Здив (филм од 2007): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
ситна поправка
Ред 11: Ред 11:
[[Категорија:Филмови од 2007 година]]
[[Категорија:Филмови од 2007 година]]
[[Категорија:Филмови на Ки-дук Ким]]
[[Категорија:Филмови на Ки-дук Ким]]
[[Категорија:Филмови на корејски јазик]]
[[Категорија:Филмови со Џунг-ву Ха]]
[[Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Јужна Кореја]]
[[Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Јужна Кореја]]

Преработка од 01:45, 29 март 2019

Здив (корејски: 숨) е јужнокорејски филм од 2007 година, во режија на Ки-дук Ким (неговиот 14. филм), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Чен Чанг, Парки Џи-а, Ин-Хјеонг Ганг и Џунг-ву Ха. Истата година, на Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“.[1]

Синопсис

Податотека:Breath film poster.jpg
Плакатот за филмот „Здив“

Скулпторката Јеон (ја игра Парк Џи-а) дознава дека ја изневерува сопругот (го игра Џунг-ву Ха) и сака да му се одмазди. Поттикната од телевизискиот прилог за злосторникот Јинг Јин (го игра Чен Чанг), осуден на смртна казна поради убиството на сопругата и двете ќерки, кој се обидел да изврши самоубиство, таа го посетува во затворот со намера да го одврати од натамошните обиди. Постепено, таа почнува редовно да го посетува, приредувајќи му тематски приредби со мотиви од летото, пролетта и есента. Еден ден, нејзиниот маж ја следи до затворот и преку затворските камери ја гледа сцената во која таа се бакнува со Јин. На патот до дома, сопругот намерно предизвикува сообраќајна несреќа во која е повредена Јеон. Потоа, тој раскинува со љубовницата и го посетува Јин, велејќи му дека Јеон нема повеќе да се гледа со него. Истовремено, тој му дава фотографија од голата Јеон, но затворениците му ја одземаат така што Јин пак се обидува да изврши самоубиство. Откако дознава за тоа, Јеон повторно оди во затворот каде води љубов со Јин, но притоа се обидува да го убие. За тоа време, надвор је чекаат сопругот и ќерката. Додека тројцата се возат на патот до својот дом, затворениците го убиваат Јин.[2]

Наводи