Едначење по звучност: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.218.215 (разговор), вратено на последната верзија на 89.205.125.133
Ознака: Отповикување
Ред 52: Ред 52:


== Правило 4 ==
== Правило 4 ==
Согласката ''ј'' се обезвучува и пред [[слеана согласка|слеаните]] ''ц'', ''ч'' во зборови со претставка.
Согласката ''ј'' се обезвучува и пред [[слеана согласка|слеаните]] ''ц'', ''ч'' во зборови со претставка. циво


== Правило 5 ==
== Правило 5 ==

Преработка од 21:48, 30 мај 2019

Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано

Според звучноста согласките се делат на безвучни, звучни и сонатни. Безвучните и звучните согласки образуваат таканаречени корелативни парови. Секоја безвучна согласка, освен х, има свој звучен парник. Тие парови се:

корелативни парови
звучна: б д г в з ж (-) ѕ џ ѓ
безвучна: п т к ф с ш (х) ц ч ќ

Правило 1

Звучните и безвучните согласки се едначат по звучност кога ќе се најдат во непосреден допир. Едначењето се врши спрема втората согласка. Звучните согласки пред безвучните се менуваат во безвучни. Пример:

Правило 2

Безвучните согласки пред звучните преоѓаат во звучни сват- сватба-свадба

Правило 3

Едначењето по звучност редовно се обележува и во зборовите со претставка.

Правило 4

Согласката ј се обезвучува и пред слеаните ц, ч во зборови со претставка. циво

Правило 5

Кога претставките што завршуваат на согласка (зад-, над-, од-, под-, пред-, без-, из-, раз-) ќе влезат во состав на збор што почнува со истородна согласка, настануваат два случаја.

Правило 5.1

Во некои зборови границата меѓу претставката и основниот збор јасно се чувствува, и согласките се пишуваат удвоено: оддели, поддава, раззелени, оттука, поттикне, бессовесен, ...

Правило 5.2

Во други случаи, кога е сраснатоста на составните делови изразена во поголем степен, по извршеното едначење се добива една согласка: одамна (од оддамна), бесмислен, бесмртен, бесрамен, бестрашен, исее, исекне, исели, исече, раседла (од разседла), расее, расели, расече, раслои, расобуе, расони и др.

Иста појава имаме и на составите меѓу префиските без-, из-, раз- и зборовите што почнуваат со ш. Во едни случаи се чува с: бесшумно (од безшумно), исшета, исшие, исшилчи, а во други, по асимилацијата на с во ш, се добило едно ш; ишари (од изшари), ишмрка, уштипе, рашета (од разшета), рашие, рашири, раштима, раштрка.

Правило 6

Едначењето по звучност не се одбележува во следниве случаи:

Правило 6.1

Не се одбележува едначењето на в пред безвучна согласка

Правило 6.2

Не се одбележува едначењето на д

Правило 6.3

Пред членската наставка -та не се одбележува и едначењето на другите звучни согласки

Правило 6.4

Согласката г не се едначи во: бегство, другпат.

Правило 6.5

Не се едначи т во сложенките од типот: петгодишен, десетгодишен, дванаесетгодишен, ...

Правило 6.6

Едначењето на согласките по звучност не се одбележува и во некои личните именки од туѓо потекло.

Правило 6.7

Во допир со гласниците (сонанти) не се врши едначење по звучност: милослив, милосница, мирислив.

Литература