Општина Новаци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 114: Ред 114:
| Други
| Други
| 0
| 0
|-
|}


{| border="1" cellspacing="0" cellpadding="2"
| '''Јазик'''
| '''вкупно'''
|-
| [[Македонски]]
| '''3.491'''
|-
| [[Албански]]
| 45
|-
| [[Турски]]
| 3
|-
| [[Ромски]]
| 0
|-
| [[Влашки]]
| 0
|-
| [[Српски]]
| 6
|-
| [[Бошњачки]]
| 0
|-
| Други
| 4
|-
|-
|}
|}

Преработка од 13:36, 18 јуни 2019

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Општина Новациопштина во Јужна Македонија. Центар на општината е селото Новаци.

Карта на општина Новаци со селските атари.
Демографска карта на општина Новаци со селските атари.

Географиja

Општината Новаци се наоѓа на Јужниот дел на Македонија, го зафаќа југоисточниот дел на Пелагониската рамнина, централниот дел на течението на Црна Река, битолскиот дел на Мариово и пограничниот дел со Грција на потегот на планината Ниџе. Општина Новаци на север граничи со општина Прилеп и општина Могила на запад со општина Битола и на јужниот и источниот дел со Грција во должина на гранична линија од околу 60 км.

Општина Новаци условно може да се подели на рамничарски и ридско-планински и пограничен дел. Рамничарско-Пелагонискиот дел е релативно стопански развиен регион. Општина Новаци располага со извонреден потенцијал на природни богатства како предуслов за развој на стопансвото. Имено во централниот дел на Општината се наоѓа најголемиот басен за јагленСуводол, потоа трите централи на РЕК “Битола“ во моментот постојат 8 наоѓалишта за експлоатација на минерална вода и гасови, две наоѓалишта за експлоатација на песок чакал, кварц и други неметали. На територијата на општина Новаци дел од стопанските активности ги извршува најголемиот земјоделски комбинат во Македонија- ЗК Пелагонија и вкупната аграрна површина во Општината е околу 70.000.ха од кои на на обработлива отпаѓа 23.000 ха, пасишта 30.000 ха и шуми 17.000 ха кое нешто е инзвореден предуслов за развој на земјоделието, сточарството и производството на здрава храна. Особено во последниот период подем добива одгледувањето на крупен добиток и токму во тој правец го гледаме и понатамошниот развој, но поради слабата економска моќ на населенито и немање соодветни поволни кредити овој сектор не е доволно искористен. Во последно време, во соработка со соседните општини, се поприсутно е размислувањето за отворање на преработувачки објекти за градинарски и сточарско-живаинарски производи за што постојат извонредни предуслови за обезбедување на суровини. За обезбедување на поголеми приноси во овој сектор неопходно е решавање на проблемот со наводнување и одводнување на земјоделските површини. За истото покренавме иницијатива до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство но поради немање на финансиски средства работите се оставени сѐ уште само на добра идеа. За решавање на овие проблеми, пред се за развој на земјоделието, потребно е обезбедување на поволни и квалитетни кредити и помош од државата.

Историja

Новаци за првпат се споменува уште во далечната 1468 година. Во турските тефтери за Битолската нахија, селото е регистрирано со името Новак, а е напишано како Новаки, Новак. Цивилизација во Пелагонија имало уште од античко – римско време, додека христијанството, според археолошки наоѓалишта на остатоци од христијански храмови, било примено уште во првите векови. По илјадагодишното постоење на античките Македонци и на Римската империја на овие простори, кон 6 век (697/8) областа ја населило словенското племе Брсјаци. Во 1382 година, Пелагонија паднала под Османлиско ропство, кое траело цели пет векови. За време на турската империја, Општината Новаци била нахија, со ограничени овластувања, додека другите потребности (суство, школство, полиција и др.) се вршеле преку истурени единици и станици од општината Битола. Кон крајот на 1912 година, по пропаста на турската империја, Новаци ги доживеа траумите на Балканските војни. Веднаш по Балканските војни, Кралството Србија воспоставило окупациска власт, а од 1914 – 1918 година на овие простори се воделе најжестоките борби во Првата светска војна. Особено жестоки биле борбите на планината Ниџе, на нејзиниот врв Кајмакчалан, каде што се воделе битките од т.н. Солунски или Македонски фронт, на кој, според некои податоци, учествувале над 1.200.000 војници од двете завојувани страни. Меѓу нив, во должина од 60 км. на фронтот, во Мариовскиот крај, од страна на силите на Антантата биле ангажирани 622.000 војници, од кои околу 150.000 војници биле од српска и македонска националност, 180.000 биле Французи, 120.000 Англиски, 130.000 грчки и 42.000 италијански војници. Од другата страна, сојузничките сили на Германија, Австро-Унгарија и Бугарија, ангажирале околу 600.000 војници. По битките на Солунскиот фронт, Новаци стана огромна гробница на загинати војници од двете страни, а стравотиите и ужасите од овие битки мошне добро ги опишале француските историчари: Ив Жуен и Пјер Франсоа. Новаци не го одминаа ни стравотиите и траумите од НОБ и Револуцијата, во текот на Втората светска војна. Во своето револуционерно минато, Новаци дало многу херои и револуционери. Најпознати меѓу нив се прославените војводи Ѓорѓи Сугарев и Толе Паша. Своето слободарско сонце Новаци го доживеа на 4 ноември 1944 година, датум што се смета за ден на ослободувањето на Новаци. Веднаш по Втората светска војна, Новаци стана општински центар. Но, во 1965 година, со окрупнувањето на општините, ингеренциите на Новаци преминаа во надлежност на Општина Битола. На 16.12.1996 година Новаци повторно стана самостојна Општина, во самостојна Република Македонија. Денес, Новаци е една од општините со најголема површина во Република Македонија, која се протега на површина од 773 километри квадратни, во која гравитираат 41 село.

Економија

РЕК Битола

Во однос на природнте богатсва и производсво на еколошки здрава храна уште поповолна е ситуацијата во ридско планискиот дел од Општината. Имено Мариовскиот дел на Општината е еден од еколошки најчистите региони во Македонија, регион кој располага со огромни површини на пасишта, шуми,води, разновидниста на животинскиот и растителниот свет како предуслов за развој на сточарсвото, пчеларство, билкарство и други капацитети за производсво на еколоШки здрава храна. Со своите специфични културно- историски, геогравски и природни карактеристики , овој регион пружа изворедни можности за развој на селскиот туризам, спортскиот лов и риболов и др.

Демографија

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194813.468—    
195315.259+13.3%
196115.733+3.1%
197112.335−21.6%
198110.151−17.7%
19915.793−42.9%
19944.263−26.4%
20023.549−16.7%
Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Новаци според административната поделба од 2004 година.
Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија

Со цел да го поттикне наталитетот, Општината Новаци доделува парична помош од 30.000 денари за секој склучен брак, а за секое новородено бебе дава помош од 5.000 денари.[1][2]

Според потписот од 2002 година општината има 3.549

народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 3.393 98,34
Албанци 46 0,59
Турци 2 0,16
Роми 0 0,00
Власи 0 0,00
Срби 7 0,20
Бошњаци 0 0,00
други 1 0,08
религија вкупно
Православни 3.495
Муслимани 50
Католици 4
Протестанти 0
Други 0


Јазик вкупно
Македонски 3.491
Албански 45
Турски 3
Ромски 0
Влашки 0
Српски 6
Бошњачки 0
Други 4

Политика и администрација

Градоначалник на општина Новаци е Љубе Кузманоски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Новаци е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 4 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  Независни: 1 место

Инфраструктура

Регионални патни правци во општината се:

  • Р-509 - Битола-Новаци Маково-Старавина во вкупна должина од 53 км (40 се асфалтирани, од Рапеш до Старавина во должина од 13 км се само тампонирани)
  • Р-510 - врска М-5-Кременица-Бач-Скочивир-Старавина во вкупна должина од 55 км (30 км е асфалтиран, 25 км е макадам).
  • Р-120 -Тополчани-Добрушево-Новаци-Брод во вкупна должина од 40 км (22 се асфалтирани, 18 км на потегот до Новаци е макадам).
  • Р-531 - Брод-Гнеотино во должина од 11 км е земјен пат

Локалната патна мрежа:

  • 20,5 км асфалтирани патишта
  • 25 км тампонирани
  • 91 км земјен пат

Локални улици:

  • 13 км асфалт
  • 6 км тампонирани
  • 58 км земјен пат.

Инфраструктурни објекти за водоснабдување :

С.Новаци, Добромири и Рибарци се поврзани на водоводната мрежа од водоводот на град Битола.

Во селата Горно Агларци, Долно Агларци, Далбеговци, Гермијан, Бач, Живојно, Брод и Скочивир изградена е локална водовона мрежа со резервоари со пумпи.

Селата Старавина, Градежница, Будимерци и Зовиќ приклучени се на регионалниот водовод „Мариово“,

Селата Рапеш, Маково, Орле и Груништа имаат локални водоводи.

Населените места во општина Новаци покриени се со телефонска мрежа, а со исклучок на с.Брник и Груништа во останатите има електрична мрежа.

Културни и природни знаменитости

Општината Новаци е позната по тоа што има повеќе цркви од населени места: во општината има 41 село, а наспроти тоа, има 51 црква и 15 манастири.[4]

Меѓународна соработка

Редовни настани

Личности

Образование и здравство

Во општина Новаци има едно Центарлно основно училиште во Новаци со подрачни училишта во с. Добромири, Рибарци, Горно Агларци и Маково. Во с. Бач постои подрачно училиште кое е под ЦОУ с. Бистрица.

Во склопот на општината постојат повеќе здравствените амбуланти и тоа во следните населени места: Новаци, Бач, Маково и Старавина.

Иселеништво

Наводи

  1. „Црна го потопи и храмот „Пресвета Богородица“ во Пелагонија“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 17.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
  3. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
  4. „Црна го потопи и храмот „Пресвета Богородица“ во Пелагонија“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 17.

Надворешни врски