Ерих Фром: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 6: Ред 6:


== Политичка активност ==
== Политичка активност ==
Фром бил демократски [[социјалист]] според својата [[Идеологија|идеолошка]] ориентација и бил противник како на западниот [[капитализам]] така и на источниот [[комунизам]], залагајќи се за социјализам со човечки лик. Во средината на 1950-тите станал член на Социјалистичката партија на Америка. Фром бил близок до [[марксизам|марксизмот]], но неговото толкување на марксизмот не било на линијата на [[ленинизам|ленинизмот]], туку на [[марксистички хуманизам|марксистичкиот хуманизам]]. Тој дал значителен придонес за запознавањето на западниот свет со хуманистичката димензија на учењето на [[Карл Маркс]], објавувајќи во своето дело „[[Марксовиот концепт за човекот]]“ - извадоци од раните трудови на Маркс.

Фром бил демократски социјалист според својата идеолошка ориентација и како таков се противеше како на западниот [[капитализам]] така и на источниот [[комунизам]], залагајќи се за социјализам со човечки лик. Во средината на 50-тите станал и член на Социјалистичката партија на Америка.

Фром бил близок до [[марксизам|марксизмот]], но неговото толкување на марксизмот не беше на линија на [[ленинизам|ленинизмот]], туку на линија на [[марксистички хуманизам|марксистичкиот хуманизам]]. Тој дал значителен придонес за запознавањето на западниот свет со хуманистичката димензија на учењето на [[Карл Маркс]], објавувајќи во своето дело „Марксовиот концепт за човекот“ извадоци од раните трудови на Маркс.


== Творештво ==
== Творештво ==

Преработка од 22:26, 24 октомври 2018

Erich Fromm

Ерих Фром (германски: Erich Fromm; 23 март 1900 - 18 март 1980) — германски психоаналитичар, хуманистички филозоф и демократски социјалист.

Биографија

Ерих Фром е роден на 23 март 1900 година, во Франкфурт, во семејство на ортодоксни Евреи. Оттука, уште во детството се запознал со Стариот завет и со Талмудот, а на возраст од 18 години почнал да се интересира за учењето на Карл Маркс и на Сигмунд Фројд. Во 1918 година ги започнал своите студии по право на Универзитетот во Франкфурт, но за време на летниот семестар во 1919 година се префрлил на Хајделбершкиот универзитет, каде што студирал социологија. На истиот универзитет, во 1922 година докторирал од областа на психологијата. Во 1924 година започнал да се бави со психоанализа, најпрвин во Хајделберг, а потоа и во Минхен, Франкфурт и Берлин, додека во 1926 година почнал да го проучува зен-будизмот. Во 1930 година ја завршил својата психоаналитичка обука на Психоаналитичкиот институт во Берлин, а истата година бил избран за раководител на социјално-психолошкото одделение на Институтот за социјални истражувања во Франкфурт. Во 1934 година, Фром пребегал во Женева, а потоа во Њујорк, каде се вработил на Универзитетот Колумбија. Во 1938 година го раскинал договорот со Институтот во Франкфурт, во 1943 помогнал во основањето на њујоршкиот оддел на Вашингтонската школа за психијатрија, а во 1945 и на Институтот за психијатрија, психоанализа и психологија „Вилијам Алансон“. Исто така, Фром работел на Универзитетот Јејл, на Њујоршкиот универзитет, на Колеџот „Бенингтон“ и на Државниот универзитет на Мичиген, а во 1949 година ги напуштил САД и се преселил во Мексико, каде го основал одделението за психоаналитичка обука во рамките на медицинскиот факултет при Националниот универзитет на Мексико. Фром се пензионирал во 1965 година, а во 1974 година се преселил во Муралто, Швајцарија, каде умрел на 18 март 1980 година.[1]

Политичка активност

Фром бил демократски социјалист според својата идеолошка ориентација и бил противник како на западниот капитализам така и на источниот комунизам, залагајќи се за социјализам со човечки лик. Во средината на 1950-тите станал член на Социјалистичката партија на Америка. Фром бил близок до марксизмот, но неговото толкување на марксизмот не било на линијата на ленинизмот, туку на марксистичкиот хуманизам. Тој дал значителен придонес за запознавањето на западниот свет со хуманистичката димензија на учењето на Карл Маркс, објавувајќи во своето дело „Марксовиот концепт за човекот“ - извадоци од раните трудови на Маркс.

Творештво

Ерих Фром бил исклучително плоден автор. Негови позначајни дела се:

  • „Бегство од слобода” (1941)
  • „Човек за себе” (1947)
  • „Психоанализа и религија“ (1950)
  • „Здраво општество” (1955)
  • Вештината на сакањето“ (1956)
  • „Зен-будизмот и психоанализата“ (заедно со Д.Т. Сузуки и Ричард де Мартино) (1960)
  • „Марксовиот концепт на човекот“ (1961)
  • „Отаде оковите на илузијата: мојата средба со Маркс и Фројд“ (1962)
  • „Човековото срце” (1964)
  • „Револуција на надежта“ (1968)
  • „Анатомијата на човековата деструктивност” (1973)
  • „Да се има или да се биде” (1976)

Поврзано

Надворешни врски


  1. Erih From, Umeće ljubavi. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 187-190.