Ел Дорадо: Разлика помеѓу преработките
нова страница |
(нема разлика)
|
Преработка од 21:18, 22 јануари 2019
Ел Дорадо (шпански: El Dorado) - измислено кралство во Јужна Америка, богато со злато.
Митот за Ел Дорадо
На шпански, зборот „Ел Дорадо“ значи „златниот“ и оригинално потекнува од изразот El Hombre Dorado („Златниот човек“) или од El Rey Dorado („Златниот крал“), а го означувал Зипа, митолошкиот поглавар на народот Муиска во Колумбија. Зипа бил познат по тоа што се попрскал со златна прашина и потоа потонал во езерото Гватавита. Со текот на времето, легендата за Ел Дорадо постепено се менувала и попримила други значења, од златен град до златно царство. Исто така, постепено се појавиле гласини за друга локација на Ел Дорадо, што поттикнало неколку неуспешни експедиции во доцниот 16 век во потрага по градот наречен Маноа (Manõa) на брегот на езерото Париме. Двете најуспешни експедиции до Ел Дорадо биле предводени од сер Волтер Ралеј (Sir Walter Raleigh). Инспирирани од легендата, шпанските конквистадори повеќепати ги пребарувале Колумбија, Венецуела и делови од Гвајана и Бразил во потрага по градот и славниот крал. Во текот на овие експедиции, биле направени карти на северниот дел од Јужна Америка, вклучувајќи го и басенот на реката Амазон. На почетокот од 19 век, идејата за постоењето на Ел Дорадо била отфрлена.[1]
Ел Дорадо како тема во уметноста и во популарната култура
„Патот до Ел Дорадо“ - американски анимиран филм.