Жеглигово: Разлика помеѓу преработките

Координати: 42°07′48″N 21°43′19″E / 42.130° СГШ; 21.722° ИГД / 42.130; 21.722
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 46: Ред 46:
== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
* [https://kumanovskimuabeti.mk/zhegligovo-prethodnikot-na-kumanovo/ Жеглигово – претходникот на Куманово] — портал „Кумановски муабети“ (од „Наш весник“, бр. 22, 1962 г.)
* [https://kumanovskimuabeti.mk/zhegligovo-prethodnikot-na-kumanovo/ Жеглигово – претходникот на Куманово] — портал „Кумановски муабети“ (од „Наш весник“, бр. 22, 1962 г.)

{{coord|42.130|21.722|scale:500000_region:MK|display=title}}


[[Категорија:Историско-географски области во Македонија]]
[[Категорија:Историско-географски области во Македонија]]

Преработка од 04:04, 11 мај 2019

Населени места во Жеглигово
Населени места во Општина Куманово (горе) и Општина Липково (долу)

Жеглиговокотлинска област во Кумановската Котлина, северниот дел на Македонија, денес поделен меѓу Општина Куманово и Општина Липково. Нејзино средиште е градот Куманово.

Потекло на името

Името на областа доаѓа од старословенскиот поим „жег“ (жегъ), кој означува железна прачка за жигосување или правење дупки во дрво, како и од зборот „жега“, во смисла дека местото било изложено на сонце и жештина.

Историја

Областа за првпат по име се споменува во 1354 г. како жупа во владение на севастократорот Дејан, со средиште во тогашниот град Нагоричане. Жупата останала под власта на династијата Дејановци, и со неа потоа управувале Теодора, Јован Драгаш и Константин Драгаш, наречен и Константин Жеглиговец. За последен пат крајот се споменува во 1512 г. пред Жеглигово да биде опустошено од Османлиите. По ова, жителите ја напуштиле областа и разрушениот град Нагоричане, па се населиле во Куманово. Со оваа преселба во Куманово е преместено и управното седиште на областа, по што тоа прераснало во град.[1] Во XX век името Жеглигово повторно влегло во употреба како друго име на Кумановската Котлина, иако истото сочинува само еден дел од неа.[2]

Географија и геологија

Жеглигово се наоѓа во сливот на реката Пчиња, помеѓу планините Козјак на исток и Скопска Црна Гора на запад. Областа е отворена на југоисток кон Овче Поле и на југозапад кон Скопската Котлина, а таков е случајот и кон север. Зафаќа површина од 1.315 км2.

Котлината е настаната е по тектонски пат, со спуштање по должината на раседи со меридијански правец. Релјефот е брановиден и во него се издвојуваат висорамнините на Романовце и Нагоричане. Источните падини на Скопска Црна Гора се познати како Карадак, ридскиот терен помеѓу Пчиња и Крива Река се нарекува Средорек, а планинскиот крај помеѓу Козјачка Река и Пчиња — Козјачија.

Сообраќај

Преку Жеглигово води меѓународниот пат Е75, кој ја поврзува областа со Врањската Котлина на север и со Скопската Котлина на југозапад. Овде од него се одвојува магистралниот пат М–2, кој на исток го поврзува со Славишката Котлина, како и регионалниот пат кој на југ води кон Овче Поле.

Населени места и демографија

Во Жеглигово постојат 110 села и градот Куманово како негово средиште. Во нив во 1961 г. живееле 100.600 жители, а во 2002 г. тој број се наголемил на 135.773 жители. Најголем дел од населението се Македонци. Во западниот дел областа преовладуваат Албанците, а во старонагоричанскиот крај — Србите.[2]

Стопанство

Населението се занимава со одгледување житни и индустриски култури, особено тутун, како и со сточарство. Во Куманово е развиена машинската, текстилната, кожарската и тутунската индустрија.

Поврзано

Наводи

  1. Ѓошевски, Филип (26 април 2016). „Средновековно Жеглигово. Старото име на кумановскиот крај“. портал ИГЕО.
  2. 2,0 2,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 540. ISBN 978-608-203-023-4.

Надворешни врски

42°07′48″N 21°43′19″E / 42.130° СГШ; 21.722° ИГД / 42.130; 21.722