Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Песната „Земја“: ситна поправка
→‎Книжевна дејност: дополнување
Ред 45: Ред 45:
[[File:Беседа за делото на Вапцаров - Б.Ристовски.pdf|thumb|мини|десно|„Беседа за делото на Вапцаров“ од [[Блаже Ристовски]] (1990) (кликнете за да ја отворите и читате во целост)]]
[[File:Беседа за делото на Вапцаров - Б.Ристовски.pdf|thumb|мини|десно|„Беседа за делото на Вапцаров“ од [[Блаже Ристовски]] (1990) (кликнете за да ја отворите и читате во целост)]]


Покрај основната работа за егзистенција, Вапцаров се занимавал со [[Книжевност|книжевна]] дејност. Тој бил еден од организаторите на „[[Македонски литературен кружок|Македонскиот литратурен кружок]]“ во [[Софија]]. Од самите членови бил сметан за „срж“ на кружокот. Вапцаров се занимавал со [[поезија]], пишувал критики и бил еден од организаторите на списанието „Литературен критик“. Вапцаров ги создал најзначајните стихови во периодот 1936-1942. Во [[1940]] година ја објавил својата прва и единствена поетска збирка, „[[Моторни песни]]“, а по паѓањето на фашизмот во Бугарија била објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“. Вапцаров пишувал на [[бугарски јазик]], а подоцна, неговите дела се преведени на [[македонски јазик]].
Покрај основната работа за егзистенција, Вапцаров се занимавал со [[Книжевност|книжевна]] дејност. Тој бил еден од организаторите на „[[Македонски литературен кружок|Македонскиот литратурен кружок]]“ во [[Софија]]. Од самите членови бил сметан за „срж“ на кружокот. Вапцаров се занимавал со [[поезија]], пишувал критики и бил еден од организаторите на списанието „Литературен критик“. Вапцаров ги создал најзначајните стихови во периодот 1936-1942. Во [[1940]] година ја објавил својата прва и единствена поетска збирка, „[[Моторни песни]]“, а по паѓањето на фашизмот во Бугарија посмртно биле објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“.

Вапцаров пишувал на [[бугарски јазик]], а подоцна, неговите дела се преведени на [[македонски јазик]]. Според [[Гане Тодоровски]], иако Вапцаров е еден од најистакнатите претставници на бугарската поезија меѓу двете светски војни, сепак според потеклото, чувството, акцијата и содржинската означеност на својата поезија, тој бил [[Македонец]], а македонството претставува содржинска компонента на голем дел од неговата [[поезија]].<ref>Гаен Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 7.</ref>


===Моторни песни===
===Моторни песни===
Ред 60: Ред 62:


=== Реферат ===
=== Реферат ===
Значајно место во неговата оставнина претставува и рефератот напишан за основачкото собрание на [[Македонски литературен кружок|Македонскиот литературен кружок]]. Оригинален и самокритички, тој има за цел да ги покаже вистинските патишта на постоењето и патот на писателот, на литературата која толку многу му е потребна на македонскиот народ. Постојано споменуван и уважуван како посебно значаен труд не само за Вапцаров, туку и за македонската литература воопшто, неговата целина останува долго време непозната. Прв пат мали делови и почетните реченици ги соопштува [[Блаже Ристовски]] во [[1963]] година, но поопширно во студија во следната [[1964]] година<ref>Блаже Ристовски, „Современост“, Скопје, 1964.</ref>, кој имал можност да потѕирне во тетрадка 33 во музејот „Никола Вапцаров“ во [[Софија]], заведен како „Доклад от Никола Вапцаров върху Македония и задълженията на писателите-Македонци към нея, които трябва да следват революционните идеи на Гоце Делчев и Даме Груев“. Прв пат интегрално е објавен во книгата на [[Михаил Сматракалев]] „Македонскиот литературен кружок“. По политички причини, наскоро по неговото прво делумно објавување, рефератот е повлечен од Архивата на Домот-музеј и ден денес е недостапен за истражувачите, со исклучок на тесен круг бугарски научници. Во Бугарија рефератот е објавен прв пат дури во [[1995]] година.<ref>Цвета Трифонова, Литературен форум, број 7 и 8, 1995 година</ref>. Тоа ќе даде повод Вапцаров да биде прогласен за негатор на бугарскиот јазик и проводник на македонизмот.<ref> Тодор Балкански, ''Никола Вапцаров, България и българите.Към проспографията на поета'', Велико Търново, 1996. „Вапцаров е еден од иницијаторите за исполнување на коминтерновската порачка наречена 'македонски јазик', со што стои на почетокот на најголемата кампања, реализирана воопшто некогаш против бугарскиот јазик. Тој е меѓу најголемите негатори во историјата на бугарскиот македонизам во однос на бугарскиот јазик како својствен на македонските Бугари.“</ref>
Значајно место во оставнината на Вапцаров претставува и рефератот напишан за основачкото собрание на [[Македонски литературен кружок|Македонскиот литературен кружок]]. Оригинален и самокритички, тој има за цел да ги покаже вистинските патишта на постоењето и патот на писателот, на литературата која толку многу му е потребна на [[Македонски народ|македонскиот народ]]. Постојано споменуван и уважуван како посебно значаен труд не само за Вапцаров, туку и за [[Македонска литература|македонската литература]] воопшто, неговата целина останува долго време непозната. Прв пат мали делови и почетните реченици ги соопштува [[Блаже Ристовски]] во [[1963]] година, но поопширно во студија во следната [[1964]] година,<ref>Блаже Ристовски, „Современост“, Скопје, 1964.</ref> кој имал можност да ѕирне во тетратката број 33 во музејот „Никола Вапцаров“ во [[Софија]], заведена како „Доклад от Никола Вапцаров върху Македония и задълженията на писателите-Македонци към нея, които трябва да следват революционните идеи на Гоце Делчев и Даме Груев“. За првпат рефератот бил интегрално објавен во книгата на [[Михаил Сматракалев]] „Македонскиот литературен кружок“. Поради политички причини, наскоро по неговото прво делумно објавување, рефератот бил повлечен од Архивата на Домот-музеј и до ден-денес е недостапен за истражувачите, со исклучок на тесен круг бугарски научници. Во Бугарија рефератот за првпат бил објавен дури во [[1995]] година<ref>Цвета Трифонова, Литературен форум, број 7 и 8, 1995 година</ref> при што тој дал повод Вапцаров да биде прогласен за негатор на [[Бугарски јазик|бугарскиот јазик]] и застапник на македонизмот.<ref> одор Балкански, ''Никола Вапцаров, България и българите.Към проспографията на поета'', Велико Търново, 1996. „Вапцаров е еден од иницијаторите за исполнување на коминтерновската порачка наречена 'македонски јазик', со што стои на почетокот на најголемата кампања, реализирана воопшто некогаш против бугарскиот јазик. Тој е меѓу најголемите негатори во историјата на бугарскиот македонизам во однос на бугарскиот јазик како својствен на македонските Бугари.“</ref>

===Осврт врз творештвото на Вапцаров===
Во предговорот кон изборот од поезијата, македонскиот поет [[Гане Тодоровски]] го нарекува Вапцаров легенда, синоним на неразделното единство на зборот и на делото и раритетна појава без кого светската книжевност би била посиромашна, а неговото творештво претставува [[симбиоза]] на [[уметност]]а и [[морал]]от, на националното и социјалното одредување, на интернационалниот [[алтруизам]] и интимната човекова исповед. Исто така, Тодоровски го смета Вапцаров за една од најуверливите илустрации за творечките потенцијали на македонскиот народ.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 5-6.</ref>


== Чествување на 100 годишнината од раѓањето на поетот ==
== Чествување на 100 годишнината од раѓањето на поетот ==

Преработка од 00:42, 3 ноември 2018

„Вапцаров“ пренасочува тука.

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници што треба да се разгледуваат на разговорната страница.
За да ги видите претходните верзии, стиснете на врската историја.

Никола Вапцаров
Роден 7 декември 1909
Банско, Отоманска империја, денес Бугарија
Починал 23 јули 1942(1942-07-23) (возр. 32)
Софија, Бугарија
Занимање писател и поет

Никола Јонков Вапцаров (7 декември 1909 - 23 јули 1942) — македонски[1] писател и комунист роден во Банско, Пиринска Македонија (денес Бугарија)[2] Бил член на Сојузот на бугарските писатели. Посмртно е добитник на почесната Меѓународна награда за мир во 1952 година.

Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои твореле на други јазици, освен на македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни пѣсни“ содржи 20 песни напишани на бугарски јазик.[3] Нему му е доделено едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец и дека ништо друго не би можел да биде и покрај тоа што создавал на бугарски јазик. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.[4]

Биографија

Вапцаров е роден во Банско во Пиринска Македонија во 1909 година, во семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. Неговата мајка била учителка и со самите нејзини контакти со месното население се вклучила во ослободувањето на Македонија.[5] Вапцаров завршил основно училиште и шести клас гимназија во Разлог. Тогаш го прекинал образованието во гимназијата и се запишал во Морнарско-машинското училиште во Варна, каде се сретнал со марксистичко-ленинистички кружок и станал негов активист. Таму го објавил своето прво поетско дело - стихотворбата „Кон светли идеали“. По завршувањето на школувањето, во 1932 година, Вапцаров станал машински техничар, отпрвин на еден брод со кој патувал по северниот брег на Африка. Поради ограничената комуникација со луѓето, тој ја напуштил службата и се вработил во селото Кочериново како техничар во фабрика за хартија и мукава. Во 1933 година бил тепан од страна на функционери на ВМРО поради неговите политички дејствувања. Малку подоцна, на патот од Горна Џумаја за Кочериново бил извршен неуспешен атентат врз него, поради што Вапцаров напишал писмо до Ванчо Михајлов, прашувајќи го зашто сакаат да го убијат. Овој настан подоцна го инспирирала да ја напише стихотворбата „Песна“.

Поради тоа што како марксист-ленинист ја пропагирал идејата за класен преврат, бугарските власти почнале да го притвораат, распрашуваат и малтретираат. Освен проблемите со бугарската власт, Вапцаров добил отказ од фабриката каде работел, по што променил неколку работи и повеќе пати добивал откази. Така, тој работел како машинист во парна мелница, а потоа како ложач во локомотива. Неговите промени на работа потрајале подолго време. Со секоја акција на бугарската полиција против него, кај Вапцаров се разгорувала реакцијата против постојниот капиталистичко-фашистички систем.

Вапцаров бил противник на фашизмот и неговите политички заложби биле настроени против таа идеологија. Раководителот на пиринското партизанско движење, Никола Парапунов, го поканил да се приклучи во раководството на движењето, ценејќи ги неговите диверзантски и разузнавачки акции врз важни објекти со кои се служеле фашистите во Бугарија. Вапцаров ја прифатил поканата, но не добил дозвола од раководството на Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунисти). Вапцаров таа постапка не можел да ја разбере, па продолжил со диверзантските акции.

Во 1940 година, Вапцаров собирал потписи низ Пиринско во т.н. „Соболева акција“. Поради тоа, тој бил уапсен, осуден и интерниран во Годеч. По враќањето од Годеч (септември 1941 г.) зел учество во саботажите против германската војска, во снабдувањето со оружје, во набавката на документи и во обезбедувањето соби за илегалците. Како соработник на воената организација на Бугарската комунистичка партија, во 1942 година бил фатен од бугарските власти, заедно со Атанас Романов и Антон Попов. Во судскиот процес против ЦК БРП, Вапцаров бил осуден на смртна казна. Под притисок на своите роднини, Никола напишал молба за помилување, која гласела:[6]

„До Негово величество царот - Софија

Осуден сум на смрт со стрелање, кривичен закон дело нр 585, Софиски военополски суд. Молам пресудата да биде заменета со доживотен затвор.

Никола Иванов Вапцаров. Централен затвор”.

И покрај тоа, на 23 јули 1942, македонските писатели Никола Вапцаров и Антон Попов, заедно со четворица други бугарски комунисти, биле стрелани во дворот на една софиска касарна од страна на бугарските власти.

По промената на односот на БКП кон македонското прашање, комунистичката власт во Бугарија се обидела да го искористи талентираниот писател за зацврстување на сопствениот авторитет, при што во 1963 година бил изработен фалсификат на еден партиски протокол за божемното членство на Никола Вапцаров во партиската организација на БКП во селото Стоб.[7]

Семејството на Никола Вапцаров

Изјавите на семејството на Вапцаров за него биле во голема зависност од политичката состојба во Бугарија. Така, за време на судскиот процес, на 15 јули 1942 година, мајка му Елена напишала молба до царот Борис ІІІ со следниве зборови: „Ваше величество, младите години си ги дадов за Бугарија, залакот од устата и оној на децата го делев со сите апостоли за слободата на Бугарија .... Мојата молба е милост, милост, Ваше величество, дарувајте му го животот, преземам одговорност дека ќе се потрудам да му влијајам, дека тој ќе стане добар Бугарин“. Во две други молби до министерот за одбрана исто така се заложува дека „Тој ќе стане добар Бугарин и своите сили и способности ќе ги положи пред олтарот на својата Родина.“[8] Во очајните обиди да го спасат неговиот живот, сестра му Рајна отишла дури подалеку во својата молба до царот: „Мајка беше вистинска Бугарка и за неa родината беше најскапото нешто. Таа сакаше да ја види слободна од „Дунав до Егејот бел, и од Албанската пустина до Црноморските води“. И сега кога срцата на сите се радуваат, мојата мајка не може да се радува, оти нејзината мечта се остварила, бидејќи нејзините двајца синови се обвинети како комунисти.“[9] Неколку години подоцна, за време на културната автономија во Пиринска Македонија, при средба со македонски писатели, Елена Вапцарова изјавила: „Најпосле дочекав да се сретнам со македонски писатели, колеги на мојот Кољо. И тој со нив ќе дојдеше ако беше жив, но го убија крвниците... Некои после ослободувањето, ме прашаа - чиј поет е тој? Одговорив со неговите зборови: „Над мојата земја в небото се опира Пирин, и мурите в бури илинденски приказни пејат, над Охрид лазурот е просторен и син, а уште надолу е светлиот брег на Егејот”. Секако, поетот не може да поседува со тапија, но ако постои тоа, во тој случај тапија ќе бидат неговите стихови.“[10]

Братот на Никола, Борис, изградил успешна кариера како комунистички функционер и целосно ја следел политиката на БКП, вклучително и во однос на македонското прашање.[11] Неговите деца, Маја[12] и Никола, на ист начин го продолжиле искачувањето кон политичката елита. Нивната злоупотреба на името на Никола Вапцаров за корисни цели завршила со уништување на неговиот гроб, што предизвикало повеќемесечен скандал.[13]

Книжевна дејност

„Беседа за делото на Вапцаров“ од Блаже Ристовски (1990) (кликнете за да ја отворите и читате во целост)

Покрај основната работа за егзистенција, Вапцаров се занимавал со книжевна дејност. Тој бил еден од организаторите на „Македонскиот литратурен кружок“ во Софија. Од самите членови бил сметан за „срж“ на кружокот. Вапцаров се занимавал со поезија, пишувал критики и бил еден од организаторите на списанието „Литературен критик“. Вапцаров ги создал најзначајните стихови во периодот 1936-1942. Во 1940 година ја објавил својата прва и единствена поетска збирка, „Моторни песни“, а по паѓањето на фашизмот во Бугарија посмртно биле објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“.

Вапцаров пишувал на бугарски јазик, а подоцна, неговите дела се преведени на македонски јазик. Според Гане Тодоровски, иако Вапцаров е еден од најистакнатите претставници на бугарската поезија меѓу двете светски војни, сепак според потеклото, чувството, акцијата и содржинската означеност на својата поезија, тој бил Македонец, а македонството претставува содржинска компонента на голем дел од неговата поезија.[14]

Моторни песни

Збирката „Моторни песни“ се состои од три циклуси:

  • Првиот циклус е насловен „Песни за човекот“ и во него се обработуваат проблемите на работникот и на обичните луѓе. Тука се издвојуваат песните: „Спомен“, „Писмо“, „Песна за човекот“ и други.
  • Вториот циклус носи наслов „Песни за татковината“. Со песните во овој циклус, Вапцаров се претставува како патриот - Македонец, најмногу со песните „Земја“, „Татковина“, „Ајдутска“, „Илинденска“, „Крали Марко“, „Мајка“, „Песна“ и други.
  • Третиот циклус во збирката, насловен „Песни за една земја“, се однесува на Шпанската граѓанска војна.

Песната „Земја“

Една од најмаркантните песни на Вапцаров е песната „Земја“, покрај песната „Илинденска“. Оваа песна е дел од првиот циклус на патриотски - македонски песни и во неа, според македонските научници, Вапцаров најотворено ја изразува својата национална припадност и својата татковина, Македонија. Во песната, тојдава поетска слика за делови од својата татковина потенцирајќи ги Пирин, Охрид и Егеј. И покрај фактот што Вапцаров живеел во Бугарија, во песната го изразува чувството дека Бугарија не можел да ја чувствува за своја татковина.[15] Според бугарските научници, во оваа песна, Вапцаров не искажувал политички или етнички ставови.[16] [17] Меѓутоа, во писмото до неговата мајка, Вапцаров јасно се искажува за неговата татковина и Пирин како дел од неа.[18] [19]

Песната „Илинденска“

Во песната „Илинденска“ Вапцаров се јавува како обвинувач против оние што предвреме го кренале Илинденското востание, иако биле свесни дека не е доволно организирано, нема да успее и дека потоа би имале „морално“ право да докажуваат дека без „братската“ помош, без воената интервенција од бугарска страна, македонскиот народ не би можел да се ослободи. Според Вапцаров, сторена е „сотонска вина“ кон тој народ, но историјата ќе го каже својот суд. И самиот Гоце Делчев бил против предвременото кревање на востанието. Но, него го ликвидирале со посредство на предавници и тука веќе ништо не можело да се стори. Гласачката машина на софискиот двор се наложила. Поентата на песната е јасна: дека Македонците ја сакаат слободата, издвојувана со сопствени сили, онака како што ја замислувал Гоце Делчев; сè за слободна Македонија[20].

Реферат

Значајно место во оставнината на Вапцаров претставува и рефератот напишан за основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок. Оригинален и самокритички, тој има за цел да ги покаже вистинските патишта на постоењето и патот на писателот, на литературата која толку многу му е потребна на македонскиот народ. Постојано споменуван и уважуван како посебно значаен труд не само за Вапцаров, туку и за македонската литература воопшто, неговата целина останува долго време непозната. Прв пат мали делови и почетните реченици ги соопштува Блаже Ристовски во 1963 година, но поопширно во студија во следната 1964 година,[21] кој имал можност да ѕирне во тетратката број 33 во музејот „Никола Вапцаров“ во Софија, заведена како „Доклад от Никола Вапцаров върху Македония и задълженията на писателите-Македонци към нея, които трябва да следват революционните идеи на Гоце Делчев и Даме Груев“. За првпат рефератот бил интегрално објавен во книгата на Михаил Сматракалев „Македонскиот литературен кружок“. Поради политички причини, наскоро по неговото прво делумно објавување, рефератот бил повлечен од Архивата на Домот-музеј и до ден-денес е недостапен за истражувачите, со исклучок на тесен круг бугарски научници. Во Бугарија рефератот за првпат бил објавен дури во 1995 година[22] при што тој дал повод Вапцаров да биде прогласен за негатор на бугарскиот јазик и застапник на македонизмот.[23]

Осврт врз творештвото на Вапцаров

Во предговорот кон изборот од поезијата, македонскиот поет Гане Тодоровски го нарекува Вапцаров легенда, синоним на неразделното единство на зборот и на делото и раритетна појава без кого светската книжевност би била посиромашна, а неговото творештво претставува симбиоза на уметноста и моралот, на националното и социјалното одредување, на интернационалниот алтруизам и интимната човекова исповед. Исто така, Тодоровски го смета Вапцаров за една од најуверливите илустрации за творечките потенцијали на македонскиот народ.[24]

Чествување на 100 годишнината од раѓањето на поетот

По повод 100 годишнината од раѓањето на Никола Вапцаров, Друштвото на писателите на Македонија и Институт за македонска литература, одржало свечен собир. [25] Амбасадата на Република Бугарија во Македонија и Културно информациониот центар на Република Бугарија во Република Македонија, исто така, организирале „Вапцарова вечер“.[26]

Мисли на Никола Вапцаров

„Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“

—Никола Вапцаров, „Реферат“, 1938

„Никаде нема поубава од нашата Бугарија, мамо. А нашиот Пирин со ништо не може да се спореди.“[27][28]

—Никола Вапцаров

Галериjа

Наводи

  1. Виктор Цветаноски, „Македонците крем на бугарското општество (13“)
  2. Елена Вапцарова в писмо от 1968 г.: Родината за Вапцаров е България, 20 ноември 2009, Агенция "Фокус"
  3. Никола Йонков. "Моторни пѣсни", София, 1940
  4. Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.
  5. Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.
  6. ЦВА, ф.16, оп.ІІ, а.е.112, л.329
  7. http://www.epochtimes-bg.com/2008-03/2008-12-22_08.html
  8. ЦВА, ф. 15, оп.ІІ, а.е.112, л.297.
  9. ЦВА, ф.16, оп.ІІ, а.е.112, л.491-492.
  10. Весник „Нова Македонија“, 7 мај 1948 година.
  11. http://www.nbu.bg
  12. http://liternet.bg
  13. http://www.btv.bg
  14. Гаен Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 7.
  15. Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 157.
  16. Цвета Трифонова, „За урбанистичките фобии на Вапцаров“.
  17. Борис Данков, „Никола Вапцаров, народност - българин“
  18. Елена Вапцарова, „Спомени за моя син“, София, 1960, Издателство „Народна младеж“, стр. 121, 122 - „Никаде нема поубава од нашата Бугарија, мамо. А нашиот Пирин со ништо не може да се сравни“
  19. Пенчо Дончев, „Преди и след разстрела“, София, 1979, Издателство „Български писател“, стр. 111.
  20. Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 158.
  21. Блаже Ристовски, „Современост“, Скопје, 1964.
  22. Цвета Трифонова, Литературен форум, број 7 и 8, 1995 година
  23. одор Балкански, Никола Вапцаров, България и българите.Към проспографията на поета, Велико Търново, 1996. „Вапцаров е еден од иницијаторите за исполнување на коминтерновската порачка наречена 'македонски јазик', со што стои на почетокот на најголемата кампања, реализирана воопшто некогаш против бугарскиот јазик. Тој е меѓу најголемите негатори во историјата на бугарскиот македонизам во однос на бугарскиот јазик како својствен на македонските Бугари.“
  24. Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 5-6.
  25. Утрински весник број 3163, петок, 18 декември 2009: Вапцаров е значајно поглавје во македонската литература
  26. Вапцарова вечер Агенција „Инпрес“, 16 декември 2009.
  27. Елена Вапцарова, „Спомени за моя син“, София, 1960, Издателство „Народна младеж“, стр. 121, 122
  28. Пенчо Дончев, „Преди и след разстрела“, София, 1979, Издателство „Български писател“, стр. 111

Надворешни врски