Љубиша Георгиевски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација, ситно дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 10: Ред 10:
|predecessor1 = [[Љупчо Јордановски]]
|predecessor1 = [[Љупчо Јордановски]]
|successor1 = [[Трајко Вељаноски]]
|successor1 = [[Трајко Вељаноски]]
|birth_date = {{роден на|30|мај|1937}}
|birth_date = {{birth date|1937|05|30|df=y}}
|birth_place = {{роден во|Битола}}, [[Кралство Југославија]]<br>денес [[Македонија]]
|birth_place = {{роден во|Битола}}, [[Кралство Југославија]]<br>денес [[Македонија]]
|death_date =
|death_date = {{Death date and age|2018|12|06|1937|05|30|df=y}}
|death_place =
|death_place =
|nationality = [[Македонци|Македонец]]
|nationality = [[Македонци|Македонец]]

Преработка од 12:20, 6 декември 2018

Љубиша Георгиевски
VII Претседател на Собранието
На должноста
1 август 2006 – 21 јуни 2008
Претседател Бранко Црвенковски
Претходник Љупчо Јордановски
Наследник Трајко Вељаноски
Лични податоци
Роден(а) 30 мај 1937(1937-05-30)
Битола, Кралство Југославија
денес Македонија
Починал(а) 6 декември 2018(2018-12-06) (возр. 81)
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија политичар, режисер
Вероисповед Православен христијанин

Љубиша Георгиевски (роден на 30 мај 1937 година во Битола) е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Како политичар, бил претседателски кандидат (1994), амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).

Кариера

Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.

Награди

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.

Политичка кариера

На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2000 до 2004 бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Бугарија.

Зборува англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служи и со словенечки, полски и романски.[1]

Наводи

  1. Љубиша Георгиевски, Собрание на Република Македонија.
Политички функции
Претходник
Љупчо Јордановски
Претседател на Собранието на Македонија
2006–2008
Наследник
Трајко Вељаноски