Филмски жанр: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Интервики.
+
Ред 1: Ред 1:
Во филмската теорија, под жанр се подразбира примарниот метод на филмска категоризација. „Жанр“ се однесува на филмови кои се слични по своите наративни елементи, од кои се и составени.
Во филмската теорија, под '''жанр''' се подразбира примарниот метод на филмска категоризација. „Жанр“ се однесува на филмови кои се слични по своите наративни елементи, од кои се и составени.


==Категоризација на филмски жанрови==
==Категоризација на филмски жанрови==

Преработка од 21:22, 22 септември 2008

Во филмската теорија, под жанр се подразбира примарниот метод на филмска категоризација. „Жанр“ се однесува на филмови кои се слични по своите наративни елементи, од кои се и составени.

Категоризација на филмски жанрови

Се користат три основни типови при категоризација на филмови: опкружување, природа и формат.

Опкружување

  • Криминал: дејството е составено со криминални активности, или организации кои се обидуваат да ги спречат.
  • Источни: слични на Западни, но од Азија, со Нинџи и Самураи.
  • Фантазија: фикција надвор од реалноста (пр. митови, легенди)
  • Филм ноар: главните ликови се портретирани во нихилистичко и егзистенцијалистичко опкружување.
  • Историја: дејството се одвива во минатото, меѓу важни историски околности.
  • Музика: во врска со музичари, музика и нивните инструменти, но не смее да се помеша со мјузикл.
  • Затвор: дејството се одвива во затворска околина, каде ликовите можат да бидат виновни или невини.
  • Научна фантастика: одредени од ефектите на шпекулативна (се уште не постоечка) технологија (пр. патување низ времето).
  • Спорт: спортски настани и локациите каде што се одвива.
  • Шпионски: приказната е базирана на шпионски дејства. Пример: Џејмс Бонд.
  • Војна: бојното поле и локацијата за време на војна.
  • Вестерн: дивина на работ на цивилизацијата, обично на американскиот запад.

Природа

  • Акција: во главно се работи за морална борба меѓу „доброто“ и „лошото“ одиграно преку насилство и физичка сила.
  • Авантура: вклучува опасност, ризик и често висок степен на фантазија.
  • Комедија: наменето да предизвика смеа.
  • Драма: длабоко го разработува ликот на главните карактери, интеракција и емотивни теми.
  • Хорор: провоцира страв кај публиката.
  • Мистерија: не разбирливост на дејството на филмот се до крајот.
  • Романса: елементи на романтична љубов.
  • Трилер: провоцира возбуда и нервозна тензија.

mk:Листа на филмски жанрови