Тор (митологија): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
Според [[нордиската митологија]], '''Тор''' ({{lang-non|Þórr}}) е бог со чекан („[[мјолнир]]“) кој се поврзува со [[гром]]овите, молскавиците, бурите, дрвјата [[даб]], силата, заштита на човештвото, како и просветлување, лечење и плодност.

==Записи за Тор==
==Споменување низ митовите==
===Римско доба===
===Римско доба===
[[Податотека:Hermannsweg02.jpg|thumb|The [[Тевтобургска шума|Тевтобургската шума]] во северозападна Германија]]
[[Податотека:Hermannsweg02.jpg|thumb|The [[Тевтобургска шума|Тевтобургската шума]] во северозападна Германија]]
Ред 16: Ред 16:
Во 11 век, хроничарот [[Адам Бременски]] запишал во неговото дело [[Делата на бискупот на Хамбуршката црква]] дека статуа на Тор, кого го опишал како „најсилен“ се наоѓа во [[Храм во Упсала|храмот во Упсала]] кој се наоѓа во [[Гамла Упсала]] во [[Шведска]]. Адам запишал дека се верува оти Тор владее со небото, раководи со громовите и молњите, ветерот и бурите, убавото време и плодноста, како и тоа дека Тор со неговото жезло потсетува на Јупитер. Адам запишал дека народот во Упсала назначил свештеници за секој бог, и дека свештениците требало да поднесуваат жртви. Во случајот на Тор, биле поднесувани жртви кога се заканувале чума или глад.<ref name="ORCHARD168-169">Orchard (1997:168—169).</ref> Во истото дело Адам споменал дека англискиот проповедник Вулфред во 1030 година бил линчуван од собраните германски пагани заради „непочитување“ на претставата на Тор.<ref name="NORTH236">North (1998:236).</ref>

Два предмети имаат запис со [[руни]] со кој се повикува Тор датираат од 11 век, едниот од [[Англија]], а другиот предмет е од Шведска. Англискиот предмет е најден во [[Кантербери]], и го повикува Тор да излечи рана со протерување на ентитетите наречени [[Јотуни]].<ref name="MCLEOD-MEES-120">McLeod, Mees (2006:120).</ref> The second, the [[Kvinneby amulet]], invokes protection by both Thor and his hammer.<ref name="MCLEOD-MEES-28">McLeod, Mees (2006:28).</ref>
Два предмети имаат запис со [[руни]] со кој се повикува Тор датираат од 11 век, едниот од [[Англија]], а другиот предмет е од Шведска. Англискиот предмет е најден во [[Кантербери]], и го повикува Тор да излечи рана со протерување на ентитетите наречени [[Јотуни]].<ref name="MCLEOD-MEES-120">McLeod, Mees (2006:120).</ref> Вториот предмет ја повикува заштитата на Тор и неговиот чекан.<ref name="MCLEOD-MEES-28">McLeod, Mees (2006:28).</ref>

Во 12 век, во време кога народот во Норвешка бил официјално христијанизиран, Тор бил сè уште повикуван, за што сведочи порака напишана со руни најдена во [[Берген]], [[Норвешка]]. Порака ги повикува Тор и Один на помош.<ref name="MCLEOD-MEES-30">McLeod, Mees (2006:30).</ref> Во тоа време, иконографијата на христијанизираниот крал [[Олаф II]] (Светиот Олаф) содржи елементи од Тор: Олаф е претставен со црвена брада и држи чекан.<ref name="DUMEZIL125">Dumézil (1973:125).</ref>

== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 14:50, 6 јануари 2019

Борба на Тор против Етинци (1872) од Мартен Ескил Винге

Според нордиската митологија, Тор (старонордиски: Þórr) е бог со чекан („мјолнир“) кој се поврзува со громовите, молскавиците, бурите, дрвјата даб, силата, заштита на човештвото, како и просветлување, лечење и плодност.

Записи за Тор

Римско доба

The Тевтобургската шума во северозападна Германија

Најраниот запис за Тор како бог на Германите се наоѓа во делото од првиот век на римскиот историчар ТацитГерманија“, каде пишувал за верувањата на германското племе Свеви. Тацит напишал дека „меѓу боговите, Меркур е најпочитуван. Тие му поднесуваат жртви и понуди на одредени денови, човечки жртви исто така. Херкул и Марс ги чествуваат со животински понуди.“ Тацит споменал дека Свевите ја почитуваат и Изида.[1] Во овој случај, Тацит мисли на богот Один кога вели Меркур, Тор е „Херкул“ и Тир е Марс, додека идентификувањето на Исис останува нерешено. Во врска со Тор, идентификувањето со богот Херкул доаѓа поради сличноста меѓу чеканот на Тор и оној на Херкул.[2]

Во деловите на Германија кои биле окупирани од Римското Царство, на парички и други предмети од 2 и 3 век наша ера има латински запис кои се однесуваат на „Херкул“, што можеби се однесува на Тор.[3]

Првиот вистински запис на името на овој бог се наоѓа на парче накит (фибула) од 7 век, најдена во Баварија, на која стои јужно германската форма на името - Þonar, односно Тонар.[4] Во втората половина на 8 век, на староанглиски јазик се споменува фигура наречена Þunor односно Тунор, и за која се смета дека е староанглиска верзија на овој бог.[5][6]

Кодексот од 9 век од Мајнц, Германија, познат како Стар саксонски завет за крштевање, содржи имиња на три старосаксонски богови, Один, Сакснот и Тунор, и по пат на откажување од нив како демони, паганите се покрстувале во христијани.[7]

Викиншка ера

Во 11 век, хроничарот Адам Бременски запишал во неговото дело Делата на бискупот на Хамбуршката црква дека статуа на Тор, кого го опишал како „најсилен“ се наоѓа во храмот во Упсала кој се наоѓа во Гамла Упсала во Шведска. Адам запишал дека се верува оти Тор владее со небото, раководи со громовите и молњите, ветерот и бурите, убавото време и плодноста, како и тоа дека Тор со неговото жезло потсетува на Јупитер. Адам запишал дека народот во Упсала назначил свештеници за секој бог, и дека свештениците требало да поднесуваат жртви. Во случајот на Тор, биле поднесувани жртви кога се заканувале чума или глад.[8] Во истото дело Адам споменал дека англискиот проповедник Вулфред во 1030 година бил линчуван од собраните германски пагани заради „непочитување“ на претставата на Тор.[9]

Два предмети имаат запис со руни со кој се повикува Тор датираат од 11 век, едниот од Англија, а другиот предмет е од Шведска. Англискиот предмет е најден во Кантербери, и го повикува Тор да излечи рана со протерување на ентитетите наречени Јотуни.[10] Вториот предмет ја повикува заштитата на Тор и неговиот чекан.[11]

Во 12 век, во време кога народот во Норвешка бил официјално христијанизиран, Тор бил сè уште повикуван, за што сведочи порака напишана со руни најдена во Берген, Норвешка. Порака ги повикува Тор и Один на помош.[12] Во тоа време, иконографијата на христијанизираниот крал Олаф II (Светиот Олаф) содржи елементи од Тор: Олаф е претставен со црвена брада и држи чекан.[13]

Наводи

  1. Birley (1999:42).
  2. Birley (1999:107).
  3. Simek (2007:140—142).
  4. Simek (2007:235—236).
  5. Turville-Petre (1964:99)
  6. See North (1998:238—241) for þunnorad and tales regarding Thunor, see Encyclopædia Britannica (1910:608) regarding usage of Thunor as an Old English gloss for Jupiter and Tiw employed as a gloss for Mars.
  7. Simek (2007:276).
  8. Orchard (1997:168—169).
  9. North (1998:236).
  10. McLeod, Mees (2006:120).
  11. McLeod, Mees (2006:28).
  12. McLeod, Mees (2006:30).
  13. Dumézil (1973:125).

Надворешни врски