Битка кај Лепанто: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 20: Ред 20:
|strength1=208 бродови

|strength1=208 бродови

* 202 галии,

* 202 галии,

* 6 galleasses

* 6 галијаси

22.840 војници
1.334 артилеристи|<ref name="Bicheno(2004)" />|
22.840 војници
1.334 артилеристи|<ref name="Bicheno(2004)" />|
strength2=251 бродови

strength2=251 бродови

* 206 галии

* 206 галии

* 45 galliots

* 45 галиоти

31.490 војници
741 артилеристи<ref name="TurkGunNote">Бројот на турските топови е проценет и не е прецизен.</ref>|<ref name="Bicheno(2004)" />|
31.490 војници
741 артилеристи<ref name="TurkGunNote">Бројот на турските топови е проценет и не е прецизен.</ref>|<ref name="Bicheno(2004)" />|
casualties1=7.500 мртви
17 уништени бродови<ref name="ReferenceA">''Confrontation at Lepanto'' by T.C.F. Hopkins, intro</ref> |
casualties1=7.500 мртви
17 уништени бродови<ref name="ReferenceA">''Confrontation at Lepanto'' by T.C.F. Hopkins, intro</ref> |

Преработка од 19:35, 2 јануари 2019

Битка кај Лепанто
Дел од Пета османлиско-венецијанска војна и Османлиско-хабсбуршки војни

Битката кај Лепанто , Х. Летер, Национален поморски музеј, Гринвич/Лондон
Датум 7 октомври 1571
Место Патраски Залив, Јонско Море
Исход Победа на Светата лига
Завојувани страни
Света лига :

Шпанија
Венеција
Папска држава
Џенова
Савоја
Малтешки ред

Османлиска империја
Команданти и водачи
Хуан Австриски
Алваро де Базан
Луис де Зуњига
Себастијано Вениер
Маркантонио Колона
Али Паша
Улуџ Али Рејс
Сила
208 бродови
• 202 галии,
• 6 галијаси

22.840 војници
1.334 артилеристи

251 бродови
• 206 галии
• 45 галиоти

31.490 војници
741 артилеристи[1]

Жртви и загуби
7.500 мртви
17 уништени бродови[2]
20.000 мртви[2], повредени или заробени,[3]
137 уништени бродови
50 потонати бродови
10.000 ослободени робови (христијани)

Битка кај Лепанто — поморска битка која се одвила на 7 октомври 1571 година во Патрискиот Залив, во Јонското Море. Обединетите сили на Светата лига, која ја сочинувале Шпанија, Џенова, Венеција, Папската држава, Малтешкиот ред, Сицилија, Неапол, Савоја, Тоскана и Парма успеале да ја поразат флотата на Османлиската империја.

Позадина

Во XVI век помеѓу морските држави се водела битка за превласт во Средоземното Море. Најголемо било ривалството помеѓу Хабсбуршка Шпанија и Османлиската империја. Во 1570 година, султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот Кипар и крајбрежните делови од денешните држави Италија и Шпанија. Војната продолжила и во периодот од 1570 до 1573 година. Од друга страна, римскиот папа Пиј V успеал да организира антиосманлиска коалиција, составена од Шпанија и Венеција, позната под името Светата лига.

Сили

Командант на сојузничките флоти бил 24-годишниот Хуан Австриски, вонбрачен син на шпанскиот крал Карл V и полубрат на Филип II од Шпанија. Силите на заедничката Светата Лига била претставена од флота која не била видена дотогаш во Европа. Таа броела повеќе од 300 различни бродови, од кои 108 венецијански галии, 81 шпански галии, 32 галии од папската армија и од другите италијански земји, како и 6 галии на Венеција. Вкупниот број војници изнесувал околу 84 000. Османлиската флота, под команда од Али паша, броела околу 88 000 војници.

Битка

Сојузничката флота ги блокирала османлиските бродови во Патрискиот Залив, во Јонското Море. Турскиот командант претпоставил дека силите на сојузниците се наоѓале кај островот Кефалонија, а Дон Хуан Австриски сметал дека Османлиите се во нивната база - Лепанто. Утрото на 7 октомври 1571 година, двете флоти, сосема неочекувано и за двете страни, се сретнале кај влезот од заливот, на 60 километри од Лепанто.

Битката кај Лепанто го означил крајот на владеењето на османлиската флота во Средоземното Море. Сепак, сојузничките флоти не ја искористиле големата победа. Шпанците извршиле десант во Тунис, а Венецијанската република започнала војна во Далмација. Турскиот султан добил можност да ја врати својата флота и во пролетта следната година, Османлиите изградиле 220 галии. Овојпат, флотата била предводена од страна на Улуџ Али.

Светата лига се распаднала и во март 1573 година, Венеција потпишала договор со Османлиската империја, според кој Кипар им бил отстапен на Турците кои, на тој начин, повторно станале господари на источниот дел од Средоземно Море.

Наводи

1. Бројот на турските топови е проценет и не е прецизен.
2. 2,0 2,1 Confrontation at Lepanto by T.C.F. Hopkins, intro
3. Geoffrey Parker, The Military Revolution, стр. 88.