Белград (Долни Дисан): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Белград, населба, храм и некропола од римското време. На 3,5-4 km западно од селото, при...
(нема разлика)

Преработка од 11:55, 24 октомври 2018

Белград, населба, храм и некропола од римското време. На 3,5-4 km западно од селото, при обработувањето на земјата се откриени фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На лозовите површини на агрокомбинатот Тиквеш од Кавадарци, парцела 25А, со длабокото орање е откриено и делумно оштетена некропола што се простира на површина долга 80-100m и широка 40m. Во средиштето на парцелата се извадени тегули од гробови на две води, како и десетина надгробни споменици се работи за гробови со кремирани покојници од I до IV век. Понастрана од нив се извадени плочи од гробови од типот Циста. Што се однесува до населбата, таа се наоѓала на малите височинки околу јужниот раб на плантажите.