните резултати во рок од 15 дена по денот на гласањето и да постапува по нив во рок од 60 дена. Според резултатите, 55,5% од населението се определило за независнот<ref>{{cite news |url=http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/5007364.stm |title=Montenegro vote result confirmed |work=BBC News |date=23 May 2006 |accessdate=11 September 2010}}</ref>.



Преработка од 22:19, 4 јули 2019

Црна Гора
Црна Гора
Crna Gora
Знаме Грб
ХимнаОј светла мајска зоро

Местоположбата на  Црна Гора  (зелено) на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Црна Гора  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Црна Гора  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Подгорица1
42°47′N 19°28′E / 42.783° СГШ; 19.467° ИГД / 42.783; 19.467
Службен јазик црногорски
Народности (2011[1])
Демоним Црногорец
Уредување парламентарна република
 •  Претседател Филип Вујановиќ
 •  Премиер Душко Марковиќ
 •  Претседател на собранието Ранко Кривокапиќ
Основана
 •  Прва независност на Дукља од Византија 854[се бара извор] 
 •  Втора независност на Дукља од Византија 1042 
 •  Независност на Зета од Србија 1360 (дејуре)
1356 (дефакто
 •  Независност од Отоманската Империја 1799 (дефакто)
1878 (дејуре
 •  Независност од Србија и Црна Гора 2006 
Површина
 •  Вкупна 13,812 км2 (160.)
 •  Вода (%) 1.5
Население
 •  Попис 2011 620.029 
 •  Густина 50 жит/км2 (121.)
БДП (ПКМ) проценка за 2018 г.
 •  Вкупен $11.381 милијарди[2] 
 •  По жител $18,261[2] (74та)
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $4.020 милијарди[3] 
 •  По жител $6,424[4] (80та)
Џиниев коеф. (2013)26.2[5]
низок · 9та
ИЧР (2015) 0.807[6]
многу висок · 49та
Валута Евро (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .me
Повик. бр. 382
1 Традиционална престолнина е Цетиње.

Црна Гора (црногорски и српски: Црна Гора / Crna Gora) — независна држава на Балканскиот Полуостров. Земјата на југозапад излегува на Јадранското Море, додека на запад граничи со Хрватска, на северозапад со Босна и Херцеговина, на североисток со Србија, на исток со Косово и на југозапад граничи со Албанија.[7] Најголем и главен град на Црна Гора е Подгорица, а Цетиње е назначен за „престолнина“ на Црна Гора како поранешен кралски главен град. Црна Гора има површина од 13.812 квадратни километри и население од 620.079 (според пописот во 2011 година).

Историјата на Црна Гора датира уште од IX век со основањето на Дукља, вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата Воисавлевиќи[8][9][10]. Во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав победил во битката кај Бар против Византија и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Богин.[11] Од XI век државата почнала да се нарекува Кнежевство Зета, но оваа држава завршила со нејзиното инкорпорирање кон Рашка и почетокот на династијата Црноевиќи кога Зета почнала да се нарекува и со денешното име - Црна Гора. Од Отоманската империја, Црна Гора се одделила во 1878 година. Од 1918 година државата била дел од повеќето политички формации на Југославија, за на 21 мај 2006 година на референдум Црна Гора гласала за независност, додека на 3 јуни истата година независноста и официјално била прогласена.

Според Индексот на човеков развој, Црна Гора е класифицирана како развиена држава. Црна Гора е член на ООН, ОБСЕ, Советот на Европа и различни меѓународни организации. Црна Гора има поднесено барање за членство во ЕУ.[12]Покрај тоа, Црна Гора е и кандидат за членство во НАТО.[13]

Етимологија

Римскиот град Доклеа

Името Црна Гора за прв пат во пишаните извори се појавило во 1296 година во прозивот на српскиот крал Стефан Урош II во контекст на регионот околу Скадарско Езеро.[14] Ова име најверојатно потекнува како карактеристика на регионот околу Ловќен кој бил прекриен со густа шума. Неговото значење се наоѓа во старословенскиот топоним за големи и густи гори или црни шумски предели[15].

Горноспоменатиот регион станал познат како „Стара Црна Гора“ во XIX век за да се разликува од новоосвоената територија Брда[16]. Црна Гора се зголемила територијално неколку пати до XX век како резултат од војните против Турците, кога Црна Гора ја имала освоено и Стара Херцеговина и делови од Метохија и јужна Рашка. Државата, територијално, многу малку се промена од тогаш, ја изгубила Метохија, а ја добила Бока Которска.

Во италијанските документи Црна Гора за прв пат се споменува во 1348 година како Cerna Gora, а додека во Дубровачката република во 1379 со назив Cernagora[17].

Името на државата во повеќето западноевропски јазици рефлектира усвојување на италијанско-венецискиот збор monte negro (на модерен италијански тоа е monte nero), што значи „црна гора или планина“, којшто датира од ерата на венециската хегемонија во регионот во средниот век. Останатите јазици, посебно блиските, го користат истото име „Црна Гора“.

Историја

Антички период

Илирскиот и римски град Доклеа.

Првите забележани жители на територијата на Црна Гора биле Илирите. Во 9 година Римјаните ја освоиле Црна Гора.

Црногорски кнежества

Во 9 век, на територијата на Црна Гора се наоѓале три словенски кнежевства: Дукља, приближно одговарајќи на јужната половина од земјата, Травунија, на запад, и Рашка на север[8][9]. Дукља ја стекнала својата независност од Византија во 1042 година. Во текот на следните неколку децении, ја проширила својата територија кон соседните Рашка и Босна, а исто така станала признаена и како царство. Неговата моќ започнала да опаѓа на почетокот на 12 век. По смртта на кралот Бодин (во 1101 или 1108), следеле неколку граѓански војни. Дукља го достигнала својот зенит во времето на синот на Воислав, Михаил (1046-81) и неговиот внук Константин Бодин (1081-1101)[18]. До 13 век, Зета ја заменила Дукља. Во доцниот 14 век, јужниот дел на Црна Гора (Зета) стапила под власта на благородното семејство Балшиќ, а Зета се почесто започнала да се нарекува Црна Гора.

Додека благородништвото се борело за престолот, царството било ослабено, а до 1186 година го освоило Стефан Немања и Црна Гора била вклучена во составот на Српското Царство како провинција наречена Зета. Откако Српското Царство се распаднало во втората половина на 14 век, најмоќното семејство Балшиќ станале владетели на Зета.

Во 1421 година, Зета била припоена кон Српското Деспотство, но по 1455 година, уште едно благородно семејство од Зета, Црноевиќи, станале суверени владетели на земјата, што ја направило последната слободна монархија на Балканот пред да падне под власта на Османлиите во 1496 година, и се припои кон Скадарскиот санџакот. За време на владеењето на Црноевиќи, Зета станала позната под нејзиното сегашно име - Црна Гора. Кратко време, Црна Гора постоела како посебен автономни санџак во 1514-1528 (Санџак Црна Гора). Исто така, регионот на Стара Херцеговина била дел од Херцеговина.

Османлиски период

Поголемиот дел од денешна Црна Гора под османлиска власт бил во периодот од 1496 до 1878 додека крајбрежјето било под венецијанска контрола[19]. Денешна Црна Гора била вклучена во Скадарскиот санџак и Босанскиот санџак додека Горна Зета останала независна. Во 1514 година Османлиите зазеле поголем дел од земјата и бил прогласен посебен црногорски санџак а за прв санџакбег бил избран по наредба на Бајазид II, Скендербег Црнојевиќ кој го прифатили исламот. По неговата смрт црногорскиот санџак бил вклучен во составот на Скадарскиот санџак. И покрај тоа што паднала под османлиска власт, Црна Гора главно поради својата географска положба, задржила одреден степен на самостојност. И покрај специјалната автономија, во текот на 17 век во земјата имало поголем број на бунтови, кои кулминирале со поразот на Османлиите во Големата турска војна кон крајот на тој век.

Кнежество и кралство

Никола I Петровиќ, единствениот крал на Кралството Црна Гора

Делови од територијата биле контролирани од страна на Венеција и Првото Француско Царство и Австро-Унгарија. Во 1515 година, Црна Гора станала теократска држава на чие чело се наоѓале владиките на Црногорската митрополија од династијата Петровиќ-Његош. Сепак, Венеција ги бирала гувернерите во црногорската политика. Републиката била наследена од Австриската империја во 1797 година, а гувернерите биле укинати од страна на принцот-бискупот Петар II во 1832 година. Неговиот претходник Петар I придонел за обединување на Црна Гора.

По смртта на владиката Петар Петровиќ Његош во 1851, тој бил наследен од страна на Данило Петровиќ. Данило се оженил во 1852 и ја одбил својата духовна титула и ја презел титулата кнез и својата земја ја претворил во секуларно кнежевтсво. По убиството на кнезот Данило во 1860, на престолот дошол Никола Петровиќ на 14 август 1860. Помеѓу 1861 и 1862, Никола водел неуспешна војна против Османлиите , а Црна Гора низ тешки маки ја сочувала својата независност. Кнезот Никола водел многу поуспешна војна против Османлиите во 1875. Османлиско-црногорската војна (1876-1878) довела до конечно протерување на Османлиите од црногорската земја. Како позадина на војната било востанието во Херцеговина и почетокот на Српско-турската војна истата година. Една од најодлучувачките битки била кај Волчиот дол каде османлиските сили имале загуба од 4,000 војници наспроти 70 црногорски војници. По оваа победа битки се воделе и на границата кон Херцеговина и Албанија. На 24 септември бил освоен Никшиќ, а по ова следувале Бар, Улцињ, Грможур и.т.н. Војната завршила со потпишување на примирјето од Едрене меѓу Руската и Османлиската империја. Територијата на Црна Гора се проширила од 4.405 km² на 9.475 km² а по Берлинскиот конгрес земјата добила независност.

Принцот Никола Петровиќ ја прогласисл Црна Гора за кралство на 28 август 1910 година,[20] со што ја подигнал земјата од тогашниот ранг на кнежевство. Тој се прогласил за крал Никола I, а со земјата владеел од 1861 година како принц. Во текот на своето владеење, посебно на почетокот на 20 век, тој иницирал неколку реформи за модернизација на земјата, вовел устав и нова валута наречена црногорски перпер.[21]

Балкански и Прва светска војна

Српски и црногорски офицери во Ѓаковица, во 1913 година.

На почетокот на 20 век, помеѓу балканските држави склучиле воено-политички сојуз за војна против Османлиите. Првичниот договор бил меѓу Грција и Бугарија, на нив им се приклучила Србија, а по потпишувањето на спогодбата со Србија, во септември 1912 година, на овој сојуз се приклучила и Црна Гора. Според спогодбата, црногорската војска требала со главниот дел од својата војска да дејствува кон Скадар, северна Албанија и Македонија, а со помалиот дел од војската да се насочи кон Нови Пазар и Санџак. Според направената спогодба меѓу членките на сојузот, до 15 октомври 1912 година, требало да се објави војна на Османлиското Царство. Затоа Црна Гора, според таа спогодба, на 26 септември 1912 година им објавила војна на Османлиите.[22]. По завршувањето на војните, на Меѓународната конференција биле исцртани новите граници на Балканот. Црна Гора, иако не го добила Скадар, добила проширување од околу 5.000 км2. Во нејзиниот состав влегле: Малесија, дел од Новопазарскиот Санџак, дел од Метохија сè до Бел Дрим и градовите: Мојковац, Бијело Поље, Беране, Рожае, Гусиње, Плав, Пеќ и Ѓаковица. Со новите граници за првапт во новиот век била направена територијална врска меѓу Црна Гора и Србија. Цената за ова била голема – загинале околу 3.100 војници, а околу 6.500 биле ранети. Протерувањето на Османлиското Царство од балканските земји значело губење на важноста и поддршката за Црна Гора од страните земји, првенствено од Русија. Руската политика по 1913 година, јавно и отворено го протежирала својот нов став дека не е потребна заштита на Црна Гора и дека со отстранувањето на Османлиското Царство таа треба да се спои со Србија.

Мојковачката битка, 6-7 јануари 1916 година.
Капитулација на црногорската војска во почетокот на 1916 година.

Повод за започнување на Првата светска војна бил атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Фердинанд, во Сараево, на 15/28 јуни 1914 година.[23]. Бидејќи Австро-Унгарија за одговорна за атентатот ја сметала владата на Кралството Србија, таа испратила владина нота со барање до српската влада и таа да учествува во истрагата околу атентатот.[24] Бидејќи српската влада тоа го одбила, истото послужило како повод за објавување на војна на 28 јули 1914 година. Истиот ден кога била објавена војната, кралот Никола спровел мобилизација на војската на Црна Гора. После тоа следеле низа на формални потези: црногорското народно собрание побарало од владата да објави војна на Австро-Унгарија, а кралот и владата на 6 август, согласно со барањето на собранието, донело одлука за објавување на војна. На почетокот од големиот воен судир, во 1914 година, Црна Гора била една од осумте завојувани земји.

Андрија Радовиќ, главниот заговорник за обединување на Црна Гора со Србија.

Во текот на првата година од војната, немало судири од поголеми размери меѓу Црна Гора и Австро-Унгарија. Херцеговскиот одред на почетокот од август извршил напад и напредување кон Требиње и Билеќа, но во средината на август биле принудени да се повлечат, но Австро-Унгарија не успеала да го заземе Грахово. Од октомври следело затишје на воените судири. Најмалку борби се воделе на Ловќенскиот фронт. До крајот на декември 1914 година, скоро и да немало воени судири. Во текот на ова затишје црногорската војска успеала во јуни 1915 година да го заземе Скадар. Кога во октомври 1915 година, почнала австроунгарската-германска офанзива на Србија, почнале и судирите на Санџачкиот фронт и до декември со постојаните напади на Австро-Унгарија бил заземен градот Плевља. Целта била да Австро-Унгарија го заземе правецот Плевља-Мојковац-Матешево за да го спречи повлекувањето на српската војска преку територијата на Црна Гора кон Скадар. По Плевља, тие продолжиле по долината на реката Тара и кон Мојковац. Наредбата на врховната команда на црногорската војска била дека непријателот мора да се запре на Тара, дури и по цена на загинување на последниот војник.

Австроунгарската офанзива на Црна Гора го достигнала врвот во јануари 1916 година. Целта била потполно да се уништи црногорската војска. Судирот бил на секторот Мојковац-Левер Тара и историски е познат како Мојковачка битка. Оваа позната и најтешка црногорска битка во Првата светска војна била и нејзина најголема победа, кога малата војска на Црна Гора успешно се спротивставила и успеала да го спречи продирањето на Австро-Унгарија во средиштето на Црна Гора.

Сепак во 1916 година, принцот Мирко и дел од членовите на владата ја потпишале капитулацијата, ја разоружале војската и дозволиле Австро-Унгарија да воспостави своја администрација. Црна Гора била под окупација на Австро-Унгарија во текот на следните две години, а кога во 1917 година била потпишана Крфската декларација, немало црногорски потписник. По пробивањето на Солунскиот фронт, сојузничките трупи ја окупирале Црна Гора, а откако српската војска влегла во Подгорица, Караѓорѓевиќи ја искористиле систуацијата и во собранието во Подгорица прогласиле обединување на Црна Гора и Србија.[25].По овој чин избила т.н. Божиќна побуна на т.н. Зеленаши, кои биле против безусловното обединување со Србија. Таканаречените Бјелаши, кои биле приврзаници на обединувањето со помош на сојузниците ја загушиле побуната. Сепак, воените борби на црногорските комити, кои биле против, продолжиле сѐ до 1924 година, кога тие ја прифатиле амнестијата на кралот Александар I Караѓорѓевиќ. Кралот Никола испратил барање до Париска мировна конференција да се врати независноста на Црна Гора, но неговата молба била одбиена.

Двете Југославии

По Првата светска војна, во 1922 година, Црна Гора официјално станала дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (од 1928 - Југославија) како дел од Цетиската област. Внукот на Никола, српскиот крал Александар I, доминирал во југословенската влада. Зетската бановина била провинција (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Во бановината спаѓала целата територија на денешна Црна Гора и делови од Централна Србија, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина. Именувана е по реката Зета, а административен центар бил градот Цетиње. Во оваа држава биле признати само трите народи додека останатите биле национално обесправени поради што ке се појави незадоволство.

Црна Гора од 1711 до 1918

Во 1941, силите на Оската во Втората светска војна ја окупирале Зетската бановина и ја поделиле помеѓу Црна Гора и Албанија под италијанска окупација, Србија под германска окупација, и Усташка Хрватска.

Во мај, црногорскиот огранок на Комунистичката партија на Југославија започнал подготовки за востание планирано за средината на јули. Комунистичката партија и нејзината младинска лига организираа 6.000 свои членови подготвени за герилска војна. Првото вооружено востание во окупираната нацистичка Европа се случило на 13 јули 1941 година во Црна Гора[26].

Неочекувано, востанието се одржало и до 20 јули 32.000 мажи и жени се приклучиле на борбата. Освен за брегот и поголемите градови (Подгорица, Цетиње, Плевља и Никшиќ), кои биле опколени, Црна Гора била најчесто ослободена. Во еден месец од борбите, италијанската армија претрпела 5.000 мртви, повредени и заробени. Востанието траело до средината на август, кога било потиснато со контра-офанзива на 67.000 италијански војници донесени од Албанија. Соочени со нови и огромни италијански сили, многу од борците се вратиле во своите домови. Сепак, интензивните герилски борби траеле до декември.

Борците кои останале се распаднале во две групи. Повеќето од нив продолжиле да се приклучуваат кон југословенските партизани, кои се состоеле од комунисти и оние биле склонети кон активен отпор. Меѓу нив биле и Арсо Јовановиќ, Сава Ковачевиќ, Светозар Вукмановиќ, Милован Ѓилас, Пеко Дапчевиќ, и.т.н. Оние лојални на династијата Караѓорѓевиќ станале четници и се свртеле кон соработка со Италијанците против партизаните.

Во првата половина на 1942 година избувнала војна меѓу партизаните и четниците. Поради притисоците од Италијанците и четниците, јадрото на црногорските партизани заминало во Србија и во Босна, каде што се придружиле со други југословенски партизани. Борбата меѓу партизаните и четниците продолжила низ војната. Четниците со италијанска поддршка го контролирале поголемиот дел од земјата од средината на 1942 до април 1943 година. Црногорските четници добиле статус на антикомунистичка милиција и добиле оружје, муниција, храна и пари од Италија. Повеќето од нив биле префрлени во Мостар, каде што се бореле во битката кај Неретва против партизаните, но се соочиле со тежок пораз.

За време на германската операција Шварц против партизаните во мај и јуни 1943 година, Германците разоружиле голем број четници без борба, бидејќи стравувале дека ќе се свртат против нив во случај на сојузнички инвазија на Балканот. По капитулацијата на Италија во септември 1943 година, партизаните успеале да заземат поголем дел од Црна Гора за кратко време, но Црна Гора наскоро била окупирани од германските сили, а жестоките борби продолжиле кон крајот на 1943 година и цела 1944 година. Црна Гора била ослободена од партизаните во декември 1944 година.

Црна Гора станала една од шесте конститутивни републики на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) по крајот на војната. Нејзиниот главен град станал Подгорица, преименуван во Титоград во чест на претседателот Јосип Броз Тито. По војната, инфраструктурата на Југославија била повторно изградена, започнала индустријализацијата, а бил формиран и Универзитет на Црна Гора.

СР Југославија

При крајот на комунистичкото владеење и распадот на СФРЈ, официално распуштена на 27 април 1992, Република Србија и Социјалистичка Република Црна Гора, под ново име Република Црна Гора, на 28 април 1992 создале нова федерација под името Сојузна Република Југославија која на 4 февруари 2003. со согласност на двата дома на југословенскиот парламент го промена името во Државна заедница Србија и Црна Гора. На Референдумот за независност во 1992 година, 95,96% од гласачите гласале за заедничката држава Србија и Црна Гора, односно Сојузна Република Југославија.

Кога е основана Сојузна Република Југославија во 1992, година, Обединетите Нации и некои поедини држави, особено САД, не сакале да ја признаат како наследничка на СФРЈ, и покрај тоа што ја признале како држава. СРЈ не била членка на ООН до 2000 година, кога стана членка, после Петтооктомвриските промени, веднаш нејзиното постоење било доведено во прашање. Црногорскиот режим уште од порано се однесувал како автономен (воведување на полициска контрола на границата со Србија, одбивање да прифати вонредна и воена состојба на својата територија во текот на НАТО нападите над СРЈ во 1999 година).

За време на војните со Хрватска и во Босна и Херцеговина, Црна Гора зела активно учество. По војната, црногорскиот генерал Павле Стругар бил осуден за својата улога во бомбардирањето на Дубровник[27]. Босанските бегалци биле уапсени од страна на црногорската полиција и биле транспортирани во српските логори во Фоча, каде што биле подложени на систематско мачење и погубување[28][29].

Во 1996 година владата на Мило Ѓукановиќ ги прекинала врските меѓу Црна Гора и нејзиниот партнер Србија, која била предводена од Слободан Милошевиќ. Црна Гора формирала сопствена економска политика и ја усвоила германската марка како своја валута и последователно го усвоила и еврото, иако не е дел од валутната унија на Еврозоната. Следните влади спровеле политики за независност, а политичките тензии со Србија се влошиле и покрај политичките промени во Белград. Целите во Црна Гора биле бомбардирани од страна на силите на НАТО во 1999 година, иако степенот на овие напади бил многу ограничен[30].

Во 2002 година, Србија и Црна Гора дошле до нов договор за континуирана соработка и влегле во преговори за идниот статус на Сојузна Република Југославија. Ова резултирало со Белградскиот договор, според кој земјата се трансформирала во повеќе децентрализирана државна заедница наречена Србија и Црна Гора во 2003 година. Белградскиот договор исто така содржи одредба со која се одложува секој иден референдум за независност на Црна Гора најмалку три години.

Независност

прослава по прогласувањето на независност.

Процесот на отцепување бил регулиран со Уставната повелба на Србија и Црна Гора, усвоена на 4 февруари 2003 година од страна на двата совети на Сојузното собрание на Сојузна Република Југославија, во согласност со Белградскиот договор од 2002 година меѓу владите на двете конститутивни републики на потоа Сојузна Република Југославија, Црна Гора и Србија. Исто така, се наведува дека земјата-членка која се оддели, ќе ги загуби правата за политички и правен континуитет на федерацијата. Ова значи дека отцепената држава (во овој случај Република Црна Гора) морала да аплицира за членство во сите главни меѓународни институции, како што се Обединетите нации и да биде признаена од страна на меѓународната заедница, и дека Република Србија станува целосен наследник на државната заедница. Ниту една држава не се спротивставила на признавањето на новоформираната држава пред референдумот. Ако Србија прогласила независност наместо Црна Гора, Црна Гора би била правоследничка држава. Референдумот го задолжил Парламентот, да го почитува неговиот исход и дека мора да ги објави официјалните резултати во рок од 15 дена по денот на гласањето и да постапува по нив во рок од 60 дена. Според резултатите, 55,5% од населението се определило за независнот[31].

На 3 јуни 2006 година, црногорскиот парламент ја прогласил независноста на Црна Гора[32], формално потврдувајќи го резултатот од референдумот. Србија не се спротивставила на декларацијата.

Законот за статусот на потомците на династијата Петровиќ-Његош бил усвоен од страна на Собранието на Црна Гора на 12 јули 2011 година. Тој ја рехабилитирал Кралската куќа на Црна Гора.

Во 2015 година, мрежата на истражни новинари OCCRP го именувал долгогодишниот претседател на Црна Гора и премиер Мило Ѓукановиќ за „Личност на годината во организиран криминал[33]. Степенот на корупција на Ѓукановиќ довело до улични демонстрации и повик за негова оставка[34][35].

Во октомври 2016 година, за денот на парламентарните избори, државниот удар бил подготвен од група лица, меѓу кои и водачи на црногорската опозиција, српски државјани и руски агенти; државниот удар бил спречен[36]. Во 2017 година, четиринаесет луѓе, меѓу кои и двајца руски државјани и двајца црногорски опозициски лидери, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, биле обвинети за нивните наводни улоги во обидот за државен удар[37].

Црна Гора формално станала членка на НАТО во јуни 2017 година, иако останала длабоко поделена околу приклучувањето[38], настан што предизвикал ветување за одмазднички дејства од страна на руската влада[39][40][41].

Црна Гора е во преговори со ЕУ од 2012 година. Во 2018 година, претходната цел за пристапување до 2022 година[42] била ревидирана до 2025 година[43].

Географија и клима

Релјефна карта на Црна Гора

Црна Гора се наоѓа на Балканскиот полуостров и се граничи со: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија (Косово) и Албанија. Главен град на Црна Гора е Подгорица, додека историска престолнина е Цетиње. Поголеми градови во Црна Гора се: Никшиќ, Пљевља, Биело Поле, Цетиње, Бар, Будва, Херцег Нови и други.

Поголемиот дел од Црна Гора е планински со високи врвови покрај границите со Србија и Албанија. Мал рамничарски дел има над Подгорица и покрај приморјето. Најниска надморска височина е во долината на реката Зета. Планините на Црна Гора вклучуваат некои од најгрупите терени во Европа, во просек над 2.000 метри во височина. Еден од позначајните црногорски врвови е Боботов Кук со висина од 2.522 метри. Највисокиот врв на Црна Гора е Зла Колата (2534 м н.в.) во Проклетие.

следува табела на Националните паркови на земјата:

  Прогласено за светско наследство на УНЕСКО
Име Слика Подрачје (општини) Површина (ха) Прогласен
Дурмитор северозападна Црна Гора
(Жабљак, Шавник, Плужине,
Плевља и Мојковац)
39.000 1952
Биоградска Гора североисточна Црна Гора
(Колашин, Мојковац, Беране
и Андриевица)
5.650 1952
Ловќен јужна Црна Гора
(Цетиње и Будва)
6.220 1952
Скадарско Езеро југоисточна Црна Гора
(Подгорица, Бар и Цетиње)
40.000 1983
Проклетие источна Црна Гора
(Плав)
16.630 2009

Политички систем

Претседателската палата во Цетиње.

Црна Гора е дефинирана како „граѓанска, демократска, еколошка држава со социјална правда базирана на владеењето на правото“[44]. Таа е независна и самостојна република со усвоен устав на 22 октомври 2007 година.

Претседателот на Црна Гора е на чело на државата кој е избран за период од пет години преку регуларни претседателски избори. Тој ја претставува државата како дома, така и во странство. Неговото седиште е во Цетиње. Моментален претседател на Црна Гора е Филип Вујановиќ, заменик-претседател на владеачката Демократска партија на социјалисти на Црна Гора.

Владата на Црна Гора е извршното тело во државата. На чело на владата е премиерот на Црна Гора. Моментален премиер на Црна Гора е Игор Лукшиќ и владата е составена од членови на Коалицијата за европска Црна Гора.

Парламентот на Црна Гора е еднодомна институција која донесува закони, усвојува договори, го назначува премиерот и министрите. Моментален претседател на парламентот на Црна Гора е Ранко Кривокапиќ и парламентот има 81 пратеник.

Надворешни односи

По објавувањето на Декларацијата за независност во Собранието на Република Црна Гора на 3 јуни 2006 година, по референдумот за независност одржан на 21 мај, Владата на Република Црна Гора ги презела надлежностите за дефинирање и спроведување на надворешната политика на Црна Гора како предмет на меѓународно право и суверена држава. Имплементацијата на оваа уставна одговорност била доделена на Министерството за надворешни работи, со задача да ги дефинира приоритетите на надворешната политика и активностите потребни за нивно спроведување. Овие активности се спроведуваат во тесна соработка со другите органи на државната управа, претседателот, претседателот на Собранието и другите релевантни засегнати страни[45].

Интеграцијата во Европската Унија е стратешка цел на Црна Гора. Овој процес ќе остане во фокусот на црногорската надворешна политика на краток рок. Втората стратешка и еднакво важна цел, но која може да се постигне во пократок временски период, било приклучувањето кон НАТО, што ќе гарантира стабилност и сигурност за остварување на други стратешки цели. Црна Гора сметала дека интеграцијата во НАТО ќе ја забрза интеграцијата во ЕУ. Во мај 2017 НАТО ја прифатила Црна Гора како членка на НАТО почнувајќи од 5 јуни 2017 година[46].

Иако се граничи само со Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Србија, Црна Гора ги смета и поранешните југословенски републики Македонија и Словенија како нејзини соседни земји, од историски и регионални причини, како и соседите на поранешна Југославија: Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција.

Симболи

Знамето на Црна Гора било официјално усвоено со законот за државни симболи на Црна Гора на 13 јули 2004 година. Знамето се состои од жолти рабови со црвена внатрешност и со грбот на Црна Гора во средина. Истото тоа знаме се користи и за војската на Црна Гора. Грбот на Црна Гора бил усвоен на 13 јули 2004 година. Грбот се состои од двоглав златен прел во лет симбол на Петровиќ-Његош. Тој го симболизира единството на црквата и државата. На градите орелот има штит со приказ на лав кој симболизира епископски авторитет или библиската тема на воскреснување на Исус. Над главите на орелот се наоѓа кралска круна, во едната има жезло а во другата топка.

Национален празник на земјата е 13 јули, датум кој го означува признавањето на Црна Гора како 27-та независна држава во светот на Берлинскиот конгрес од 1878 година[47] и почетокот на едно од првите востанија во Европа против Силите на Оската на 13 јули 1941 година.

Ој светла мајска зоро е државна химна на Црна Гора.[48]

Војска

Вооружени сили на Црна Гора

Војската на Црна Гора е целосно професионална војска во рамките на Министерството за одбрана и е составена од црногорската копнена армија, црногорската морнарица и црногорските воздухопловни сили, заедно со специјалните сили. Во 2006 година била укината регрутацијата. Војската моментално има сила од 1.920 активни членови на должност. Најголемиот дел од својата опрема и сили биле наследени од вооружените сили на Југославија. Бидејќи Црна Гора го сочинува целото крајбрежје на поранешниот сојуз, таа ја задржала практично целата поморска сила.

Црна Гора била членка на програмата на НАТО Партнерство за мир, а потоа станала и официјален кандидат за полноправно членство. Црна Гора поднела барање за акциски план за членство на 5 ноември 2008 година, и истиот бил одобрен во декември 2009 година. Црна Гора исто така е член на Јадранската повелба[49]. Црна Гора била поканета да се приклучи во НАТО на 2 декември 2015 година, а на 19 мај 2016 година, НАТО и Црна Гора спровеле церемонија на потпишување во седиштето на НАТО во Брисел. Црна Гора станала 29-та членка на НАТО на 5 јуни 2017 година[50], и покрај противењата на Русија[51].

Административна поделба

Црна Гора е поделена на 21 општина и две градски општини, дел од општина Подгорица:

Општините во Црна Гора.

Градови

Демографија

Етнички состав

Огромното мнозинство (над 90%) од населението на Црна Гора е од словенско потекло. Албанците сочинуваат 5% од населението (4,9 на пописот во 2011 година), додека исто така постои мало ромско малцинство (0,8 на пописот во 2011 година). Словенското население во Црна Гора користи голема разновидност во етничките идентитети за да ја опише нивната етничка припадност. Во првите децении по Втората светска војна, повеќето словенски луѓе се идентификувале себеси како Црногорци, со помалку од 2% Срби и помалку од 2% Хрвати во 1948 година. Во последните децении на постоење на Југославија до 5% од населението се изјасниле како Југословени. За време и по Југословенските војни, етничкиот идентитет на Србите (и воопшто на политичкото влијание на Србија) станало сè поголемо во Црна Гора, а на пописот од 2003 година скоро една третина од населението се идентификувало како Срби. Србите најчесто живеат по границите со Босна и Србија, додека Црногорците живеат во центарот на земјата. Словенското население се наоѓа во мнозинските православни христијани, но има и големо муслиманско малцинство, како во Босна и Херцеговина. Иако повеќето од словенските муслимани во Црна Гора првично исто така се идентификуваа како Црногорци, постепено со текот на времето сè повеќе и повеќе словенски муслимани започнале да го користат терминот муслиман како етничко име, со што се определиле за карактеристичен етно-верски идентитет. По Југословенските војни ова повторно се променило и на пописот во 2003 и 2011 година повеќето етнички муслимани се изјасниле за Бошњаци, главно поради тоа што имале некои историски односи со Бошњаците во Босна и Херцеговина и најчесто живеат во североисточниот дел на Црна Гора.

Етничка
група
Попис од 1948 Попис од 1953 Попис од 1961 Попис од 1971 Попис од 1981 Попис од 1991 Попис од 2003 Попис од 2011
Број % Број % Број % Број % Број % Број % Број % Број %
Црногорци 342,009 90.7 363,686 86.6 383,988 81.4 355,632 67.2 400,488 68.5 380,647 61.9 267,669 43.2 278,865 45.0
Срби 6,707 1.8 13,864 3.3 14,087 3.0 39,512 7.5 19,407 3.3 57,453 9.3 198,414 32.0 178,110 28.7
Хрвати 6,808 1.8 9,814 2.3 10,664 2.3 9,192 1.7 6,904 1.2 6,244 1.0 6,811 1.1 6,021 0.9
Југословени 1,559 0.3 10,943 2.1 31,243 5.3 26,159 4.3 1,860 0.3 1,154 0.2
Муслимани 387 0.1 6,424 1.5 30,665 6.5 70,236 13.3 78,080 13.4 89,614 14.6 24,625 4.0 20,537 3.3
Бошњаци 48,184 7.8 53,605 8.6
Албанци 19,425 5.1 23,460 5.6 25,803 5.5 35,671 6.7 37,735 6.5 40,415 6.6 31,163 5.0 30,439 4.9
Роми 162 0.0 230 0.1 183 0.0 396 0.1 1,471 0.3 3,282 0.5 2,601 0.4 5,251 0.8
Македонци 133 0.0 362 0.1 593 0.1 723 0.1 875 0.1 1,072 0.2 819 0.1 900 0.1
Останати/не се изјасниле 1,558 0.4 2,033 0.5 4,352 0.9 7,299 1.4 8,107 1.4 10,149 1.7 37,9992 6.1 30,5474 4.9
Вкупно 377,189 419,873 471,894 529,604 584,310 615,035 620,1453 620,029
1 Извор: Завод за статистика на Црна Гора[dubious ]

2 вклучувајќи и 415 Словенци ("0.07%"), 362 Унгарци ("0.06%"), 240 Руси ("0.03%"), 225 Египќани (0.02%), 127 Италијанци ( 0.02% ), 118 Германци ( 0.02% ), 2.180 Останати (' "0,31%"), нема одговор 26,906 ( 4,34% ), Регионална припадност 1,258 ( 0,2% ), Непознат 6,168 ( 0,99% ) </ small>

3 Вкупното население, вклучувајќи ја и дијаспората беше 672,656 (Црногорци 273,366 or 40.64%, Срби: 201,892 или 30.01%, Бошњаци: 63,272 или 9.41%, Албанци: 47,682 или 7.09%, Муслимани: 28,714 или 4.27%, Хрвати: 7,062 или 1.05%)

4 вклучувајќи и 354 Словенци ( 0.05% ), 337 Унгарци ( 0.05% ), 946 Руси ( 0.15% ), ("0.02%"), 131 Германци ("0,02%"), 197 [[Горанци]), (0.03%), 8.090 Останати ( 1.30% ), Регионална припадност 1.202 ( 0.03% ), '0.2%' '), Непозната 30.170 (' '4.8%' ') </ small>|}


Религија

Карта на главните религии според пописот од 2011.
Верници во Црна Гора
Православни
  
72,07 %
Муслимани
  
19,11 %
Католици
  
3,44 %
Други
  
5,39 %

Црна Гора историски се наоѓала на раскрсницата на мултикултурализмот и со векови ова ја обликуваа својата уникатна форма на соживот меѓу муслиманското и христијанското население[53]. Црногорците историски биле дел од Српската православна црква (под раководство на Митрополијата на Црна Гора и Приморско), а српското православно христијанство денес е најголема религија во Црна Гора. Црногорската православна црква неодамна била основана и е проследена со мало мнозинство Црногорци, иако не е во заедница со ниту една друга христијанска православна црква, бидејќи не е официјално признаена.

И покрај тензиите меѓу религиозните групи за време на Босанската војна, Црна Гора останала прилично стабилна, главно поради тоа што нејзиното население има историска перспектива за верската толеранција[54]. Религиозните институции од Црна Гора имаат загарантирани права и се одвоени од државата. Втората по големина религија е исламот, што изнесува 19% од вкупното население во земјата. Една третина од Албанците се Католици (8.126 во пописот од 2004 година), додека две други третини (22.267) се главно сунитски муслимани; во 2012 година е донесен протокол кој го признава исламот како официјална религија во Црна Гора, обезбедува храна да се служи во воени објекти, болници, домови и сите социјални установи; и дека на муслиманските жени ќе им биде дозволено да носат шамии на глава во училиштата и во јавните институции[55]. Исто така има и мало римокатолицичко население, главно Хрвати. Од вкупното население според пописот од 2011,[1] 75.77% се Христијани, а 19.11 се Муслимани, односно :

Број %
Вкупно 620.029 100
Православна вероисповед 446.858 72.07
Исламска вероисповед/ муслиманска вероисповед 118.477
(99.038 исламска, 19.439 муслиманска)
19.11
(15.97 исламска, 3.14 муслиманска)
Католичка вероисповед 21.299 3.44
Атеисти 7.667 1.24
Христијани 1.460 0.24
Адвентисти 894 0.14
Агностици 451 0.07
Јеховини сведоци 145 0.02
Протестанти 143 0.02
Будисти 118 0.02
без определба 16.180 2.61
други 6.337 1.02
Белешка: Во пописот од 2011 година, има две посебни графи за Исламот, односно исламска вероисповед и муслиманска вероисповед.

Попис од 2003

Податотека:Podgorica, cattedrale della resurrezione di cristo, esterno 01.JPG
Соборната црква Воскресение Христово во Подгорица

Процентуално, религиите според пописот од 2003 се застапени вака:

Број %
Вкупно 620,145 100
Православие 460,383 74.24
Ислам 110,034 17.74
Католицизам 21,972 3.54
други 27,756 4.48

Јазици

Мнозинските јазици во Црна Гора по општини според пописот од 2011.

Поголем дел од црногорското население зборува на српски јазик, поточно на ијекавскиот дијалект. Со независноста на Црна Гора се развила и идејата за посебен црногорски јазик кој сè уште не е кодифициран. Сепак, црногорскиот јазик е прв официјален јазик во Црна Гора, но службени јазици се и: албански јазик, српски јазик, босански јазик и хрватски јазик. Според пописот од 2011, во Црна Гора се зборува на[1]:

Број %
Вкупно 620.029 100
српски 265.895 42.88
црногорски 229.251 36.97
босански 33.077 5.33
албански 32.671 5.27
српскохрватски 12.559 2.03
ромски 5.169 0.83
бошњачки 3.662 0.59
хрватски 2.791 0.45
руски 1.026 0.17
српско-црногорски 618 0.10
македонски 529 0.09
црногорско-српски 369 0.06
унгарски 225 0.04
хрватско-српски 224 0.04
англиски 185 0.03
германски 129 0.02
словенечки 107 0.02
романски 101 0.02
мајчин јазик 3.318 0.54
регионални јазици 458 0.07
без определба 24.748 3.99
други 2.917 0.47


Попис од 2003

Според пописот од 2003 година во Црна Гора се зборува на:

Број %
Вкупно 620,145 100
српски 393,740 63.49
црногорски 136,208 21.96
босански 34,078 5.49
албански 32,603 5.26
хрватски 2,791 0.45
други 20,725 3.34

Градови

Економија

Еден од главните туристички центри, Будва.
Бар

Економијата на Црна Гора претежно е базирана на услуги, и делумно се наоѓа во процес на економска транзиција. Економијата на оваа мала балканска држава се опоравува од влијанието на Југословенските војни, период кога започнал падот на индустријата по распадот на СФРЈ и економските санкции на ООН. Според ММФ, номиналниот БНП на Црна Гора во 2008 бил $4.822 милијарди, додека БНП по глава на жител бил 11.091 долар. Во 2007 година било пресметано дека 72.4% од БНП на Црна Гора потпаѓа под секторот на услуги, 17.6% на индустриското производство и земјоделството со 10%. Од индустријата, Црна Гора произведува алуминиум и челик. Туризмот е значајна стопанска гранка во државата.

По референдумот за независност, црногорската економија продолжила да се трансформира, со прогласена цел да стане елитна туристичка дестинација и да се приклучи кон Европската унија. Биле направени напори за привлекување странски инвеститори во туризмот, како и во големи инфраструктурни проекти, кои се потребни за да се олесни развојот на туризмот. Црна Гора доживеала бум во недвижности во 2006 и 2007 година, кога богатите Руси, Британци и други започнале да купуваат имот на црногорскиот брег. Црна Гора, од 2008 година, добила повеќе странски инвестиции по глава на жител отколку која било друга нација во Европа. Поради странските директни инвестиции, црногорската економија пораснала со многу брзо темпо во последниве години. Сепак, рецесијата на крајот на 2000-тите неизбежно го забавила растот, бидејќи најголемите гринфилд инвестиции (развој на Велика Плажа, Ада Бојана, Буљарица, Јаз, изградба на автопатот Бар-Бољаре, нови електрани) можело да се одложи. Рецесијата, исто така, сериозно наштетила на фабриката за алуминиум во Подгорица, изградена во 1969 година и најголем единствен учесник во БДП и главен извозник.

Во првата половина на 2012 година, Црна Гора извезила стоки (претежно метали) во вредност од 182,3 милиони евра, што е за 14,6% помалку во однос на истиот период од претходната година. Главните извозни партнери биле Хрватска (47,2 милиони евра), Србија (36,8), Босна и Херцеговина и Унгарија (12,7). Увозот (претежно храна, нафта и електрична енергија) изнесувал 864,9 милиони евра, што е за 2,6% повеќе од истиот период претходната година. Најголеми увозни партнери биле Србија (249,2 милиони евра), Грција (73), Босна и Херцеговина (59,8)[57].

Банкарскиот сектор на Црна Гора е високо концентриран со висок удел на странски капитал. Банките во Црна Гора обично функционираат како универзални банки, обезбедувајќи малопродажни и корпоративни банкарски производи и услуги. Во текот на последните години (2007-2016), банките привлекуваат депозити од резидентите и нерезидентите. Поголемиот дел од банките нудат сметки за нерезиденти, обично на физички и правни лица[58].

Инфраструктура

Патишта на Црна Гора
Бока Которска
Плажа Буљарица

Црногорската патна инфраструктура сè уште не е во западноевропските стандарди. И покрај обемната патна мрежа, во земјата не постојат целосни стандарди за автопат. Изградбата на нови автопати се смета за национален приоритет, бидејќи тие се важни за единствен регионален економски развој и развој на Црна Гора како атрактивна туристичка дестинација.

Тековните европски правци што минуваат низ Црна Гора се Е65 и Е80.

Основата на црногорската железничка мрежа е железничката линија Белград-Бар, која обезбедува меѓународна врска кон Србија. Постои домашната линија, железничката пруга Никшиќ-Подгорица, која со децении била управувана како товарна линија и сега е отворена и за патнички сообраќај по реконструкцијата и електрификацијата во 2012 година. Другата линија е од Подгорица кон албанската граница, а железницата Подгорица-Скадар, не е во употреба.

Црна Гора има два меѓународни аеродроми, аеродромот во Подгорица и аеродромот во Тиват. Двата аеродроми опслужиле 1,1 милион патници во 2008 година.

Пристаништето во Бар е главното пристаниште на Црна Гора. Првично изградено во 1906 година, пристаништето било речиси целосно уништено за време на Втората светска војна, со реконструкција која започна во 1950 година. Денес, тоа е опремена да се справи со над 5 милиони тони товар годишно, иако распадот на поранешна Југославија и големината на црногорскиот индустрискиот сектор резултирала со тоа што пристаништето работело со загуба и многу помалку од капацитетот за неколку години. Се очекува реконструкцијата на железничката линија Белград-Бар и предложениот автопат Белград-Бар да го врати пристаништето до капацитет.

Туризам

Дурмитор

Туризмот во Црна Гора една од најбрзо растечките туристички дестинации изминатата деценија. Во 2007 година повеќе од еден милион туристи ја посетиле Црна Гора, со што биле направени околу 7,3 милиони ноќевања (23% повеќе во споредба со 2006 година). Ова изнесувало околу 480 милиони евра во приходите од туризмот во 2007 година (39% повеќе во споредба со претходната година). [2015] Туризмот реализирал над 1,7 милиони пристигнувања, со понатамошно зголемување во 2016 година[59]. Истата година, крајбрежниот град Котор бил именуван за најдобар град за посета на Лонли планет[60], додека самата земја е постојано вклучена во туристичките врвни списоци. Со вкупно 1,8 милиони посетители во 2016 година, нацијата станала 36-та (од 47 земји) најпопуларна земја која патува во Европа[61]. Црна Гора дополнително била посетена од преку 2 милиони туристи во 2017 година. Владата има за цел да привлече гринфилд инвестиции, кои треба најдобро да ги искористат неразвиените делови на брегот, како што се Јаз, Велика Плажа, Ада Бојана и Буљарица. Ваквите инвестиции би можеле потенцијално да ја преструктуираат привлечноста на Црна Гора на туристите, што ќе ја направи високо конкурентна дестинација за одржлив квалитетен туризам.

Црна Гора може да биде претставена како дестинација која нуди разновидни атракции и целогодишен туризам со можно објавување на различните карактеристики. Затоа, мастерпланот за туризам на Црна Гора исто така го отвора патот за национална програма за развој на природен туризам, особено пешачење и велосипедизам, со нова инфраструктура и услуги. Реализацијата на тригодишната програма започнала во 2007 година.

Култура

Културата на Црна Гора била под влијание на повеќе различни влијанија низ историјата. На таа култура влијаело православието, словенството, европската и исламската култура. Црна Гора има повеќе културни знаменитости од готскиот и барокскиот стил. Брегот на Црна Гора е познат по религиозните објекти од двете христијански религии.

Спорт

Стадион Подгорица.

Најпопуларни спортови во Црна Гора се тимските спортови, како што се фудбалот, кошарката, ватерполо, одбојка и ракомет. Другите спортови се бокс, тенис, пливање, џудо, карате, атлетика, пинг-понг и шах.

Најпопуларниот спорт е фудбалот. Меѓу многуте големи играчи од Црна Гора се Дејан Савиќевиќ, Предраг Мијатовиќ, Мирко Вучиниќ или Стеван Јоветиќ. Црногорскиот национален фудбалски тим, основан во 2006 година, играл во плејофот за Евро 2012, што е најголем успех во историјата на националниот тим. Најуспешен клуб на домашните црногорски фудбалски натпревари е ФК Рудар Плевља, со две шампионски титули и четири првенства. Историски гледано, најуспешните клубови, а денес најпопуларни се ФК Будуќност Подгорица и ФК Сутјеска Никшиќ, кои биле членови на Југословенската прва лига. Најпознато е фудбалското ривалство меѓу ФК Будуќност Подгорица и ФК Сутјеска Никшиќ, познато како црногорско дерби. Друго традиционално фудбалско ривалство е помеѓу ФК Будуќност и ФК Ловчен Цетиње. Во периодот 2000-2009 година постоел огромен интерес за ривалство во Подгорица помеѓу ФК Будуќност и ФК Зета, а во периодот 2008-2014 година имало уште едно важно локално дерби во топ-ниво натпревар помеѓу тимови од Никшиќ - ФК Сутјеска и ФК Челик Никшиќ. Од 2006 година, меѓу важните дерби натпревари е ФК Будуќност - ФК Рудар Плевља.

Ватерполото често се смета за национален спорт. Црногорскиот национален тим е еден од највисоко рангираните тимови во светот, освојувајќи златен медал на Европскиот шампионат за ватерполо во 2008 година во Малага, Шпанија, и освојувајќи го златниот медал во Светската лига за мажи во 2009 година, кое се одржало во црногорскиот главен град Подгорица. Црногорскиот тим ВК Приморац од Котор станал шампион на Европа во Евролига 2009 во Риека, Хрватска.

Црногорскиот национален кошаркарски тим е познат со добри остварувања и во минатото освоил многу медали како дел од Југославија. Во 2006 година, Кошаркарската федерација на Црна Гора, заедно со овој тим, самостојно се приклучиле кон Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), по независноста на Црна Гора. Црна Гора досега учествувала на две европски првенства.

Меѓу женските спортови, Националниот ракометен тим е најуспешен, освојувајќи го Европското првенство во 2012 година и завршувајќи како второпласирани на Летните олимписки игри 2012. ЖРК Будуќност Подгорица на две пати ја освоил Лигата на шампионите.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Предлошка:Цитирана мрежна страница
  2. 2,0 2,1 „Montenegro“. International Monetary Fund. Посетено на 23 January 2018.
  3. http://data.un.org/en/iso/me.html. Отсутно или празно |title= (help)
  4. http://data.un.org/en/iso/me.html. Отсутно или празно |title= (help)
  5. Distribution of family income – Gini index
  6. „2014 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2015. Посетено на 14 December 2015.
  7. „goo - Google Maps“. Maps.google.co.uk. 1970-01-01. Посетено на 2011-10-01.
  8. 8,0 8,1 David Luscombe; Jonathan Riley-Smith (2004). The New Cambridge Medieval History: Volume 4, c. 1024 – c. 1198. Cambridge University Press. стр. 266–. ISBN 9780521414111.
  9. 9,0 9,1 Jean W Sedlar (2013). East Central Europe in the Middle Ages, 1000–1500. University of Washington Press. стр. 21–. ISBN 9780295800646.
  10. John Van Antwerp Fine (1983). he early medieval Balkans: a critical survey from the sixth to the late twelfth century. University of Michigan Press. стр. 194. ISBN 9780472100255.
  11. „Duklja, the first Montenegrin state“. Montenegro.org. Посетено на 2011-10-01.
  12. Vucheva, Elitsa. „Montenegro files EU membership application“. Euobserver.com. Посетено на 2011-10-01.
  13. „Crna Gora u predvorju NATO-a“. Pcnen.com. Посетено на 2011-10-01.
  14. Стара Црна Гора, Јован Ердељановић, 34. стр.
  15. Предлошка:Цитирана книга
  16. Fine 1994, стр. 532
  17. Предлошка:Цитирана книга
  18. „Duklja, the first Montenegrin state“. Montenegro.org. Архивирано од изворникот на 16 January 1997. Посетено на 7 December 2012. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  19. Ćorović, Vladimir (1933). Istorija Jugoslavije (Serbian). Beograd: Narodno Delo. Посетено на 27 April 2011. Год. 1499. припојена је била Црна Гора скадарском санџакату. Али, год. 1514. одвојио је султан поново и поставио јој за управника, као санџак-бега, потурченог Станишу, односно Скендер-бега Црнојевића.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  20. „Глас Црногорца“.
  21. „Priča o crnogorskim perperima: Više od novca! FOTO“. MTELCG (англиски). Посетено на 2019-04-01.
  22. Vojvodić, Mihajlo; Stanković, Đorđe (1983). Savremeni svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 211.
  23. Vojvodić, Mihajlo; Stanković, Đorđe (1983). Savremeni svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 212.
  24. Vojvodić, Mihajlo; Stanković, Đorđe (1983). Savremeni svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 215.
  25. Pavlovic, Srdja (2008). Balkan Anschluss: The Annexation of Montenegro and the Creation of the Common South Slavic State (англиски). Purdue University Press. ISBN 9781557534651.
  26. „Prema oceni istoričara, Trinaestojulski ustanak bio je prvi i najmasovniji oružani otpor u porobljenoj Evropi 1941. godine“ (Serbian). B92.net. Посетено на 7 December 2012.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  27. YIHR.org Архивирано на 3 април 2015 г.
  28. Annex VIII – part 3/10 Prison Camps. ess.uwe.ac.uk Архивирано на 20 октомври 2013 г.
  29. "Porodica Nedžiba Loje o Njegovom Hapšenju i Deportaciji 1992". Godine Bosnjaci.net Архивирано на 12 октомври 2007 г.
  30. „Russia pushes peace plan“. BBC. 29 April 1999.
  31. „Montenegro vote result confirmed“. BBC News. 23 May 2006. Посетено на 11 September 2010.
  32. „Montenegro declares independence“. BBC News. 4 June 2006. Посетено на 11 September 2010.
  33. "OCCRP announces 2015 Organized Crime and Corruption ‘Person of the Year’ Award". Organized Crime and Corruption Reporting Project.
  34. "The Balkans’ Corrupt Leaders are Playing NATO for a Fool". Foreign Policy. 5 January 2017.
  35. "Montenegro invited to join NATO, a move sure to anger Russia, strain alliance's standards". The Washington Times. 1 December 2015.
  36. Stojanovic, Dusan (31 October 2016). „NATO, Russia to Hold Parallel Drills in the Balkans“. Associated Press. Архивирано од изворникот на 7 November 2016. Посетено на 8 November 2016. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
    „Russians behind Montenegro coup attempt, says prosecutor“. Germany: Deutsche Welle. AFP, Reuters, AP. 6 November 2016. Посетено на 8 November 2016.
    „Montenegro Prosecutor: Russian Nationalists Behind Alleged Coup Attempt“. The Wall Street Journal. United States. 6 November 2016. Посетено на 8 November 2016.
    'Russian nationalists' behind Montenegro PM assassination plot“. United Kingdom: BBC. 6 November 2016. Посетено на 8 November 2016.
  37. Montenegrin Court Confirms Charges Against Alleged Coup Plotters Radio Free Europe/Radio Liberty, 8 June 2017.
  38. Indictment tells murky Montenegrin coup tale: Trial will hear claims of Russian involvement in plans to assassinate prime minister and stop Balkan country's NATO membership. Politico, 23 May 2017.
  39. Montenegro finds itself at heart of tensions with Russia as it joins Nato: Alliance that bombed country only 18 years ago welcomes it as 29th member in move that has left its citizens divided The Guardian, 25 May 2017.
  40. МИД РФ: ответ НАТО на предложения российских военных неконкретный и размытый // ″Расширение НАТО″, TASS, 6 October 2016.
  41. Комментарий Департамента информации и печати МИД России в связи с голосованием в Скупщине Черногории по вопросу присоединения к НАТО Russian Foreign Ministry′s Statement, 28.04.17.
  42. Darmanović: Montenegro becomes EU member in 2022 20 April 2017. Retrieved 2 June 2017.
  43. "EU to map out membership for 6 western Balkan states", Michael Peel and Neil Buckley, Financial Times, 1 February 2018
  44. „Ustav Crne Gore“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 26 March 2010. Посетено на 11 September 2010. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
  45. „Foreign Policy“. mvpei.gov.me. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  46. Julian E. Barnes (25 May 2017). „Montenegro to Join NATO on June 5 – WSJ“. The Wall Street Journal. Посетено на 25 May 2017.
  47. „President Vujanovic's Closing Speech at the Crans Montana Forum“. Predsjednik.me. 21 February 2006. Архивирано од изворникот на 11 May 2011. Посетено на 11 September 2010. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  48. Скупштина на Црна Гора, Zakon o državnim simbolima i Danu državnosti Crne Gore („Службен весник на Црна Гора“, бр. 47/04-435. од 12 јули 2004 х.)
  49. „Adriatic Charter“. Посетено на 7 September 2018.
  50. „NATO Formally Invites Montenegro as 29th Member“. Associated Press. 19 May 2016. Посетено на 20 May 2016.
  51. Milic, Predrag (5 June 2017). „Defying Russia, Montenegro finally joins NATO“. ABC News. Посетено на 5 June 2017.
  52. Завод за статистика, Црна Гора (12 јули 2011). "Popis stanovništva, domaćinstava i stanova u Crnoj Gori 2011. godine" (PDF) (на српско-хрватски, англиски). Соопштение за печат.  посет. 30 март 2011 г
  53. Pettifer, James (2007). Strengthening Religious Tolerance for a Secure Civil Society in Albania and the Southern Balkans. IOS Press. ISBN 978-1-58603-779-6.
  54. Larkin, Barbara (2001). International Religious Freedom 2000: Annual Report: Submitted by the U.S. Department Of State. Diane Publishing. ISBN 978-0-7567-1229-7.
  55. Rifat Fejzic, the reis (president) of the Islamic community in Montenegro Архивирано на 21 септември 2013 г. Today's Zaman
  56. Завод за статистика, Црна Гора (12 јули 2011). "Popis stanovništva, domaćinstava i stanova u Crnoj Gori 2011. godine" (PDF) (на српско-хрватски, англиски). Соопштение за печат.  посет. 30 март 2011 г
  57. B92, Crna Gora najviše uvozi iz Srbije, 26.07.2012
  58. Offshore Banking in Montenegro
  59. inbox-online.com. „Od turizma zaradili 900 miliona“. RTCG – Radio Televizija Crne Gore – Nacionalni javni servis. Посетено на 2017-01-05.
  60. Lonely Planet (2015-10-27), The best places in the world to travel in 2016 | Lonely Planet, Посетено на 2017-01-05
  61. Mark Hillsdon (27 February 2017). „The European capital you'd never thought to visit (but really should)“. Telegraph.

Поврзано

Надворешни врски

Влада
Општи информации
Друго