Географија: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување |
Одбиена последната промена (од 213.135.168.18) и ја поврати преработката 3407292 на Тиверополник |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
|||
[[атмосфера]]та од една, и [[нприродните богатства, [[Растенија|растителниот]] и [[Животни|животинскиот]] свет на Земјата. |
|||
[[Податотека:Physical_world.jpg|thumb|333px|right|Физичка географска карта на Земјата.]] |
|||
'''Географија''' (''земјопис'', од {{Lang-grc|γεω}} „земја“ и ''γραφία'' „опишува“) — описна [[наука]] која своето внимание го насочува кон опишувањето на [[планета]]та [[Земја]]. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во [[атмосфера]]та од една, и [[население]]то (како дел од Земјата) и неговата [[Стопанство|стопанска]] дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, [[Растенија|растителниот]] и [[Животни|животинскиот]] свет на Земјата. |
|||
Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на [[трговија]]та и [[морепловство]]то, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на [[големите географски откритија]]. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како [[стара Грција|старите Грци]], [[Арап]]ите, [[Стар Рим|старите Римјани]] и други. Од последниве, најистакнати географи биле [[Птоломеј]] и [[Страбон]]. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на [[Македонија]]. |
Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на [[трговија]]та и [[морепловство]]то, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на [[големите географски откритија]]. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како [[стара Грција|старите Грци]], [[Арап]]ите, [[Стар Рим|старите Римјани]] и други. Од последниве, најистакнати географи биле [[Птоломеј]] и [[Страбон]]. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на [[Македонија]]. |
Преработка од 20:37, 5 септември 2018
Географија (земјопис, од старогрчки: γεω „земја“ и γραφία „опишува“) — описна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата.
Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како старите Грци, Арапите, старите Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија.
Во најопшта смисла, географијата се дели на општа и регионална (посебна). Навлегувајќи во различните сфери од нејзиното проучување, условило нејзина поделба на повеќе географски дисциплини, како што се:
- Физичка географија, чијшто предмет на проучување се физичките особини на Земјата (релјеф, светско море и слично)
- Палеогеографија, која го проучува геолошкото минато на планетата Земја
- Биогеографија, интердисциплинарна наука меѓу географијата и биологијата, а ја проучува разместеноста на живиот свет на Земјата
- Педогеографија, чијшто предмет на проучување е разместеноста на почвите на Земјата
- Геоекологија, која е интердисциплинарна наука на географијата и екологијата
- Картографија, или цртање на географски карти (мапи), наука која ја претставува земјината површина на географска карта или глобус
- Хумана географија, која го проучува стилот и начинот на живот на човекот во одреден регион или држава, како и неговата стопанска дејност
- Политичка географија, ја опишува политичката поделба на светот
- Економска географија, ја проучува и опишува разместеноста на природните богатства на Земјата
и други дисциплини.
Надворешни врски
Институт за географија-ПМФ Скопје
|