Муртино: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°24′55″N 22°43′36″E / 41.41528° СГШ; 22.72667° ИГД / 41.41528; 22.72667
Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Отстрането уредувањето на 146.255.75.245 (разговор), вратено на последната верзија на M4r51n
Ознака: Отповикување
Ред 102: Ред 102:


== Иселеништво ==
== Иселеништво ==
Муртинo мaсoвнo се иселувa пoрaди финaнсиски причини..


== Поврзано ==
== Поврзано ==

Преработка од 14:55, 8 мај 2019

Муртино

Поранешната општинска зграда

Муртино во рамките на Македонија
Муртино
Местоположба на Муртино во Македонија
Муртино на карта

Карта

Координати 41°24′55″N 22°43′36″E / 41.41528° СГШ; 22.72667° ИГД / 41.41528; 22.72667
Општина Општина Струмица
Пошт. бр. 2432
Шифра на КО 27043, 27543
Надм. вис. 196 м
Слава Ѓурѓовден
Муртино на Ризницата

Муртино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба

Муртино се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 8 км. Надморската височина во селото е 212 м а површината на селото изнесува 1.640 ха.

Селото граничи со Свидовица, Банско, Сачево, Моноспитово, Робово, Еднокуќево, Бајрамбос, Кочули.

Историja

Селска чешма
ОУ „Маршал Тито“ - Муртино
Црква „Св. Ѓорѓи“
Евангелско-методистичка црква

Првите податоци за селото потекнуваат уште од турско време, кога првобитната местоположба на селото била на ридот кој се наоѓа на Беласица, јужно од сегашната положба на селото. Сегашната местоположба е некогашен чифлик на турскиот бег. Се верува дека името на селото потекнува од бегот Мурат, кому и му припаѓал и чифликот.

Првиот познат населеник е така наречениот дедо Јове, кој се преселил од мариовските села и дошол во Муртино, бидејќи убил тогаш некој познат турчин и за да не биде убиен се преселил со своето семејство. Тој имал неколку синови од кој најпознатиот се викал Атанас, тој бил кмет на селото и многу богат човек, го помагал Илинденското востание дури го криумчарел Гоце Делчев, преку Беласица за да оди во Солун. Давал пари за да се купи оружје, муниција итн. Сѐ уште има остатоци од ова семејство на Дедо Јове, сега познати како Јовевци, сите живеат во маалото наречено Чифлик.

Во селото била отворена една од првите евангелско-методистички цркви во Македонија. Кон почетокот на XX век, според статистиката од Бранков, бројот на протестантите во Струмичко изнесувал 624 лица, од кои 208 живееле во Муртино. Освен црква, во селото имало изградено и протестантско училиште. Нивниот број значително се намалил по крајот на Балканските војни.

Муртино во 1996 станува општина. Во општината биле и селата Моноспитово, Бансκо и Сачево. Општина Муртино постои два мандати, во првиот мандат κаκо градоначалниκ е избран Ацо Христов од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, по потеκло од Муртино. Во вториот мандат со лоκалните избори одржани во 2000 година κаκо градоначалниκ е избран Стојан Бансκолиев исто таκа од партијата ВМРО-ДПМНЕ, и осто со потеκло од Муртино. Со териториалната поделба во 2005 година, изгласана во собранието на Маκедонија, Општина Муртино е распуштена. Моноспитово се припојува во Општина Босилово, а Муртино со Бансκо и Сачево се припојуваат во Општина Струмица.

Стопанство

Претежно занимање на населението е земјоделството. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 688 ха[1].

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година во Муртино живееле 560 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Муртино имало 688 Македонци, од кои 480 егзархисти и 208 протестанти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.209 жители, од кои 2.203 Македонци, 2 Срби и 4 останати. Следува табела на националната структура на населението[4]

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 560[2] 688[3] 1.671 1.922 2.175 2.202 2.214 2.159 2.209

Општествени институции

  • Основно училиште „Маршал Тито“
  • пошта
  • амбуланта
  • бензинска пумпа
  • земјоделско здружение „Агро унија“
  • ветеринарна станица
  • дом на културата
  • спортска сала
  • РЕ на ЈПКД Комуналец — Струмица

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

На верскиот празник Свети Ѓорѓи, познат и како Ѓурѓовден се одржува трка со коњи.

Личности

  • Атанас Јовев — војвода на ВМРО
  • Ден Дончев — министер во владата на Македонија во времето на Љубчо Георгиевски потекнува од Муртино.
  • Зоран Заев — градоначалник на Струмица во три мандата и водач на СДСМ од 2013 година потекнува од Муртино.
  • Ванчо Панчев — пратениκ во собранието на Маκедонија од 1998 до 2002 потеκнува од Муртино.

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано

Наводи

  1. „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски

Предлошка:Населени места во Општина Струмица