Научен метод: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20: Ред 20:
Како и да е, истакнувањето на основната логика е оспорено од оние што ги истакнуваат социолошките аспекти (погл. [[социологија на науката]] и [[социологија на научното знаење]]).
Како и да е, истакнувањето на основната логика е оспорено од оние што ги истакнуваат социолошките аспекти (погл. [[социологија на науката]] и [[социологија на научното знаење]]).
Научните методи се средства користени од научните заедници за изградба на основано, [[Доказ|докажано]] [[разбирање]] на нашиот природен [[свет]].
Научните методи се средства користени од научните заедници за изградба на основано, [[Доказ|докажано]] [[разбирање]] на нашиот природен [[свет]].

Постои [[контроверзија]] кај научните заедници за различните аспекти на ова разбирање.
Постои спор меѓу научните заедници за различните аспекти на ова разбирање.

== Надворешни врски ==


[[Категорија:Научен метод| ]]
[[Категорија:Научен метод| ]]

Преработка од 10:22, 11 август 2018

Научниот метод или научниот процес е од фундаментално значење за научното истражување или при стекнувањето на ново знаење базирано на физички доказ од страна на научната заедница. Научниците користат набљудувања и резонирање за да предложат пробни објаснувања за природните феномени, наречени хипотези. Според важечката претпоставка на методолошкиот материјализам, настаните што можат да се набљудуваат во природата можат да се објаснат само со природни закони, без да се претпостави постоењето или непостоењето на натприродното. Предвидувањата од овие хипотези се тестираат со различни експерименти, што треба да бидат повторливи. Важен аспект на хипотезата е дека мора да биде побивлива, со други зборови, таа мора да биде смислена така што хипотезата може да биде погрешна. Ако предлогот не е побивлив, тогаш тоа не е хипотеза, туку мислење или изјава надвор од опсегот на научното истражување.

Кога хипотезата е повеќе пати верифицирана преку експеримент, се смета дека е теорија и новите предвидувања се базираат на неа. Било какви грешни предвидувања, внатрешни противречности или празнини, или необјаснети феномени, започнуваат генерирање и размислување за поправки или алтернативни хипотези, кои исто така се тестираат, и така натаму. Било која хипотеза која е доволно убедлива за да може да се прават предвидувања, е тестирана на овој начин.

Непроверена хипотеза може доста да се користи меѓу специјалистите поради нејзината елегантност или некакво интиутивно чувство за нејзината валидност, или предвидување дека таа ќе e потврдена, иако таа не е формално прифатена сè додека убедлив експериментален доказ не биде презентиран.

Развојот на нова технологија е поврзан со развојот на знаењето според научниот метод, и може да служи како понатамошен тест за валидноста на поставените идеи и извор за нови алатки со кои се подобрува стекнувањето на знаење, преку проширување на опсегот на набљудуваното или подобрување на квалитетот на набљудувањата. Понатаму, потребата да се разбере или искористи некој природен феномен во развојот на технологијата може да мотивира научно истражување на природата на тој феномен. Видете на пример, нафта.

Вообичаено гледиште е да се земат научните методи како основна логика на научната пракса, на пр., Карл Попер. Како и да е, истакнувањето на основната логика е оспорено од оние што ги истакнуваат социолошките аспекти (погл. социологија на науката и социологија на научното знаење). Научните методи се средства користени од научните заедници за изградба на основано, докажано разбирање на нашиот природен свет.

Постои спор меѓу научните заедници за различните аспекти на ова разбирање.

Надворешни врски