Македонски парламентарни избори (1990): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 70: | Ред 70: | ||
Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во [[СФРЈ|југословенската федерација]] и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност. |
Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во [[СФРЈ|југословенската федерација]] и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност. |
||
Првите повеќепартиски избори беа одбележани по дозволата на тогашната Републичка изборна комисија (РИК) да се гласа со пасош, по недостигот на гласачки ливчиња на некои избирачки места, а вишок на други места.<ref name=sdk>{{нмс| title= Пасошите го решија победникот на првите парламентарни избори| url= https://sdk.mk/index.php/neraskazhani-prikazni/pasoshite-go-reshija-pobednikot-na-prvite-parlamentarni-izbori/ | publisher= Сакам да кажам | date=2016-09-07 | accessdate=2018-11-04}}</ref> Одлуката над РИК да дозволи да се гласа со пасош, тогаш уште југословенски, предизвика контроверзи дека на тој начин ќе може да се гласа двапати со што би била фалсификувана изборната волја на граѓаните. Дозволата да се гласа со пасош беше повод [[ВМРО-ДПМНЕ]] да одржи неколку големи митинзи низ републиката, на кои беше побарано да се поништи гласањето како нерегуларно и да се распушти РИК. Како последица на ова, но и заострувањето на националистичките тензии и меѓуетничката нетрпеливост на бившојугословенските простори, дојде до пресврт во вториот круг.<ref name=sdk/> |
|||
== Резултати == |
== Резултати == |
Преработка од 15:01, 4 ноември 2018
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Оваа статија е дел од темата |
Политиката на Македонија |
---|
Портал: „Политика“ |
Парламентарните избори 1990 година се првите парламентарни избори што се одржани во Република Македонија (тогаш се уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам. Во првиот круг најмногу гласови освои дотогаш единствената и владејачка партија СКМ-ПДП, додека во вториот круг најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ, која севкупно освои и најмногу мандати - 38.
Изборен систем
Изборите се одржаа според мнозинскиот изборен систем при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември 1990 година, а вториот – на 25 ноември. Гласачкиот одзив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.[1]
Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во југословенската федерација и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност.
Првите повеќепартиски избори беа одбележани по дозволата на тогашната Републичка изборна комисија (РИК) да се гласа со пасош, по недостигот на гласачки ливчиња на некои избирачки места, а вишок на други места.[2] Одлуката над РИК да дозволи да се гласа со пасош, тогаш уште југословенски, предизвика контроверзи дека на тој начин ќе може да се гласа двапати со што би била фалсификувана изборната волја на граѓаните. Дозволата да се гласа со пасош беше повод ВМРО-ДПМНЕ да одржи неколку големи митинзи низ републиката, на кои беше побарано да се поништи гласањето како нерегуларно и да се распушти РИК. Како последица на ова, но и заострувањето на националистичките тензии и меѓуетничката нетрпеливост на бившојугословенските простори, дојде до пресврт во вториот круг.[2]
Резултати
Мандати во новото еднодомно собрание освоија девет партии и три независни пратеници.
Партија | Прв круг | Втор круг | Вкупно мандати | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Гласови | % | Мандати | Гласови | % | Мандати | ||
СКМ-ПДП | 234.369 | 21,8 | 4 | 220.748 | 27,7 | 27 | 31 |
Партија за демократски просперитет | 165.388 | 15,4 | 13 | 58.046 | 7,3 | 4 | 17 |
ВМРО-ДПМНЕ | 154.101 | 14,3 | 1 | 238.367 | 29,9 | 37 | 38 |
Сојуз на реформски сили | 142.564 | 13,3 | 1 | 128.449 | 16,1 | 10 | 11 |
Социјалистичка партија на Македонија | 77.123 | 7,2 | 1 | 38.893 | 4,9 | 3 | 4 |
Партија за демократски просперитет / Народна демократска партија | 62.628 | 5,8 | 4 | 13.326 | 1,7 | 1 | 5 |
МААК | 42.926 | 4,0 | 0 | 8.803 | 1,1 | 0 | 0 |
Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка | 32.799 | 3,0 | 0 | 31.236 | 3,9 | 6 | 6 |
Работничка партија | 31.591 | 2,9 | 0 | 2.923 | 0,4 | 0 | 0 |
Македонска народна партија | 26.151 | 2,4 | 0 | 4.829 | 0,6 | 0 | 0 |
Социјалдемократска партија на Македонија | 16.972 | 1,6 | 0 | 1.656 | 0,2 | 0 | 0 |
Странка на Југословените | 16.898 | 1,6 | 0 | 13.331 | 1,7 | 2 | 2 |
Демократски сојуз - Партија на земјоделците | 13.230 | 1,2 | 0 | 4.829 | 0,6 | 0 | 0 |
Лига за демократија | 13.097 | 1,2 | 0 | 2.707 | 0,3 | 0 | 0 |
Социјалистичка партија на Македонија / Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка | 5.960 | 0,6 | 0 | 7.061 | 0,9 | 1 | 1 |
Народна демократска партија | 4.597 | 0,4 | 0 | 4.105 | 0,5 | 1 | 1 |
Партија за целосна еманципација на Ромите / СПМ | 3.757 | 0,3 | 0 | 3.961 | 0,4 | 1 | 1 |
Демократски сојуз на Турците | 3.384 | 0,3 | 0 | / | / | / | 0 |
Демохристијанска партија на Македонија | 2.779 | 0,3 | 0 | / | / | / | 0 |
Партија за целосна еманципација на Ромите | 2.359 | 0,2 | 0 | / | / | / | 0 |
Работничко земјоделска партија на Македонија | 1.896 | 0,2 | 0 | 726 | 0,1 | 0 | 0 |
МААК / ВМРО-ДПМНЕ | 1.698 | 0,2 | 0 | / | / | / | 0 |
Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка / Социјалдемократска партија на Македонија | 732 | 0,1 | 0 | / | / | / | 0 |
Сојуз на пензионерите на општина Битола | 428 | 0,0 | 0 | / | / | / | 0 |
Независни пратеници | 18.157 | 1,7 | 0 | 12.769 | 1,6 | 3 | 3 |
Неважечки гласови | 60.144 | 5,3 | – | 34.476 | 4,1 | – | – |
Вкупно | 1.135.728 | 100 | 24 | 831.218 | 100 | 96 | 120 |
Регистрирани гласачи/одзив[3] | 1.452.072 | 77,2 | – |
Првата конститутивна седница се одржа на 8 јануари 1991 година.
Поради распоредот на силите во Собранието настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на техничка влада. Мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој состави влада, која на 20 март ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.
Наводи
- ↑ Републичка изборна комисија: Конечни резултати од Изборите 1990, 1 стр.
- ↑ 2,0 2,1 „Пасошите го решија победникот на првите парламентарни избори“. Сакам да кажам. 2016-09-07. Посетено на 2018-11-04.
- ↑ Во бројот на регистрирани гласачи се вклучени и 113.051 гласачи кои гласале со лични карти и други документи. Благоја Нинески „Изборите, медиумите и партиите во Македонија 1990-2000“, „Студентски збор“, Скопје, 2001, 20 стр.
Надворешни врски
- Пратенички состав 1991 - 1994
- Интервју со Петар Гошев, тогашен лидер на СКМ-ПДП, „Утрински Весник“
|