Еразмо Ротердамски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Нема опис на уредувањето
Ред 15: Ред 15:
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Холандски хуманисти]]
[[Категорија:Холандски хуманисти]]
[[Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“]]

Преработка од 11:55, 17 јануари 2019

Еразмо Ротердамски

Герхард Герхардс, познат како Еразмо Ротердамски (латински: Desiderius Erasmus Roterodamus, 28 октомври 1466 во Ротердам - 12 јули 1536 во Базел) - холандски свештеник и хуманист. Поради големото влијание врз своите современици, тој бил наречен крал на хуманистите. Извршил големо влијание врз германската реформација, а реформата на црквата ја замислувал како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата.

Биографија

Еразмо Ротердамски бил ракоположен за свештеник, но живеел како самостоен учен човек.[1]

Творештво

Најпознатото дело на Еразмо Ротердамски е „Пофалба на глупоста“, напишанo во 1509 година, a објавено во 1511 година. Во него, тој ја критикува корупцијата во Црквата, залагајќи се за живот во кој човекот ќе се раководи според постојните морални и религиозни начела. Делата на Еразмо биле меѓу првите печатени книги што имале голема читателска публика и придонесле за отворање на патот на протестанската реформација.[2]

Наводи

  1. Адам Харт-Дејвис, Историја - сеопфатен визуелен водич. Скопје, 2009.
  2. Адам Харт-Дејвис, Историја - сеопфатен визуелен водич. Скопје, 2009.

Предлошка:Никулец за биографија