Зајак: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис
Ред 1: Ред 1:
'''Зајак''' - животно од редот [[глодари]].
'''Зајак''' - животно од редот [[глодачи]].


==Видови зајаци==
==Видови зајаци==
Ред 40: Ред 40:
== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи}}
[[Категорија:Глодари]]
[[Категорија:Глодачи]]

Преработка од 22:29, 6 март 2019

Зајак - животно од редот глодачи.

Видови зајаци

Зајакот-дупкар спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во фамилијата зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антарктикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 сантиметри и тежина од 2 кг, а жиивее од три до шест години. Сексуалната зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа две до седум малечки, и тоа, четири до пет пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје и кора од дрвјата. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.

Зајакот во литературата и во популарната култура

Зајакот често се среќава како лик во литературата и во популарната култура. На пример, тој е чест лик во народните приказни, во кои понекогаш има и волшебни својства. Таков е случајот со турската бајка „Белиот зајак“ во која еден бел зајак (кој знае да зборува) се одликува со голема мудрост и постојано му помага на принцот во сите неволји, а на крајот се дознава дека зајакот, всушност, е најмладата сестра на принцот која исчезнала пред многу години.[1]

Исто така, зајакот е чест лик во филмовите. Така, во 1988 година бил снимен филмот „Кој го намести зајакот Роџер“ (Who framed Roger Rabbit), кој постигнал голем успех и освоил три награди „Оскар“.[2]

Зајакот се јавува како тема во повеќе уметнички или популарни дела, како:

Галерија

Наводи

  1. „Бели зец“ во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 127-144.
  2. IMDb, Who Framed Roger Rabbit (1988) (пристапено на 6.12.2015)
  3. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 179-182.
  4. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 135-138.
  5. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184.
  6. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 148.
  7. Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 119-121.
  8. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 27-28.
  9. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 36.
  10. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.
  11. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 50.
  12. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 51.
  13. Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 95.
  14. Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 73-74.
  15. Васил Куноски, Зајче безопавче, Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1980.
  16. YouTube, Jefferson Airplane - Surrealistic Pillow (1967) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 24.12.2017)