Стандард и Пурс: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
изменета категоризација
Ред 53: Ред 53:


[[Категорија:Американски претпријатија]]
[[Категорија:Американски претпријатија]]
[[Категорија:Кредитни рејтинг агенции]]
[[Категорија:Агенции за кредитен рејтинг]]

Преработка од 14:41, 30 октомври 2018

Стандард и Пурс Финансиски Услуги ДОО
ВидПодружница на МекГро Хил Фајненшл, ДОО
ДејностФинансиски услуги
Основано1860, сегашен правен статус од 1941
ОсновачХенри Варнум Пур
Седиште,
Клучни личности
Даглас Л. Питерсон (Претседател)
Доход$2.9 милијарди САД долари (2010)
Вработени
10,000 (приближно)
Матично претпријатие
МекГро Хил Фајненшл

Стандард и Пурс (С&П) е американска компанија за финансиски услуги. Претставува подружница на компанијата МекГро Хил која објавува финансиски истражувања и анализа на акции и обврзници. Позната е по своите индекси на берзите - американскиот С&П 500, австралискиот С&П/АСХ 200, канадскиот С&П/ТСХ, италијанскиот С&П/МИБ и индискиот С&П ЦНХ Нифти. Претставува една од Големите три агенции за кредитен рејтинг (Standard & Poor's, Moody's Investor Service i Fitch Ratings.

Историја

"Директориумот на железничките службеници на Пур", 1893 (Предна страна)

Компанијата ги бележи своите почетоци во 1860, со објавувањето на Историја на Железницата и каналите во САД. Оваа книга содржела многубројни информации за финансиската и оперативната состојба на американските железнички компании. Во 1868, Хенри Варнум Пур го основал Х.В. и Х.В. Пур Ко. со неговиот син, Хенри Вилијам Пур, при што редовно објавувале две годишно ажурирани водичи, Пуров Водич за Железницата во САД и Директориумот на железничките службеници на Пур.[1][2]

Во 1906, Лутер Ли Блејк го основал Стандард Статистичко Биро, со намера да објавува финансиски информации за нежелезнички компании. Наместо годишно објавување книга, Стандард Статистикс би користел 5" x 7" картички, што би овозможило пофреквентно ажурирање на податоците.[1]

Во 1941, Пурс Паблишинг и Стандард Статистикс се споиле и станале Стандард & Пурс Корп. Во 1966, компанијата била преземена од Д` МекГро Хил Кампанис, со што МекГро Хил го проширил своето делување во областа на финансиските услуги.[1]

Кредитен рејтинг

Како кредитна-рејтинг агенција (КРА), компанијата издава кредитни рејтинзи за долгот на јавни и приватни компании, влади и други јавни ентитети. Таа е една од првите КРА која е национално признаена од страна на американската Комисија за хартии од вредност.

С&П издава како краткорочни, така и долгорочни кредитни рејтинзи.

Земји во светот според кредитен рејтинг:[3][4]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 „A History of Standard & Poor's“. Посетено на 11 February 2013.
  2. „Corporations: Standard & Unpoor“. Time magazine. October 13, 1961. Посетено на October 19, 2011.
  3. „S&P | Ratings Sovereigns Ratings List | Americas“. Standard & Poor's. Посетено на August 7, 2011.
  4. Reference for the United States: „United States of America Long-Term Rating Lowered To 'AA+' On Political Risks And Rising Debt Burden; Outlook Negative“. Standard & Poor's. Посетено на August 5, 2011.