Алберт Ајнштајн: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 106: | Ред 106: | ||
[[Категорија:Членови на Баварската академија на науките]] |
[[Категорија:Членови на Баварската академија на науките]] |
||
[[Категорија:Членови на Американското филозофско друштво]] |
[[Категорија:Членови на Американското филозофско друштво]] |
||
[[Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“]] |
Преработка од 11:11, 17 јануари 2019
Алберт Ајнштајн | |
---|---|
Алберт Ајнштајн, 1947 | |
Роден(а) | 14 март 1879 Улм, Виртемберг, Германија |
Починал(а) | 18 април 1955 (76 г.) Принстон, Њу Џерси, САД |
Живеалиште | Германија, Италија, Швајцарија, САД |
Државјанство | Германија (1879–96, 1914–33) Швајцарија (1901–55) САД (1940–55) |
Полиња | Физика |
Установи | Швајцарски Патентен завод (Берн) Циришки универзитет Универзитет Чарлс во Прага Пруска Академија на науките Кајзер Вилхелм Институт Лајден универзитет Институт за напредни студии |
Образование | ЕТХ Цирих Циришки универзитет |
Докторски ментор | Алфред Клеинер |
Други ментори | Хеинрих Фридрих Вебер |
Познат по | Општа релативност Специјална релативност Брауново движење Фотоелектричен ефект Еднаквост на масата и енергијата Ајнштајнови равенки за поле Теорија на унифицирани полиња Бос-Ајнштајнови статистики АПР парадокс |
Влијание од | Марсел Гросман |
Влијаел врз | Давид Бом |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1921) Коплиев медал (1925) Планков медал (1929) |
Потпис |
Дел од серијата |
Специјална релативност |
---|
Алберт Ајнштајн (германски: Albert Einstein; 14 март 1879 – 18 април 1955) — германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за Еднаквост на масата и енергијата, . Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.“[1]
Во огромниот број на придонеси на Ајнштајн кон физиката се вбројува неговата специјална теорија на релативноста, која ги споила механиката и електромагнетизмот, и неговата општа теорија на релативноста, која ја проширила теоријата на релативноста за нерамномерното движење, создавајќи нова теорија на гравитација. Има бројни придонеси во полињата на релативистичка космологија, капиларна акција, критична опалесценција, класични проблеми на статистичката механика и нивната примена во квантната теорија, објаснување на брауновото движење на молекулите, веројатности на атомската транзиција, квантната теорија на едноатомски гасови, термодинамичките својства на светлината со ниско ниво на радијација (со што ги дава темелите на теоријата на фотони), теорија за радијација вклучувајќи стимулирана емисија, концептот на теоријата на унифицирани полиња и придонеси кон физичката геометризација.
Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела.[2][3] Има статус на слава во заедницата на физиката,[4] а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност.
Младост и образование
Алберт Ајнштајн бил роден во еврејско семејство во Улм, Виртемберг, Германија на 14 март 1879. Неговиот татко бил Херман Ајнштајн, продавач и инженер. Неговата мајка била Полин Ајнштајн (моминско презиме Кох). Во 1880, семејството се преселило во Минхен, каде неговиот татко и вујко формирале компанија, „Elektrotechnische Fabrik J. Einstein & Cie“, која произведувала електрична опрема.
Ајнштајнови не биле посериозни еврејски религозни верници, па затоа Алберт посетувал католичко основно училиште. Иако Ајнштајн имал рани говорни маани, тој сепак бил меѓу врвните ученици во училиштето.[5][6]
Кога Ајнштајн имал пет години, неговиот татко му покажал џебен компас. Ајнштајн сфатил дека има нешто во празниот простор што ја движи иглата и подоцна изјавил дека ова искуство му направило „длабока и долготрајна импресија“.[7] На инсистирање на неговата мајка, тој земал часови по виолина на шестгодишна возраст, и иако не ги сакал и евентуално се откажал, подоцна многу уживал во моцартовите виолински сонати. Како што растел, Ајнштајн градел модели и механички направи од чиста забава, а почнал да покажува и талент за математика.
Во 1889, семејниот пријател Макс Талмуд, медицински студент,[8] го запознал десетгодишниот Ајнштајн со клучни научни, математички и филозофски текстови, вклучувајќи го делото на Кант Критика на чистата причина и евклидовите Елементи (Ајнштајн ја нарекол „малата света геометриска книга“)[8] Од Евклид, Ајнштајн почнал да разбира дедуктивно резонирање, и до дванаесетгодишна возраст, тој ја научил евклидовата геометрија. Веднаш потоа почнал да го истражува калкулусот.
Во неговите рани тинејџерски години, Ајнштајн ја посетувал прогресивната гимназија Луитполд. Неговиот татко имал намера тој да следи електрично инженерство, но Ајнштајн се судрил со авторитетните во училиштето и со школскиот режим. Тој подоцна напишал дека духот на учење и креативноста биле изгубено во стриктно учење на памет.
Во 1894, кога Ајнштајн имал петнаесет години, бизнисот на неговиот татко пропаднал и семејството се преселило во Италија, најпрвин во Милано, а по неколку месеци во Павија. За ова време, Ајнштајн го напишал својот прв научен труд, „Истражувањето на состојбата на етер во магнетни полиња“[9] Ајнштајн подоцна го напуштил Минхен за да го заврши средното училиште, но во пролетта 1895 година се повлекол за да се придружи на семејството во Павија, убедувајќи го училиштето да го ослободи користејќи медицинска белешка.
Наместо да го заврши средното образование, Ајнштајн одлучил да се пријави директно на ЕТХ Цирих, Швајцарскиот Федерален Институт за технологија во Цирих, Швајцарија. Без школско свидетелство, тој морал да положи приемен испит, во што не успеал, иако имал исклучително добри оценки во математика и физика.[10] Ајнштајн напишал дека во таа иста година, на 16 години, за првпат го извршил неговиот експеримент на визуелизација на патување паралелно со светлосен бран.
Ајнштајнови го испратиле Алберт во Арау, Швајцарија, да го заврши средното образование. Додека престојувал со фамилијата на проф. Јост Винтелер, тој се заљубил во нивната ќерка, Мари (сестрата на Алберт, Маја, подоцна се омажила со Пол Винтелер). Во Арау, Ајнштајн ја проучувал максвеловата електромагнетна теорија. Во 1896, тој матурирал на 17 годишна возраст, се откажал од своето германско државјанство за да ја избегне воената служба (со одобрение на татка си) и конечно се пријавил на математичката програма во ЕТХ. Мари се преселила во Олсберг, Швајцарија каде зела наставничко место.
Во 1896, идната жена на Ајнштајн, Милева Мариќ, исто така се пријавила на ЕТХ како единствената жена која студирала математика. За време на следните неколку години, Ајнштајн и Марич го развиле своето пријателство во романса. Ајнштајн завршил со студиите во 1900 од ЕТХ со диплома по физика.[11] Истата година, пријателката на Ајнштајн, Мишел Бесо, го запознала со работата на Ернст Мах. Следната година, Ајнштајн објавил статија во престижниот весник Annalen der Physik за капиларните сили на една сламка. На 21 февруари 1901, тој добил швајцарско државјанство, од кое никогаш не се откажал.[12]
Научна кариера
Ајнштајн студирал во Цирих на Eidgenössische Technische Hochschule од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија. Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза "Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии" ("Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen"). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни оти немале обимни наводи во поранешната научна литература и представувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките феномени. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за кои што до тогаш не постоеле научни објасненија.
Ајнштајн станал светска позната личност по неговата формулација на теоријата на релативитетот во 1915 година. Неговата популарност има достигнато такво ниво што во секојдневниот говор зборот Ајнштајн претставува синоним за интелигентен или генијален. Последните години од својот живот ги посветил на изучување на обединувањето на теориите на гравитација и електромагнетизам.
Политички погледи
Ајнштајн себеси се сметал за пацифист и хуманист, а кон крајот на животот и за демократски социјалист. Особено изразен бил неговиот пацифизам, при што Ајнштајн посебно ги почитувал погледите на Махатма Ганди.
Познато е неговото залагање за одбрана на човековите права, кое особено дошло до израз за време на макартизмот во САД. Кога истакнатиот црнечки лидер В. Е. Б. Дибуа бил обвинет дека е комунистички шпион, Ајнштајн сам се пријавил за сведочи во негова корист. Во таа прилика, Ајнштајн изјавил: „Расизмот е најголема болест на Америка.“ По објавата на Ајнштајн дека ќе сведочи во одбрана на Дибуа, обвинението против него било повлечено.
Најконтроверзен е ставот на Ајнштајн кон атомската бомба. Непосредно пред почетокот на Втората Светска Војна, на 2 август 1939 година Ајнштајн му напишал писмо на американскиот претседател Френклин Рузвелт, поттикнувајќи го да започне истражувања за пронаоѓање на нуклеарно оружје. Сепак, подоцна Ајнштајн се спротивставил на употребата на нуклеарното оружје и не учествувал во проектот за создавање на атомска бомба. По војната, Ајнштајн се промовирал како еден од најголемите критичари на нуклеарното оружје.
Ајнштајн бил и приврзаник на ционизмот. Во 1952 годинна, новосоздадената Држава Израел му понудила да стане втор претседател на земјата, но Ајнштајн ја одбил понудата, тврдејќи дека не поседува доволно способности за справување со луѓе.
Занимливости
По смртта на Ајнштајн, за време на аутопсијата му биле извадени мозокот и очите, при што во 1955 година очите му биле предадени на неговиот личен офталмолог Хенри Абрамс, кој ги чувал до 2009 година. Потоа, тие се чувале во сеф во Њујорк.[13]
Ајнштајн како тема во уметноста и во популарната култура
- „Ајнштајн на плажа“ (Einstein on the beach) - албум на американскиот композитор Филип Глас (Philip Glass) од 1979 година.[14]
- „Ајнштајновиот ден“ (Einstein's Day) - песна на американската рок-група „Мишн оф Бурма“ (Mission of Burma) од 1982 година.[15]
Надворешни врски
Македонски јазик
Англиски јазик
- Ајнштајн интернет архиви
- А. Ајнштајн: Лик и дело, на Американскиот Институт за физика: биографија, аудио и PDF документи за училишна намена
- „Емилио Сегре визуелни архиви: Алберт Ајнштајн“, Американски Институт за физика
- MacTutor History of Mathematics archive: Albert Einstein Универзитет Сент Ендрјуз, училиште за математика и статистика (содржи огромна библиографија за понатамошно читање)
- „Големата идеја на Ајнштајн“ - Вебсајт на серијата телевизиски документарци Nova
- Nobelprize.org: Нобеловата награда за физика 1921
- Математички генеолошки проект: Алберт Ајнштајн, генеолошки проект на Државниот универзитет Северна Дакота во соработка со Американското Математичарско Здружение
- Во сенката на Ајнштајн BBC Радио 4 серијал на придонесите на Ајнштајн
- Дела на Алберт Ајнштајн (во јавен домен во Канада)
Наводи
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана книга Во неговите ненаучни трудови се вклучуваат: За ционизмот: Говори и предавања од проф. Алберт Ајнштајн (1930), „Зошто војна?“ (1933, коавтор со Сигмунд Фројд), Светот според мене (1934), Од моите подоцнежни години (1950) и научна книга за општата читателска публика, Еволуцијата на физиката (1948, коавтор со Леополд Инфелд).
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана книга
- ↑ Предлошка:Цитирана книга
- ↑ Предлошка:Цитирана книга
- ↑ 8,0 8,1 Дадли Хершбаг, „Ајнштајн како студент“, оддел за хемија и биохемија при универзитетот Харвард, Кембриџ, САД, стр.3 веб: HarvardChem-Einstein-PDF: за посетите на Макс Талмуд.
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Хајфилд, Роџер (1993), Приватниот живот на Алберт Ајнштајн, London: Faber and Faber, стр. 21, ISBN 0-571-17170-2 Занемарен непознатиот параметар
|coauthors=
(се препорачува|author=
) (help) - ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ „Окото на Ајнштајн и средниот прст на Галилеј се чуваат како музејски експонати“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 22-23.
- ↑ YouTube, Philip Glass - Einstein On The Beach - 01 Knee Play 1 (1981) (пристапено на 13.5.2017)
- ↑ YouTube, Mission Of Burma - VS. - Full Album (пристапено на 13.5.2017)
|
|
- Родени во 1879 година
- Починати во 1955 година
- Починати во Принстон
- Починати во Њу Џерси
- Починати во САД
- Алберт Ајнштајн
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Германски Евреи
- Германски физичари
- Американски Евреи
- Американски физичари
- Луѓе од Улм
- Членови на Баварската академија на науките
- Членови на Американското филозофско друштво
- Личности овековечени во споменикот „Валхала“